Забраната за пушење и на терасите, како и зачестените инспекциски контроли од страна на државниот пазарен инспекторат, ја прели чашата на пушачите, кои што започнаа онлајн петиција со која што бараат промени во законот за забрана на пушење на цигари. Од подрачното одделение на пазарниот инспекторат во Охрид велат дека нивните инспектори доследно го спроведуваат законот за заштита од пушење и не се против измени на овој закон, доколку угостителскиот еснаф со оправдани причини тоа го побара од ресорното Министерство за здравство.
Неподнослива миризба на нафта се шири низ делови во градов. Граѓаните се жалат дека не можат да дишат и бараат да се најде од каде доаѓа. Екипи во ЈП „Нискоградба“ како и Општинскиот инспекторат излегле на терен и утврдиле дека мирис се шири од подрумот на Здружението на пензионери. Од таму признаваат дека имале проблем со котелот за нафта ама дека го санирале.
Спречена тепачка на концерт – охридските полицајци изведоа тактичка показна вежба.
Две засега непознати лица се сторители на казнено дело „измама“ извршено вчера на улицата „7 ноември“ во Охрид. Тука, околу 10 часот и 30 минути, двете лица на околу 55 годишна возраст, пресретнале повозрасен жител на Охрид и започнале разговор со него.
Facebook Messenger ќе може да се користи и ако немате Facebook профил
„Аматерските политички истапи на ОО СДСМ Охрид директно делегирани од нивниот прес центар, се добро познати на охридската јавност. Веројатно во сегашниот политички момент добиле задача нивните пресови да ги поврзуваат со името на градоначалникот Никола Бакрачески на секоја можна тематика“, стои во соопштението на Општина Охрид.
Земјотрес со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала – 1998 ноќеска го потресе Валандово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
„Бараме градоначалникот Никола Бакрачески и локалната власт во Охрид веднаш да одговорат на граѓаните на Охрид, но и на Македонија – зошто е паднато нивото на водата на Охридското Езеро“, стои во соопштението на СДСМ од Охрид.
Најпознатото онлајн место за литература во моментов, „Гудридс“ (Goodreads) штотуку ги објави победниците на овогодинешните награди за најдобри книги. Жирито за наградите се читателите. Кои книги ги оценија за најдобри годинава?
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град