Пушењето во охридските угостителски објекти под контрола

Забраната за пушење и на терасите, како и зачестените инспекциски контроли од страна на државниот пазарен инспекторат, ја прели чашата на пушачите, кои што започнаа онлајн петиција со која што бараат промени во законот за забрана на пушење на цигари. Од подрачното одделение на пазарниот инспекторат во Охрид велат дека нивните инспектори доследно го спроведуваат законот за заштита од пушење и не се против измени на овој закон, доколку угостителскиот еснаф со оправдани причини тоа го побара од ресорното Министерство за здравство.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Забрната на пушењето во угостистелските објекти и на терасите е темата што последниве деновиве се актуелизира. Откако почнаа да се заградуваат терасите со церади, се земаше за слобода секој што е надвор да пуши, но засилените контроли за пушење во угостителстките објекти во изминативе денови од страна на државен пазарен инспекторат, по се изгледа ги исплашија угостителите, но предизвикаа и револт кај пушачите. Раководителот на пазарниот инспекторат Ѓоко Бошалески вели дека забрането е пушење во угостителските објекти кои што не содржат дополнителна опрема, покриви ѕидови, фолија стакло или др.

„За да може да се пуши во таквите простории треба да биде отворен кровот или да биде отворено од три страни. Во овој период се прават такви контроли и ќе продолжат да се прават за доследно спроведување на ЗЗП има и санкционирани објекти, што не значи дека и другите кои досега не се санкционирани ако го прекршат законот ќе нема да бидат казнети. Така да апелирам до сите угостителски објекти во градов да го почитуваат ЗЗП бидејќи инспекторите ќе бидат постојано на терен“.

Бошалески укажува дека во последниов период направени биле многу контроли во кои учествувале и инспектори од други градови и досега во Охрид казнети биле 4 угостителски објекти. Сепак според мислењето на граѓаните законот не се спроведува секаде подеднакво на територијата на Македонија. Постојат цели региони во Македонија каде пушењето е преќутно дозволено. Тоа што е полошо е што постојат локали каде воопшто не се почитува Законот за заштита од пушење. Бошалески тврди дека во Охрид тоа немало случаи да се прогледува низ прсти на одредени угостители.

„Во градските кулоари може да се зборува се и сешто,што не значи дека државниот пазарен инспекторат преку своите инспектори врши селективно спроведување на законот тука сум против и верувам дека секој инспектор кој што е на терен нема да дозволи пред нивни очи со тоа да си го намали рејтингот како инспектор во тој објект да се пуши а тој да не го спроведува законот

Бошалески нагласи дека Законот за забрана на пушењето покрај Државниот пазарен инспекторат го спроведуваат МВР, УЈП, државниот инспекторат за труд. Тој појасни дека носител на законот е Министерството за здравство, а според него најрелевантно можат да го спроведува МВР, поради тоа што тие имаат 24 часовна патролна служба и имаат можат поквалитетно да делуваат не само во охрид туку и во цела Македонија. Инаку овој закон стапи на сила во октомври 2010 година. На самиот старт наиде на низа реакции и спротивставен ставови. Според него, се превидува глоба од 2000 до 4500 евра за правното лице кое го прекршува законот, и казна од 500 до 1000 евра за одговорното лице.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top