Спречена тепачка на концерт!

Спречена  тепачка на концерт – охридските полицајци изведоа тактичка показна вежба.

 |  Валентина Неловска  | 

Спречено насилно однесување на концерт. Со изведена тактичка вежба полициските сили демонстрираа како делуваат во слични ситуации. Вежбата беше изведена пред министерот за внатрешни работи, Митко Чавков. При тоа, тој истакна дека во последните 10 години МВР успеало да изгради функционални полициски сили, кои се гаранција за високо ниво на безбедност на граѓаните.
 
полиција„Јас сум задоволен од тоа што го видов и ми дава гаранција дека имаме доволно капацитет за да обезбедиме јавен ред и мир на охриѓани и на туристите кои престојуваат во Охрид“, рече министерот Чавков.

„Сведоци сте на многу акции кои МВР ги спроведува во последните денови и тоа ги потврдува нашите институционални капацитети  во тој контекст на стимулација и зајакнување на истите“ кажа Чавков. Нашето присуство ќе е перманентно додека трае туристичката сеозна и во координирани мерки и активности на превентивен  и репресивен план ќе обезбеди стабилно и безбедно опкружување за туристите да се чувствуваат безбедно, порача Чавков.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top