Јован Стојаноски, кандидатот за градоначалник на Охрид на СДСМ и коалицијата во изборната кампањa најави создавање на еднакви можности за сите граѓани. Со поддршка на граѓаните ветува подобрување на локалната економија и екологија, вработување на младите со обезбедување на владина помош за малите и средните претпријатија.
Кој сака да отвори каменолом, нека повели во Лабуништа. Оваа порака доаѓа од народните избраници од струшкото село Лабуништа, кои беа максимално револтирани од одговорот на надлежните во врска состојбата со каменоломите, дека наводно таа не била загрижувачка.
Охриѓани и стружани не знаат каков воздух дишат. Засега никој не го мери квалитетот на амбиентниот воздух. Министерството за животна средина во овие два града нема мерни станици, а не мери ни Управата за метеоролошки работи.
Градоначалникот Константин Георгиески денеска беше во увид на дел од градежните активности и инвестициите кои Општина Охрид ги реализираше за да обезбеди подобри услови за учениците.
Oстварена средба помеѓу кандидатите за градоначалници на престојните локални избори, на која беа договорени фер, демократски и легитимни избори.
Коментаторски и етикетирачки е презентирана информацијата на порталот Лидер објавена под наслов „И официјално збогум СЈО, добредојде за обвинителите под капата на Заев’’ откако Законот за Јавно обвинителство донесен во февруари годинава, стапи на сила денеска. Во информацијата ниту има официјални изјави ниту пак има експертски ставови за законското решение туку само ,,голо’’ и ,,навивачко’’ коментаторство со прашања и одговори на непотпишан автор и етикетирање на обвинителите дека работат под инструкции на екс премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев.
Охрид полека ама сигурно го враќа едрењето на спортската мапа. Денес се одржа втората едриличарската регата во организација на Јахтинг клубот Акватика на која учествуваа гости од Србија. Регатата имаше ревијален карактер а целта беше да се покажи дека Охрид има услови за едрење не само на лето туку и во другите месеци од годината.
Денес на потегот од старото пристаниште до каналот Студенчишта охридските нуркачи го чистеа дното на езерото. Целта е да се подигне јавната свест за зачувување на природните реткости како што е нашето бесценето Охридско Езеро, велат нуркачите. Тие укажаа дека најголеми загадувачи се граѓаните на Охрид, посебно во деловите каде што гравитираат населбите покрај езерото.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град