Едрењето се враќа на голема врата

Охрид полека ама сигурно го враќа едрењето на спортската мапа. Денес се одржа втората едриличарската регата  во организација на Јахтинг клубот Акватика на која учествуваа гости од Србија. Регатата имаше ревијален карактер а целта беше да се покажи дека Охрид има услови за едрење не само на лето туку и во другите месеци од годината.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Едрилиците, белиот украс на езерото денес ја разубавија неговата шир. Се одржа втората едриличарската регата во организација на Јахтинг клубот Акватика од Охрид на која учествуваа четиринаесет едрилици со трочлeн екипаж од Македонија и Србија кои се натпреваруваа во две категории.

Регатата има ревијален карактер целта е да се покажи дека Охрид има услови за едрење не само на лето туку и во другите месеци од годината, рече Стефан Ставрески од Јахтинг клубот Акватика.

Интересот за едерењето од ден на ден се повеќе расте. Бројот на едрилоци се зголемува, но проблем е тоа што градов нема марина каде тие би се укотвиле. Се апелира до локалните власти што побрзо да се направи ветената марина и таа да биде што пофункционална и да може да прими што повеќе пловила. Има голем број вљубеници во едрењето од странство кои сакаат да ги донесат своите пловила тука, но нема каде да ги сместат. Најверни гости на регатите се нашите соседи од Србија. Повеќето од нив се вљубени во Охрид и езерото и не пропуштаат можност да едрат по езерската шир.

Охрид нуди повеќе од она што ние нему му го даваме затоа се обидуваме да ги анимираме луѓето за да се врати едрењето како што тоа беше некогаш. Тешко оди, но ние сме упорни и не се предаваме. Сигурен сум дека ќе дојдат подобри времиња за овој спорт, вели Драган Чуча од Белград.

На денешната регата имаше гости и од Полска.

Нашиот тим е многу силен. Го сочинуваат млади луѓе. Се вика Форфан па ќе видиме какви ќе се резултатите на крај, вели еден од едриличарите кои се од Полска.

Стартот и целта на регатата беше на Градското пристаниште, а едрилиците продефилираа по плажите Парк и Куба Либре. Се очекува доколку се поволни временските услови да се одржи уште една регата во месец ноември.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top