Лабуништани загрозени од каменоломите

Кој сака да отвори каменолом, нека повели во Лабуништа. Оваа порака доаѓа од народните избраници од струшкото село Лабуништа, кои беа максимално револтирани од одговорот на надлежните во врска состојбата со каменоломите, дека наводно таа не била загрижувачка.

 |  Николоска Биљана  | 
kamenolom
каменолом

Проблемот со каменоломите во струшко Лабуништа наместо да се реши, дополнително се комплицира. Денес народните избраници од оваа месност на 41 та седница на струшкиот совет реагираа до надлежните, да ги преиспитаат уште еднаш нивните барања во врска издавањето на плус 3 нови концесии за каменоломи. Абдула Ќазимоски советникот на Нова демократија од Лабуништа, вели дека извештаите од инспекторите кои направиле увид биле лажни.

labunista„Инспекторите од Министерството за екологија дојдоа ми дадоа записник и лично се потпишав на записникот каде беа констатирани неправбилности во работата на концесионерот „Ми Транс“. Е сега јас лично бев импресиониран од образложението зошто тие добиле дозвола, зошто тие не ги кршеле нити еден од правилниците односно не правеле штета врз животната средина“.

„Нашиот народ по природа е палшлив, неодлучен и мирен, но ние мора да го алармираме дека состојбата со каменоломите во селото загрижува“, емотивно настапи Мирсад Мемишоски, советникот на ПЕИ. Додаде доколку е неопходно тие, ќе го повикаат народот на граѓанска непослушност во рамките на демократските законски норми. „Но овој пат вистински ќе работиме, ќе ги повикаме сите интелектуалци, еснафи, верски лица, да дадат свој придонес, да го тргнеме партискиот предзнак и во името на Лабуништа и  на идните генерации да им обезбедиме услови за живот. Овде имаме класично кршење на законот“, вели Мемишоски.

Kаменололомите претставуваат опасност по животот и здравјето на мештаните од Лабуништа, тврди  Мемишоски. Додава дека никој не знае на колку години е договорена концесијата, сигурно не е три или пет години, можеби е 30, со услов за продолжување. Тој побара од надлежните да добијат и тие увид во состојбите, што се се случува таму, за да можат правдата да ја бараат низ институциите на системот. Мемишоски потенцира дека не треба да се занемари податокот дека од другата страна од крастата каде што се врши ископот има населени куќи.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top