Охриѓани и стружани не знаат каков воздух дишат

 Охриѓани и стружани не знаат каков воздух дишат. Засега никој не го мери квалитетот на амбиентниот  воздух. Министерството за животна средина во овие два града нема мерни станици, а не мери  ни Управата за метеоролошки работи.

 |  Валентина Неловска  | 

Охриѓани и стружани немаат сознанија од релевантните институции каков воздух дишат. ТВМ се обиде да ги контактира институциите на државата дали се грижат доволно каков е квалитетот на воздухот за кој треба да се погрижат со мерки за избегнување, спречување или намалување на штетните ефекти од загадувањето на амбиентниот воздух врз човековото здравје. Граѓаните од двата соседни града , посебно стружани кои цело лето дишеа чад од запалената дива депонија, не знаат ,а по се изгледа уште долго нема да знаат колку е загаден воздухот што го дишат.

Министерството за животна средина и просторно планирање нема мониторинг врз квалитетот на амбиенталниот воздух во овие две општини, информира Анета Стефаноска раководител на одделенито за мониторинг на воздухот при ресорното министерство. Стефаноска кажува дека се поставени 17 фиксни мониторинг системи на територијата на РМ и со тоа тие ја исполниле минималната покриеност на мерни места согласно националниот закон и европската директива. Најавува дека во иднина ќе поставуваат мерни ситеми во овие две општини, но не знае кога.

„Зошто не се опфатени Охрид и Струга? Со студијата подржана од 1998 година од јапонската влада дадени се насоки во кој градови треба да се опфатат со фиксни мониторинг места и да се постават мерните станици. Во моментов Министерството изврши набавка на мониторинг станица и согласно планот овие општини ќе бидат опфатени со мобилна мониторинг систем во наредниот период“, појаснува Стефаноска.

Стефансока кажува дека покрај нивното министерство согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух покрај државните институции како што е УХМР, и општините може да поставуваат мерни станици.

„ Во моментов УХМР не вршат мониторинг. Согласно законот за амбиентален воздух може да воспостават локален мониторинг и општините доколу сакаат да постават станици и да се утврди квалитетот на воздухот во општините“, вели Стефаноска.

ТВМ ја контактираше УХМР од каде што информираат дека не вршат мерења во овие две општини и немаат законска обврска тоа да го следат. Стефаноска од Министерството за животна средина ги посочува и центрите за јавно здравје за кои вели дека некои од нив вршат мерења. Но, од охридскиот Центар за јавно здравје освен аероседиментно загадување на воздухот до нив немаат други информации. Директорот на охридскиот ЦЈЗ е служебно отсутен за да ги коментира надлежностите на нивната институција во следење на квалитетот на надворешниот воздух во долниот дел на тропосферата прикажан преку степенот на загаденост.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top