Локалната самоуправа распиша конкурс за избор на идејно решение за реконструкција на плоштадот Чинар. Во проектната програма се наведени и барања кои треба да се исполната при реконструкцијата. Охриѓани бараат одстранување на сегашната фонтана на малиот плоштад.
Предновогодишните забави се во полн ек, а финишираат подготовките и за новогодишната прослава на градскиот плоштад. Од СВР Охрид информираат дека тие се подготвени во однос на безбедноста при прославувањето на новогодишната ноќ. Упатија апел и до угостителските работници строго да се придржуваат до законските одредби и во најлудата ноќ.
Охриѓани купуваат безбедна храна. Во пресрет на Велигденските празници засега се продаваат безбедни јајца и прехранбени бои за бојадисување. Досега до инспекторите за храна и ветерина за охридско струшкиот регион нема пристигната ниедна претставка за продажба на производи со сомнителен квалитет.
На денешен ден во далечната 1969 година охриѓанката Атина Бојаџи го преплива каналот Ла Манш.
Осветлен пристапниот пат до хотел Далјан во Охрид. После 43 годишна битка на неколку менаџерски тимови на овој хотел, конечно градската власт постави улично осветлувње на овој потег кој е од голема важност за лицата со посебни потреби. Но сепак на Локалната самоуправа во тој дел и остануваат уште неколку горливи проблеми кои тrеба да ги реши како дивите депонии и свлечиштето на пристапниот пат.
Триесетмина охриѓани поднесле претставки до општинскиот Државен пазарен инспекторат. Најбројни биле поплаките за купена неисправна бела техника и телефонски апарати, а се рекламираат и облека и обувки. Во споредба со соседните општини охриѓани вложиле најмногу претставки, а тоа се должи на нивната информираност за Законот за потрошувачи, велат од Државниот пазарен инспекторат.
Дизајнерот Ralph Lauren отстапува од местото извршен директор
Охридската туристичка агенција „Елида Турс“ се стекна со сертификат Коректна Фирма. Клиентите добиваат важна информација за работата на една комапнија која се стекнува со овој сертификат дека станува збор за сигурна и веродостојна компанија. За Елода турс овој сертификат кој на европскиот пазар постои шест години, ќе биде мотив за понатамошна успешна работа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град