• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Триесетмина охриѓани поднесле претставки до општинскиот Државен пазарен инспекторат

Триесетмина охриѓани поднесле претставки до општинскиот Државен пазарен инспекторат

Триесетмина охриѓани поднесле претставки до општинскиот Државен пазарен инспекторат. Најбројни биле поплаките за купена неисправна бела техника и телефонски апарати, а се рекламираат и  облека и обувки. Во споредба со соседните општини охриѓани вложиле најмногу претставки, а тоа се должи на нивната информираност за Законот за потрошувачи, велат од Државниот пазарен инспекторат.

 |  Валентина Неловска  | 

За три месеци од почетокот на годината до Државниот пазарен инспекторат пристигнале 29 претставки од граѓани. Во најголем дел од преставките е постапуванo и се решение, напоменува Цветко Ристески овластен потписник во одделението на Државниот пазарен инспекторат.

„ Поплаките во поглед на на продадените производи за несодветен квалитет во најголем број во 90 посто се однесуваат на производи од бела техника и телефонски апарати. За волја на вистината има и дел од претсвките кои се неосновани. Граѓаните се пожалиле незнајеќи ги своите права, но ние како служба ќе отцениме дали потрошувачот имал или немал право. Има во многу мал процент потрошувачи кои не се во право“ , напоменува Ристески.

Се рекламираат и услугите од мобилните оператори како и купени облека и обувки. Во трговијата се менува правилото купената роба не се враќа , вели Ристески и се почитува Законот за заштита на потрошувачите. Охриѓани се добро информирани за своите потрошувачки права. За разлика од жителите во соседните општини во пракса го користат законското право за замена или сервисирање на купениот производ.

„ Може да констатираме дека во општина Охрид и Дебрца граѓаните се повеќе информирани и ги остваруваат своите законски права споредено со соседните општини во Струга, Ресен , Битола каде што во поддрчаните одделенија на пазарниот инспекторат има многу помалку претставки од граѓаните за разлика од општина Охрид“, посочува Ристески.

Во првиот квартал од годинава во споредба со истиот период минатата година до подрачното одделението на Државниот пазарен инспекторат пристигнале ист број приговори 29. Во текот на изминатата година било постапувано по 129 приговори, а биле решавани во законскиот рок од 15 дена.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top