Осветлен пристапниот пат до хотел Далјан

Осветлен пристапниот пат до хотел Далјан во Охрид. После 43 годишна битка на неколку менаџерски тимови на овој хотел, конечно градската власт постави улично осветлувње на овој потег кој е од голема важност за лицата со посебни потреби. Но сепак на Локалната самоуправа во тој дел и остануваат уште неколку горливи проблеми кои тrеба да ги реши како дивите депонии и свлечиштето на пристапниот пат.

 |  Николоска Биљана  | 

Одмаралиштето за лицата со посебни потреби, хотел Далјан, Охрид се подготвува за престојната сезона. Локалитетот на хотелот, на влезот во градот, сеуште важи за едно од ретките места на охридското крајбрежје каде што природата е недопрена, но за жал на неколку места нагрдена од човечкиот фактор. Менаџерот на хотелот, Славица Стефаноска вели дека и годинава се сретнуваат со старите наталожени проблеми, но открива дека сепак новата градска власт направила исчекор во решавање на еден од горливите проблеми.

Осветлувањето на пристапниот пат до хотел Далјан е конечно решено, дури и не ми се верува бидејќи јас сум во Далјан 10 години, значи десетгодишна моја борба но и на оние пред мене, значи од 1975 година во 2018 добивме светло што многиу значи за нас. Останува проблемот со депониите на пристапниот пат, никако да се промени свеста на населението од околината дека ова е прекрасно парче природа, дека овде живееме од туризам а туризам и депонии не одат заедно

Стефаноска очекува дека Локалната самоуправа ќе се справи и со несовесните граѓани. Таа смета дека можеби казнената политика е едниствениот начин кој треба конечно да се примени со цел да се надмине проблемот со дивите депонии. Стефаноска со доза на оптимизам гледа и во решавањето на проблемот со свлечиштето, кое за жал две години претставува сериозен проблем од безбедносен аспект.

Сега реката повторно со топењето на снеговите многу е надојдена и откако ќе се повлечи реката ќе видиме дали има оставено некое ново свлечиште или има ново поткопување на паркингот. Тоа ќе го видиме откако ќе се спушти нивото на реката. Се надевам дека Локланата ќе има разбирање и овој проблем ќе се реши бидејќи не е само естествен проблем претставува и безбедносен проблем за одвивање на сообраќајот и пешачкиот, а секако и за колите бидејќи доаѓа сезоната“

Секоја година пред почетокот на сезоната во хотел Далјан се реновира по нешто, а во моментов се средуваат парковите. Тоа го прават вработените во хотелот, од кои половина се лица со посебни потреби. Стефаноска на помош го повикува ЈП Охридски Комуналец со својата механизација и стручни лица да учестувува во уредување на овој простор, бидејќи и од овој дел од градот има своја туристичка приказна.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top