Post Views: 4
Нова атракција за жителите на Општина Вевчани, но и за гостите кои го посетуваат ова прекрасно место е познатото Фиќо, кое што е офарбано во лилава боја, украсено со цвеќиња и поставено пред еден од локалните кафичи. Деновиве сите посетители се фотографирааат со Фиќото, а до нашата редакција пристигна слика за рубриката „Ти си твојот град“.
Post Views: 1
„До кога ќе продолжи несовесноста на граѓаните и до кога ќе депонираат отпад каде што ќе им текне?!“-прашува Охриѓанец кој ни ги испрати сликите.
Еве ја и снимката https://youtu.be/mEkcCv1JcP0
Post Views: 8
Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од улица која се наоѓа позади „Отпадот“ во селото Велгошти, а на нив може да видиме дека улицата е раскопана и во лоша состојба. Жителите од ова место кои сакаа да останат анонимни апелираат до надлежите што поскоро да го решат нивниот проблем. Ова е нивниот коментар :
На патот позади отпадот во с.Велгошти ЈП „Водовод“ Охрид, во текот на изборната кампања за локалните избори, започна со копање на патот дека наводно ќе ја заменуваат водоводната инсталација и после тоа нов асвалт. Изборите завршија патот така...
Post Views: 3
Секојдневно до нашата редакција пристигнуваат фотографии во склоп на проектот „Ти си твојот град“, од убави моменти, до лоши практики. Она што денес ни пристигна е една доста лоша слика за нашиот град кој важи за еден од најпознатите туристички центри на Балканот и пошироко. Наш сограѓанин кој ги испрати сликите, остави и коментар кој гласи:
–До ОМУ Методи Патче на бул Туристичка “змијарник “. Општина може да издаде налог на комуналното претпријатие да се искоси тревата и трњата и ако е приватен имот да му се фактурира на господинот.
Во продолжение...
Post Views: 4
На една од самонаречените „елитни плажи“ во Охрид, оставена полна корпа со ѓубре во екот на туристичката сезона. До нашата редакција денес пристигнаа слики од наш сограѓан со коментар:
-Направиле плажа, средиле со лежалки и маси, а корпата со ѓубре не можат да ја исчистат. Сликите се од сабајлево, кога уште нема луѓе. Значи ѓубрето стои од вчера или завчера.
Post Views: 3
Наш сограѓанин ни испрати фотографии од населба Охридати со коментар:
-Охридати елитна населба без урбанистичка платформа. По три децении сеуште ги нема елитните еко котчиња. Наместо нив гледаме несредени дворни површини делови кои се гушат во отпад и нечистотија и напукнати улички по кои секој ден минуваат автомобили и се движат жителите на урбаната населба Охридати. По фотографиите што ги направивме полни раце работа за надлежните служби кои треба навистина да се погрижат овој елитен кварт непосредно крај Охридското Езеро да го добие вистинскиот лик убавина за сите...
Post Views: 3
Дали просторот кај детското игралиште во населбата Гоце Делчев, станува мини депонија?!-прашува наш сограѓанин кој ни испрати слики во склоп на проектот „Ти си твојот град“.
Несовесни граѓани покрај депонирање комунален отпад, веќе започнаа да оставаат и делови од покуќнина.
Post Views: 3
Добивме слики од наш сограѓанин кој реагира на начинот на изведба на доводот за вода и струја до типизираните куќички на охридскиот кеј. Неговиот коментар е за импровизацијата која е направена, искршените ивичници, како и исечениот асфалт. Не можеше ли да се смисли покултурно и пестетски поиздржано решение?!
Post Views: 14
Во склоп на проектот „Ти си твојот град“ до нашата редакција пристигна прекрасна фотографија од центарот на Охрид. Под фотографијата нашиот сограѓанин напиша „Александар Охридски“…
Да потсетиме, сите оние лица кои испраќаат фотографии или видеа за „Ти си твојот град“ стануваат потенцијални добитници на подарок или ваучер од нашите пријатели.
Сликај, сними, испрати на нашиот меил tisitvojotgrad@tvm.com или прати ни во порака на страниците на ТВМ Телевизија на фејсбук или инстаграм. Откако вашата фотографија ќе биде објавена со текст на нашиот веб-сајт, линкот...
Post Views: 10
Секојдневно во рубриката „Ти си твојот град“ наши сограѓани испраќаат слики преку кои реагираат на проблеми во нивното место на живеење. Денес ни пристигнаа слики од Соња Стојкоска, а ова е нејзиниот коментар:
Ова се фотографии од пред станот на моите родители кои живеат на ул. Карпош Војвода. Улицата е поплавена. Под надлежност е овој дел на градов? – напиша Соња Стојкоска во опис на фотографиите.
Post Views: 7
Спортско игралиште кое се наоѓа во областа на Билјанини извори е расфрлано со отпад од несовесни лица. Наша сограѓанка која го забележала ова, ни испрати фотографија и вели:
-Деца секој ден тренираат преку ден, а навечер други деца оставаат ѓубре. Нема многу канти, но има две кои не се користат туку се расфрла ѓубрето насекаде. Има каде, но нема основна култура !