Post Views: 4
Филип Гавриловски е млад виртуоз на хармоника. Тој е еден од ретките во Македонија кој е наградуван со многу меѓународни признанија за неговото свирење на овој тежок и сложен музички инструмент. Филип свири од својата деветта година. Своите почетоци ги направил во нижото музичко училиште „Методиј Патчев“ под менторство на наставникот Наумче Џуклевски. Филип вели дека многу ја сака хармониката и доколку не се отворел ваков отсек во ова училиште можеби немало воопшто да се запиши на некој друг инструмент. Тој секој ден вежба најмалку по три часа класични дела компонирани...
Post Views: 0
Основното училиште Братство Единство доби Англиско катче. Тоа официцијално започна со работа денеска, а истото е наменето за учениците од матичното училиште, но и за дечињата од останатите училишта во Охрид. Учениците веќе го посетиле и се радуваат што токму таму многу повеќе ќе го научат англискиот јазик.
Англиското катче е замислено како центар или библиотека која учениците би ја користеле помеѓу часовите, но и како училница за време на часовите. Наменета е за сите основци кои имаат желба да читаат англиска литература.
„Проектот го работевме долго време. Идејата...
Post Views: 4
Осмооделенците Бојан Робески и Ристески Дарко, се можеби идните средношколци кои своето образование ќе го продолжат во Средното општинско училиште „Ванчо Питошески“. И двајцата задоволни од условите кои се нудат во ова училиште, а со кои се запознаа на денешната презентација организирана за сите осмооделенци во просториите на самото средно стручно училиште.
„Ова е прво училиште кое ние сме го посетиле, досега доаѓаа презентери од другите средни училишта од градов и ни презентираа. Внимание ми привлекоа практичните настави, бидејќи јас го обожавам готварството, мислам...
Post Views: 0
И основните и средните училишта од Охрид одлично се покажаа. Овие смотри секоја година се одржуваат во рамките на основното училиште „Христо Узунов“.
Учествуваа 16 хорови и 11 оркестри од основните и средните училишта од Охрид, Струга и Кичево.
Првото место кај средните училишта убедливо го освои младинскиот мешан хор при ОСУ „Свети Климент Охридски“, додека кај основните првото место им припадна на хористите од основното училиште „Христо Узунов“, а со прво место, но во категоријата оркестри се закити оркестарот од ОУ „Свети Климент Охридски“-Охрид.
Двата прво пласирани...
Post Views: 2
Концертот за кој учениците се подготвувале месец и половина е организиран од седмооделенците, а наменет за нивните соученици полуматурантите.
„ Уште не е дефинирано, каде ќе одат парите, најпрво сакавме тие да бидат за децата кои ќе одат на екскурзија, а немаат пари, но се намалува бројот и повеќе не сакаат да одат, а другите пари ќе одат кај болно девојче од училиштето. Всушност каде ќе одат парите ќе одлучиме кога ќе се собарат а се зависи од тоа колку ќе собереме“, вели Ивана Мирчевска – ученик ООУ Кочо Рацин.
Учениците уште кога ја кажале идејата и желбата за хуманиратниот...
Post Views: 10
Денес во просториите на образовниот центар „Пи-си“ се одржа вториот циклус од натпреварите „Топ 10 Избор на најдобар ученик на градот Охрид“, за учебната 2011/2012 година. Електронските тестирања за избор на најдобрите десет ученици, се спроведоа по наставните предмети македонски јазик, англиски и математика. Учениците задоволни од тестовите и времето кое им беше дадено за решавање.
Годинава се натпреваруваа 125 натпреварувачи, ученици од 5-то до 8-мо одделение од шест основни училишта од Охрид. Училиштата ги избираат најдобрите ученици, додека од Лајонс клубот „Охрид“...
Post Views: 13
Готвачите од угостителското училиште се вратија без медлја, но со многу искуства од меѓународен гастро натпревар. Гоце Савески, ученик по готварство во 3 година, е дел од тимот на млади готвачи од СОУ „Ванчо Питошески“ кои учествуваа на меѓународен гастро натпревар на Брач, Хрватска. Учениците по готварство Гоце, Александра, Момир и Бесард ги покажаа своите вештини во три категории на подготвување на храна. Готвачите имале зададени обврски даподготват топло предјадење од анасон, главно јадење од риба и крем десерт. Савески ги споделува впечатоците и задоволството од...
Post Views: 6
Во охридските училишта опаѓа бројот на евидентирани насилни однесувања. Во образовните институции се поретки се тепачките и расправиите помеѓу учениците. Мирната работна и училишна атмосфера е карактеристична и за ОСУ „Св. Климент Охридски“.
Директорот на оваа образовна институција, Наум Рилкоски, вели дека за високиот степен на безбедност свој придонес има соработката со полицијата и ангажманот на агенциите за лично обезбедување, кое го обезбедува општината. Охридските училишта може да се пример како да се спречи и превенира насилството во останатите школи во земјава,...
Post Views: 0
Во општинското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“, во кое учат 450 ученици, нема психолошка служба. Во ова училиште никогаш не бил вработен педагог, а тоа не е решено ни со воведувањето на задолжителните педагошки служби, кои треба да се составени од стручни тимови, во сите основни и средни училишта. Засега улогата на педагог ја извршува професор по психологија, вели директорот на училиштето Секула Баткоски. „Засега е одржан еден совет со родители чии деца имале проблематично однесување или имале слаби оценки по повеќе од три предмети, а закажан е и состанок...
Post Views: 2
Весна Терзиоска, педагог во основните училишта во Велгошти и Лескоец, по се изгледа ќе биде новиот директор во Основното училиште „Христо Узунов“. Таа е една од двете кандидатки кои имаат конкурирано за ова престижно место. Втората кандидатка е Дијана Јулоска, педагог во Основното училиште во Белчишта, Општина Дебрца. Иако на големо се зборуваше дека поранешните директори на основните училишта „Христо Узунов“ и „Григор Прличев“ дадоа оставки на само два месеци од истекувањето на нивниот втор мандат со цел истите повторно да бидат поставени на челната позиција на овие...
Post Views: 6
5.080.000 денари општински пари се одвоени само за средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Од оваа сума, 980.000 денари се предвидени за изградба на ново спортско игралиште откако минатата година по судски пат им беше одземен дел од старото.
„Точно е дека дел од игралиштето во средното училиште „Ванчо Питошески“ е одземен односно сопствениците си го повратија имотот кој беше нивни, бидејќи игралиштето некогаш порано било асфалтирано, луѓето си го повратија имотот и во програмата гледате дека ние сакаме да го санираме тој дел односно ќе комплетираме едно игралиште...
Post Views: 1
До редакцијата на ТВМ пристигна допис од загрижен родител, во кој тој прашува: Зошто уште се чека промена на стариот директор во охридското училиште Христо Узунов, кога законскиот рок е веќе одамна пробиен? Го запрашавме Серафим Наумовски од секторот за образование при Општина Охрид, кој објасни дека мандатот на назначениот В.Д директор сеуште трае.
„В.Д директорот има право да ја извршува функцијата во период од 6 месеци, нема никакво отстапување и мислиме дека изборот на директор во основното училиште ќе биде благовремено одржан и ќе ги запазиме сите рокови“ вели Наумовски.
Наумовски...