Признаени во светот, но неподдржани од државата

Млад охридски хармоникаш жнее успеси на сите меѓународни натпревари

 |  Јаковлева Лионела  | 
filip
филип

FilipФилип Гавриловски е млад виртуоз на хармоника. Тој е еден од ретките во Македонија кој е наградуван со многу меѓународни признанија за неговото свирење на овој тежок и сложен музички инструмент. Филип свири од својата деветта година. Своите почетоци ги направил во нижото музичко училиште „Методиј Патчев“ под менторство на наставникот Наумче Џуклевски. Филип вели дека многу ја сака хармониката и доколку не се отворел ваков отсек во ова училиште можеби немало воопшто да се запиши на некој друг инструмент. Тој секој ден вежба најмалку по три часа класични дела компонирани за хармоника, а најмногу сака да го свири Бах. Филип вели дека додека неговите другари играат фудбал тој вежба. Тоа е жртвата која мора да ја направи за да постигне резултати.

Жртва не прави само Филип туку и неговите родители. Тие несебично го подржуваат и морално и финансиски.

semejstvoНеговиот татко Драги вели дека оваа професија е многу скапа. Само една хармоника чини од 8 до 10 000 евра, а без квалитетен инструмент нема успех, објаснува тој. Моментално Филип свири на половна, но доста квалитетна хармоника која чинела 5000 евра. Исто така мора да се учествува и на меѓународни натпревари за да се види до кое ниво е стигнат музичарот, колку има научено и дали се движи во вистинскиот правец. Гаврилоски потенцира дека голем проблем во ова време на економска криза се финансиите. Најголемиот дел од трошоците паѓаат на нивниот грб, помагаат и бабите и дедовците , аво неколку наврати излегло во пресрет и музичкото училиште и Локалната.

Гаврилоски вели дека во тешките моменти кога треба да се оди на некој натпревар , а се немаат пари за тоа му поминува низ главата Филип да се откаже од натпреварот, но веднаш потоа ја отфрла оваа мисла и бара начин како да се најдат финансиски средства. Филип не знае за ваквите размислувања на неговите родители. Тие велат -Тој мора да биде растеретен од психички притисок и да мисли само на музиката. Неговиот татко објаснува дека како држава многу заостануваме кога е во прашање подршката на талентираните музичари иако тие се одлични репрезенти и на државата и на градот.

natprevari

Инаку, Филип има учествувано на многу натпревари како државни така и меѓународни. Од сите тие се враќа со освоени награди. Најдраго му е првото место на меѓународниот натпревар во Сараево кој е рангиран како најјак во Европа по бројот на учесници. Годинава од 250 хармоникаши од 16 држави во светот Филип за Македонија го освои највисокото место.
Пред него е долга и успешна кариера. Од наесен ќе се запише во средното музичко училиште во Скопје, а и понатаму ќе продолжи по патот на музиката. Филип вели дека хармониката е неговиот живот и еден ден би сакал сите свои знаења да им ги пренесе на младите генерации кои ќе имаат желба и талент да свират на овој инструмент.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top