Хуманитарен концерт „Од деца за деца“

Хуманитарен концерт во ООУ Кочо Рацин.

 |  Маленкова Татјана  | 
karti humanitaren koncert
карти хуманитарен концерт

Концертот за кој учениците се подготвувале месец и половина е организиран од седмооделенците, а наменет за нивните соученици полуматурантите.  

„ Уште не е дефинирано, каде ќе одат парите, најпрво сакавме тие да бидат за децата кои ќе одат на deca humanitarci екскурзија, а немаат пари, но се намалува бројот и повеќе не сакаат да одат, а другите пари ќе одат кај болно девојче од училиштето. Всушност каде ќе одат парите ќе одлучиме кога ќе се собарат а се зависи од тоа колку ќе собереме“, вели Ивана Мирчевска – ученик ООУ Кочо Рацин.

Учениците уште кога ја кажале идејата и желбата за хуманиратниот концерт, веднаш добиле потполна подршка од наставниот кадар и раководсвото на училиштето.

„Најпрво почнавме со тоа кој деца ќе учествуваат и како, а подоцна разговаравме со целото училиште и дали би сакале да бидат вклучени и сите ученици. Сите средства кои ќе ги собереме ќе бидат за хуманитарни цели. Направивме програма како ќе изгледа се и почнавме со подготовки  сите не подржаа, а најмногу наставниците и сите останати во училиштето“, вели Антонела Трајкоска,

Ова не е прва хуманитарна акција во ООУ Кочо Рацин, но е прва која е организирана од ученици за ученици.
deca humanitarci
„Нашата акција е комплетно хуманитарна. Имавме награден конкурс за ликовни творби. Темата беше пролет учествуваше целото училиште, а ние одбравме три награди. Првата награда и е доделена на Ивона Глигуроска, втората на Елена Адамова и третата Дијана Нанова. За наградите одлучивме ние но со помош и од наставникот по ликовно образование, вели ученичката Ивана.

Иако концеротот е вечерва, сепак се чини дека истиот ќе биде успешен. Досега се продадени сите 400 тини карти и само од оваа продажба се собрани 12000 денари. Доколку се земе во предвид дека има родители кои влез ќе платат на врата, но и дека ќе има сад во кој секој од посетителите ќе може да донира колку што може и сака, се чини дека хуманитарната акција ќе биде повеќе од успешна.  

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top