Ознака: патишта

taksi

Таксистите ќе водат список на патници од еден дo друг град

Post Views: 4 Доколку сакате да патувате со такси превоз од Охрид до Струга, Битола, Скопје или било кој друг град во земејава задолжително треба со  име и презиме да бидете евидентирани во дневникот на патници кој треба да го поседува секој лиценциран авто таски превозник. Тоа го предвидуваат најновите измени во Законот за патен сообраќај во делот на вршење авто такси превоз. Таксистите не сакаа јавно да коментираат како овие измени би се рефлектурале врз нивната работа, но, од една страна сметаат дека оваа законска одредба ќе донесе повеќе проблеми во авто такси превозот а од друга...

Continue reading

ostetena guma

Внимавајте на дупките, ќе останете без гуми

Post Views: 6 Огромна дупка на патот од Крушје накај Ресен  му го оштети возилото на нашиот сограѓанин Златко Ангелески. Синоќа околу 18 часот тој сакајќи да избегне голема дупка налетал на друга која му го уништила предното тркало од неговиот автомобил и бил спречен да го продолжи своето патување. Ангелески раскажува дека често го минувал тој патен правец и дупките му биле добро познати па затоа таму возел претпазливо и со прилагодена брзина со условите на патот. „На патот имаше огромни дупки некаде беа дијаметар  од 1 метар и 30 со метар и 80 должина и 13-15 см длабочина кои ги...

Continue reading

brza pomos

Итната медицинска служба со полни раце работа

Post Views: 1 Итната медицинска служба бележи зголемен број повици од хронично болни пациенти и срцево болните, но не и пациенти со повреди и скршеници. Очекуваат бројот на пациенти да се зголеми деновиве поради мразот на улиците. Од друга страна, непроодните патиштата им претставуваат голем проблем на екипите на брзата помош. Тешко се пробиваат на одредени локации во градов како и до селата за да интервенираат во итни случаи, како што нагласи раководителот на службата д-р Александар Стојаноски. „Во овие временски услови бројот на интервенции е нешто зголемен не така драстично меѓутоа...

Continue reading

Еве што кријат производителите на автомобили

Post Views: 0 Интерсни резултати покажало новото истражување кое го спровело меѓународниот совет за чист транспорт (ICCT). “Сите податоци потврдуваат дека континуирано расте јазот помеѓу податоците за потрошувачката на гориво која ја даваат производителите и вистинската потрошувачка”, рекол лидерот на европската филијала на ICCT за германскиот весник Der Spiegel. ICCT анализирал податоци, користејќи ги водечките европски портали, на повеќе од 500.000 возила кои се движат по европските патишта. Анализата на податоците на популарната германска страница spritmonitor.de покажала дека...

Continue reading

лого

Густа магла на планинскот превој Стража

Post Views: 4 Авто- мото сојузот на Македонија информира дека на планинскиот превој Стража има појава на магла и дека видливоста е до 100 метри. Магла има и на патниот правец кон Крушево каде видливоста е до 50 метри, додека на патните правци кои водат кон Маврово видливоста е до 40 м. Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. {loadposition content9}

Continue reading

Состојбата со патиштата е очајно лоша

Post Views: 1 Лошата состојба на улиците и крпениот асвалт на локалните и регионалните патишта, им создава дополнителни проблеми на возачите. Тампон материјалот законски е недопустлив за полнење на ударните дупки.   Крпениот живот на улиците во општина Охрид, неуспешен. Иако надлежните се обидоа да ги санираат, ударни дупки наѕираат на секоја улица. Ги има и на локалните и на регионалните патишта. „Македонија Пат“ подружница Охрид која е задолжена за одржување на регионалните и магистралните патишта се правда дека ниските температури и неповолните временски услови се виновни за...

Continue reading

pat

Трагична состојба на регионалните патишта

Post Views: 1 „Дупка до дупка. Жалосно за патот. Ударните дупки во Струга кошмар за учесниците во сообраќајот, посебно за возачите. Нема ден без да се оштети некое возило. Страдаат гуми, бандаши, амортизери, крила и предници на возила. Секој месец возилата ги носиме на сервис и центрирање на гумите. Ова е неиздржливо и нема каде да се обратиме, години наназад никој нема слух за нас“. Ова се само дел од изјавите на граѓаните кои секојдневно ја минуваат оваа релација. Мештаните на струшкото село Враништа посебно се засегнати од овој проблем. Тие сметаат дека време е да се направи нешто...

Continue reading

пат

Патниот правец кон Корита на Галичица оваа зима ќе се чисти од снег

Post Views: 5 Институциите во Охрид подготвени за одржување на градските и приградските улици, како и  магистралните и регионалните патишта да се безбедни во претстојната зима. Ова беше  истакнато на денешниот координативен  состанок за поголема безбедност на сообраќајот во зимски услови. Локалната самоуправа, јавното претпријатие Комуналец, сообраќајната полиција, јавното претпријатие Македонија пат се подготвени  координирано да делуваат во зимски услови на охридските улици и магистрални патни правци. Охриѓани може да се задоволни,  „Македонија пат“ секција Охрид, ќе го одржува...

Continue reading

пуштање во употреба пат

Премиерот Никола Груевски во Охрид

Post Views: 0   Премиерот Никола Груевски заедно со Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, денес во официјална посета на Охрид. Груевски присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на локалниот пат Долно Лакочереј- Горно Лакочереј. –Ние долго време работевме на инвестиции во локални и регионални патишта  па бевме критикувани зошто не инвестираме во изградба на автопати. Еве сега градиме и автопати. Но нема да ги занемариме и локалните патишта бидејќи знаеме колкава е важноста за вас граѓаните, истакна премиерот...

Continue reading

opstina ohrid

Општината со кредит од Светска банка ќе прави капитални проекти

Post Views: 0 Со пари од Светска банка општината ќе прави капитални проекти. Денес за таа цел се одржа јавна расправа која е една од финалните постапки кои ги налага Светска банка пред  одобрување на кредитот. Општина Охрид долгорочно ќе се задолжи во висина од 1милион и 700 000евра. –Целта на овај заем е финансирање на капитални  инвестициски проекти за рехабилитација на некои локални улици  и два локални патни правци како и набавка на најсовремени специјални возила за ЈП Комуналец, вели градоначалникот Никола Бакрачески. Општината ќе има 13 години рок на отплата на кредитот...

Continue reading

zeleznicka

Булеварот „Железничка“, страв за пешаците

Post Views: 14 Булеварот „Железничка“ стана бетонски ѕид за граѓаните кои живеат од едната и од другата страна на оваа сообраќајница. Поради големата брзина со која се вози  и поради лошата патна сигнализација пешаците се плашат да ja преминат  улицата. Граѓаните реагираат дека „Железничка“ плаче или за надвозник или за кружен тек. Тие секојдневно стравуваат за својата безбедност а посебно за безбедноста на децата за време на школската година. –На овој булевар досега се имаат случено повеќе сообраќајни незгоди а во дел од нив за жал имаше и жртви. Ние како Урбана заедница баравме...

Continue reading

Општина Дебрца набави механизација за чистење на вегетацијата околу општинските и пристапните патишта

Post Views: 9 Со средства од буџетот на општината набавена е приклучна механизација – мулчер, кој се приклучува на ровокопач и првенствено ќе се користи за чистење на вегетацијата околу општинските и пристапните патишта, со што значително ќе се подобри прегледноста и безбедноста при сообраќајот. Средствата за набавка на мулчерот, во износ од 355.950,00 денари се обезбедени од Буџетот на општината за 2021 година.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top