Post Views: 2
Десет илјади евра, за нови автобуски постојки во Струга. Средствата стигнаа од компанијата Т-Мобиле. Ги испочитувавме сите законски прописи за наменското искористување на парите, а делото е пред граѓаните на Струга и струшко, вели градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.
„Имавме една донација од Т-Мобиле од 10 илјади евра. Распишавме тендер, кој го доби фирма од Струга и денес ги гледате и поставени автобуските постојки не само во градот туку и во руралните средини“-изјави Мерко.
Пред година и пол Локалната самоуправа со средства на Прокредит банка во висина од 5000 евра,...
Post Views: 1
Оваа недела НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид промовира уште осум нови наслови од областа на белетристиката кои уште од денеска можат да се позајмат на пултот за издавање.
Се работи за следните книги: „Некој близок“ од Кара Хантер, „Проблемот со бившите“ од Лорен Лејн, „Длабоко во темнината“ од Ен Лорет Вајт, „Се случи една есен“ од Лиса Клејпас и „Шепкачот“ од Алекс Норт сите во издание на Сакам книги.
Во новата понуда се и две изданија на Матица македонска, „И боговите имаат Интернет“ од С.В. Мучкајева и „Златниот час“ од Јона Греј.
По неодамнешната промоција...
Post Views: 1
Одложена е продажбата на вториот објект на МЈП Проаква, во Струга. На последната седница на струшкиот Совет не помина точката за оттуѓување на недвижниот имот на МЈП Проаква Р.Е. Струга. Истата беше одложена за наредната седница. Сепак, градските власти и раководниот тим на претпријатието, гледаат оправданост од една ваква постапка. Градоначалникот Рамиз Мерко смета дека продажбата на зградата би била во интерес на нови инвестиции за градот, а со самото тоа и ќе порасне и приливот на средства во општинската каса.
„Во тој дел на градот има ДУП кој предвидува градба...
Post Views: 1
МЈП Проаква планира изградба на нова хидрантска инсталација во стариот дел на градот. Плановите на ЈП се со новата хидрантска инсталција да се опфатат некои покритични локации како на пример потегот кон Канео или пресекот на улиците Нада Филева и Аргир Маринечев, информира Владимир Алексијоски директор на МЈП Проаква.
„ Моментално има 5 хидранти во стариот дел на градот кои се обележани на шахтите, но да бидам искрен и тие се во незавидна состојба. Ќе работиме да ги санираме и нив и ќе поставиме уште неколку нови. Имаме проблем со спецификите на теренот каде се работи....
Post Views: 0
Епидемиолошката состојба во државата се подобрува, но сега загрижува зголемување на бројот на нови случаи кај учениците. Од Комисијата апелираат до граѓаните да се вакцинираат, зошто вакцините се сеуште најдобриот начин за намалување на ризикот од развој на тешка форма на болеста.
Се забележува намалување на бројот на новооткриени случаи со КОВИД-19, што значи подобрување на епидемиолошката состојба, но, тоа не ни дава за право да кажеме дека е добра епидемиолошката состојба, а за тоа особено не потсетува возрасната група од 6 до 14 години каде што забележуваме зголемување...
Post Views: 7
Од наредниот месец, авиокомпанијата „Визер“ ќе воведе нови поевтини летови до три нови дестинации -Париз, Брисел и Франкфурт.
Со субвенционирање на летовите кои ги реализираат нискобуџетните авио-компании, се зголемува бројот на туристи кои сакаат да го посетат охридскиот регион, особено во летните месеци.
Општина Охрид веќе работи на субвенционирање на евтини авио линии на охридксиот аеродром Свети Апостол Павле.
„Во изминатиов период ние бевме во интензивни преговори со неколку авио компании кои пројавија интерес да воспостават редовни летови од охридскиот аеродром....
Post Views: 0
Новата општинска зграда се става во функција. Деновиве повеќе одделениа се селат во новите простории кои нудат подобри услови за работа и поголема комоција. Стариот влез и понатаму останува да се користи како влез за градоначалникот, за советот на општина Охрид и за Секторот за поддршка на градоначалникот. Останатите ќе го користат другиот влез кој води до новата зграда, а паркингот ќе биде преместен од северната страна на општината. Се прави и пристапна патека од новиот влез до старата зграда бидејќи сервисот за граѓаните останува на истото место.
„Просторно ќе бидеме...
Post Views: 2
Во овој момент Владата не размислува за нова помош за угостителите. Вицепремиеот Битиќи вели дека ја следат состојбата во секторот кој не е затворен, туку работи лимитирано. Разговори ќе има, но со оглед на тоа дека државата е во предизбрен период, можностите за помош се лимитирани.
Угостителите пак, за разлика од Владата сметаат дека постојат начини за да им се пружи нова помош. Таа според нив, може да биде преку даночни олеснувања и ослободување од други давачки кои секоторот и натаму ги плаќа. Од угостителската комора велат дека се уште чекаат да разговараат со Владата...
Post Views: 23
И на почетокот од овој месец септември правиме избор од 10 книги од областа на белетристиката кои од денес им се достапни на читателите. Топ листата ( редоследот ) е случаен, не ја одразува нивната содржина ниту популарноста на авторите.
„Патувам сама“ од Самуел Бјорк
„Град од пареа“ од Карлос Руиз Зафон
„Без граници“ од Џим Квик
„Убиј го таткото“ од Сандроне Дациери
„Ноќно пливање“ Меган Голдин
„Убиецот со распетието“ од Крис Картер
„Ѕвончињата на снегот“ од Сара Морган
„Сендмен“ од Лаш Кеплер
„Коски на срцето“ од Колин Хувер
„Што знае ветрот“ од Ејми Хармон
Романите...
Post Views: 8
Со одлука на градоначалникот на Општина Охрид, Јован Стојаноски, од денес четири јавни претпријатија во градов, две основни училишта и детската градинка „Јасна Ристеска“ добија нови Вршители на Должност.
За ВД директор во ЈП „Билјанини извори“ е назначена Гордана Јованоска, а на оваа позиција во „Ниско Градба“ е поставен Гоце Ѓоршески. ВД директор на ЈП „Охридски Комуналец“ е Лупчо Грданоски, а во ЈП „Градски Пазар“, Кристина Крлеска- Деспотоска.
За ВД директор во ОУ „Св. Климент Охридски“ е поставена Наташа Танеска која доаѓа на местото на Јордан Пуроски, а Елена Ел-...
Post Views: 3
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги утре ќе ја одреди новата цена на горивата.
Основни елементи според кои се одредува максималната малопродажна цена се движењето на цената на нафтата на светските берзи и вредноста на доларот.
Новите цени на горивата ќе почнат да се применуваат од утре по полноќ, а ќе важат една недела.
Post Views: 6
Оваа недела во Берлин започнува големиот саем за потрошувачка електроника IFA на кој бројни технолошки компании ќе ги претстават своите нови уреди како паметни тлефони, таблети, часовници и слично. Плановите на Sony за овој саем веќе протекоа и на неофицијалниот блог на Xperia и се објавени информации и фотографии на телефоните кои оваа компанија ќе ги претстави.
Се чини дека Sony со тактиката да претстави три нови уреди има намера да ја покрие потребата на денешните корисници па така Compact model ќе биде со помали димензии и ќе биде наменет за корисници на кои 5 инчи...