Општинската администрација се сели во нови простории

Зградата која се градеше во продолжение на стариот општински објект, се става во функција. Со ова се овозможуваат подобри услови за вработените, а им се олеснува на граѓаните бидејќи сите служби ќе бидат стациобнирани на едно место. Градоначалникот останува во старата зграда.

 |   | 

Новата општинска зграда се става во функција. Деновиве повеќе одделениа се селат во новите простории кои нудат подобри услови за работа и поголема комоција. Стариот влез и понатаму останува да се користи како влез за градоначалникот, за советот на општина Охрид и за Секторот за поддршка на градоначалникот. Останатите ќе го користат другиот влез кој води до новата зграда, а паркингот ќе биде преместен од северната страна на општината. Се прави и пристапна патека од новиот влез до старата зграда бидејќи сервисот за граѓаните останува на истото место.

„Просторно ќе бидеме посредени ние како опшштинска администрација, а граѓаните и понатака ќе добиваат квалитетни услуги. Тоа впрочем и не треба да зависи од условите во кои работиме. Сигурно дека е важно да бидат тие оптимални, но не и пресудни за една ефикасна администрација, вели Томе Џамтоски, портпарол на Локалната самоуправа.

Инаку, изградбата на новата општинска зграда започна во 2011год., уште за време на вториот мандат на тогашниот градоначалник Александар Петрески. Во 2013та пред локалните избори беа стопирани градежните работи, за повторно да се интензивираат на почетокот на 2014та.

“Канцелариите кои порано ги користеше претседателот на совет и советниците за координативни состаноци, а кои се наоѓаа веднаш до големата сала повторно им се враќаат, а во новата зграда ќе бидат сместени и Фондот за комунален развој и Секторот за екологија кои досега беа во зградата кај општинскиот Црвен крст, како и Општинскиот инспекторат кој се наоѓаше во простории во зградата кај некогашната автобуска“, вели Томе Џамтоски, портпарол на Локалната самоуправа.

Сега ќе се избегне тој проблем на шетање на граѓаните од еднадо друга зграда и барање на секторите во општинската зграда или во зградата на Црвен крст. И тоа е една придобивка бидејќи сега сите ќе бидат сместени на едно место, објаснува Џамтоски.

Во новата зграда има 24 канцеларии за општинската администрација, а некои простории ќе им бидат дадени на користење на некои невладини организации и КУД од градов. Зградата има и лифт, а допрва ќе се прави и пристап за инвалидизирани лица како и тие би можеле лесно да стигнат до општинската администрација. Свеченото пуштање во употреба на новата зграда се најавува за празникот Св. КлиментОхридски, патронот на Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top