Владата не размислува за нови мерки за помош на угостителите

Во овој момент Владата не размислува за нова помош за угостителите. Вицепремиеот Битиќи вели дека ја следат состојбата во секторот кој не е затворен, туку работи лимитирано. Разговори ќе има, но со оглед на тоа дека државата е во предизбрен период, можностите за помош се лимитирани.

 |   | 

Угостителите пак, за разлика од Владата сметаат дека постојат начини за да им се пружи нова помош. Таа според нив, може да биде преку даночни олеснувања и ослободување од други давачки кои секоторот и натаму ги плаќа. Од угостителската комора велат дека се уште чекаат да разговараат со Владата за седми пакет мерки. Гранката е единствена која е целосно погодена од корона кризата уште од стартот. Вистина револтирани се затоа што за нив во претходните шест пакети мерки имало минимална помош условена со задржување на сите вработени, а при тоа помошта не била континуирана. Заради тоа овие компании веќе се неликвидни и оценувани како ризични од банките.

Во угостителските објекти во последните две месеци можат да влегуваат само вакцинирани и прележани во последните 45 дена. Прометот е намален за околу 70% се жалат угостителите и бараат олабавување на мерките слично како во европските земји однос влез во објектите да има и за лица со негативен тест и за прележани до 6 или 9 месеци.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top