Ознака: Македонија

borci

70 години од убиството на Кузман Јосифовски Питу

Post Views: 3 Денес кога се навршуваат 70 години од трагичната смрт на големиот народен херој Кузман Јосифоски Питу, за неговиот лик и дело зборуваше претседателот на ОО на СБ на општините Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески. Тој истакна дека Кузман Јосифоски Питу бил мозокот и идеологот на НОБ и многумина го споредувале со Гоце Делчев, односно она што бил Делчев за Илинденското востание, Јосифоски – Питу бил за НОБ. „Тоа е познато во есента 1941 година после почнувањето на народното востание на Mакедонија на 11 октомври, Кузман Јосифоски – Питу добива задача, западниот дел од Македонија...

Continue reading

Mu<icko ucilishte

Донација во музички инструменти за ОМУ „Методиј Патчев“ од Охрид

Post Views: 0 Денес, во основното музичко училиште „Методиј Патчев“, со почеток во 11:30 часот, градночалникот Никола Бакрачески и претставници од Фондацијата „Македонија 2025“ ќе ги донираат музичките инструменти, кои се донација на Фондацијата „Македонија 2025“. Донацијата на фондацијата „Македонија 2025“, се состои од музички инструменти во вредност од над 5300 американски долари. Средствата за музичките инструменти беа собрани на хуманитарниот концерт кој се одржа за време на Глобалниот инвестициски самит во 2013 година во црквата „Св. Софија“, во организација на фондацијата „Македонија...

Continue reading

kablovska

Кабелски оператор од Охрид заработи кривична пријава

Post Views: 1 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Повреда на правото на дистрибутерот на технички посебно заштитен сателитски сигнал“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против едно правно лице и неговиот сопственик, 60- годишен охриѓанец. На 29-ти минатиот месец, кај правното лице-кабелска телевизија,  лоцирана во трговскиот центар “Охриѓанка“, пронајдени биле и одземени триесет и три дигитални ресивери со кои, пријавените со намера да прибават противправна имотна корист преку кабелска мрежа неовластено дистрибуирале и ставале на располагање на јавноста заштитени...

Continue reading

trnasformator

(ОБНОВЕНО) Демне опасност од отворено разводно електрично орманче во нас. „Гоце Делчев“

Post Views: 3 Жителите на нас. „Гоце Делчев“ се жалат на опасноста која ги демне од отворено разводно орманче. Овој електричен објект, веќе неколку години е незаштитен, а жителите од оваа населба, информираат дека во неколку наврати реагирале до ЕВН Македонија, а исто така проблемот го актуелизирале во неколку наврати и преку медиумите. Портпаролот на ЕВН Македонија, Атанас Ковачески, не информираше дека до нив не е стигната досега никаква писмена реакција од страна на жителите од оваа населба. Колку е сериозна ситуацијата потврдува и фактот што овој објект се наоѓа на само десетина...

Continue reading

veb strana Ohrid

Италијанци воодушевени од Охрид, направиле веб страна за промоција градот

Post Views: 8 Одвреме-навреме слушаме или гледаме по некој прилог за Охрид, прилог за туристичките потенцијали на земјава во некои повеќе или помалку познати туристички сајтови или веб страни за патувања. По некој мал осврт на нашиот туристички и природен бисер, по некој убав кажан збор за она кое знаеме дека вреди многу повеќе. Тоа, дека Охрид нуди многу повеќе, дека нашиот туристички бисер има потенцијали да биде таму некаде помеѓу најдобрите туристички дестинации, го препознале луѓето од Лотус Офичина, непрофитна организација која работи проекти од инкаминг туризам во Италија....

Continue reading

avtopat

Удрен камен-темелникот на автопатот Кичево-Охрид

Post Views: 2 Денес беа удрени темелите на новото и модерно автопатско решение Кичево-Охрид. Проект кој што подолго време беше најавуван, а Република Македонија го спроведува во соработка со владата на НР Кина. Претставници на Владата на Република Македонија, министри, пратеници како и градоначалниците на Охрид и Кичево, денес ја имаа можноста да посведочат на моментот на удирање на темелите на автопатот кој според премиерот Никола Груевски, но и според директорот на компанијата која ќе го гради, Сајнохидро корпорејшн лимитед е историски момент. „Денес, 22 Февруари, е голем ден, историски...

Continue reading

Кои се најбогатите во Македонија?

Post Views: 3 Во Македонија нема милијардери, но се знае за неколку стотини домашни милионери. Тие поседуваат акции во металната индустрија, рударството, шпедицијата, медиумите, фармацевтските куќи, како и во болници, банки. Во време на економска рецесија, лани македонски бизнисмен како чист приход за оданочување пријавил 15 милиони евра. Една година пред овој фискален период, скопски и битолски бизанисмен, сопственици на компании, заработиле 20, односно 30 милиони евра профит, што предизвика и вчудоневиденост и кај даночните служби. Истовремено, газда на една позната профитабилна...

Continue reading

Sv.Kliment ucilishte

ОУ „Св.Климент Охридски“ дел од проектот „Зелени училишта, почиста околина, поздрав живот”,

Post Views: 2 ОУ „Св.Климент Охридски“ е едно од осумте македонски училишта кои ќе бидат вклучени во реализацијата на проектот„Зелени училишта почиста околина, поздрав живот”. Проектот започна да се реализира од септември  2013 година , истиот ќе трае 18 месеци, а ќе се спроведува во 16 основни училишта од Македонија и Албанија и тоа осум основни училишта од Република Македонија и осум основни училишта од Република Албанија. Инаку овој проект е дел од прекуграничната соработка помеѓу Македонија и Албанија. Истиот е финансиран од канцеларијата на Европската унија во Република...

Continue reading

Stavreski

Македонија официјално излезе од рецесија

Post Views: 1 Република Македонија официјално излезе од рецесија, откако во четвртото тромесечје од 2009 , бруто домашниот производ (БДП) забележа раст од 1,2 отсто, соопшти денеска министерот за финансии, Зоран Ставрески. Од СДСМ велат дека граѓаните не го почувствувале растот Тој додаде дека Македонија  ја заврши 2009 година со негативна стапка на раст од 0,7 отсто . „Остварените резултати, особено доколку се искомбинираат со намалување на невработеноста во текот на 2009 година, покажуваат дека Македонија во целина успеа да ја преброди кризата со најмали можни последици и спречени...

Continue reading

Ohrid najubav grad

Нашиот Охрид во конкуренција за најдобар мал град во Европа за 2014та

Post Views: 2 Македонскиот и светскиот бисер, нашиот неповторлив Охрид се најде во конкуренција за најдобар мал град во Европа за 2014та година. Дали Охрид ќе ја понесе престижната титула се одлучува со гласање доколку ги посетите сајтовите globalgrasshopper и hotel.info кои важат за едни од највлијателните веб портали за патувања. За Охрид можете да гласате на порталот hotel.info, а директен конкурент на нашиот град е унгарскиот Егер. Globalgrasshopper во описот на Охрид  напишал: „Охридското езеро е еден од најубавите предели во Македонија, па не нè изненадува што е најфотографираното...

Continue reading

primopredavanje

Општина Охрид стана сопственик на објектите од стрелиштето Мауцкер

Post Views: 21 Државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски официјално им ги предаде објектите лоцирани на стрелиштето Мауцкер на Општина Охрид. Од страна на Државниот секретар Стефаноски, симболично беа предадени клучевите од објектите како и Одлуката на Владата на Република Македонија со која овие објекти преминуваат во целосна сопственост на Општина Охрид. “Се работи за 13 објекти со вкупна површина од 1530 метри квадратни и земјиште со вкупна површина од 949. 789 илјади метри квадратни кои што согласно планот за дивестирање на несуштинскиот имот не се во функција...

Continue reading

dolard

Oдбележан роденденот на А ден Долард

Post Views: 3 Културно-информативниот центар „Култура 365“ денеска трета година по ред го одбележа роденденот на холандскиот новинар, писател, патеписец и вљубеник во Охрид и Македонија А. ден Долард. За неговиот животен пат и она што го оставил зад себе пред присутните зборуваше писателот Мишо Јузмески. Тој истакна дека Долард е истакнат по тоа што повеќе децении од својот живот потрошил работејќи на промоцијата на Охрид и Македонија меѓу холанѓаните. „Неговата активност или поточно кажано Охрид и Македонија како тема во неговото пишување се присутни од триесеттите години на минатиот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top