• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • (ОБНОВЕНО) Демне опасност од отворено разводно електрично орманче во нас. „Гоце Делчев“

(ОБНОВЕНО) Демне опасност од отворено разводно електрично орманче во нас. „Гоце Делчев“

Жителите на нас. „Гоце Делчев“ се жалат на опасноста која ги демне од отворено разводно орманче.

 |  Голабовски Крсте  | 
trnasformator
трансформатор

trnasformatorЖителите на нас. „Гоце Делчев“ се жалат на опасноста која ги демне од отворено разводно орманче.

Овој електричен објект, веќе неколку години е незаштитен, а жителите од оваа населба, информираат дека во неколку наврати реагирале до ЕВН Македонија, а исто така проблемот го актуелизирале во неколку наврати и преку медиумите.

Портпаролот на ЕВН Македонија, Атанас Ковачески, не информираше дека до нив не е стигната досега никаква писмена реакција од страна на жителите од оваа населба.

Колку е сериозна ситуацијата потврдува и фактот што овој објект се наоѓа на само десетина метри од детското игралиште каде се рекреираат најмладите жители од оваа населба. За да се заштитат, некои од жителите ја потрпреле вратата од орманчето со лесонитни табли, што во никој случај не е решение за овој проблем.

trnasformatorВо соопштенијата кои ги испраќа ЕВН Македонија, а со кои ги информира граѓаните зошто обично се случуваат прекините со снабдување со електрична енергија, често пати стои дека причината е : „реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овој регион.“

Па да се надеваме дека од ЕВН ќе поработат на „подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците И во овој регион“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top