Општина Охрид стана сопственик на објектите од стрелиштето Мауцкер

Државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски официјално им ги предаде објектите лоцирани на стрелиштето Мауцкер на Општина Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
primopredavanje
примопредавање

Државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски официјално им ги предаде објектите лоцирани на стрелиштето Мауцкер на Општина Охрид.

primopredavanjeОд страна на Државниот секретар Стефаноски, симболично беа предадени клучевите од објектите како и Одлуката на Владата на Република Македонија со која овие објекти преминуваат во целосна сопственост на Општина Охрид.

“Се работи за 13 објекти со вкупна површина од 1530 метри квадратни и земјиште со вкупна површина од 949. 789 илјади метри квадратни кои што согласно планот за дивестирање на несуштинскиот имот не се во функција на министерството и армијата.“ истакна Стефаноски.

Стефаноски потенцираше дека со овој чин, Владата на Република Македонија и Министерството за одбрана го помагаат и го потикнуваат локалниот економски развој, а во случајов на општина Охрид и се овозможува овој имот да го користи за свои цели, односно да го намени во мала индустриска зона со која ќе привлече инвеститори и ќе отвори нови работни места.

primopredavanjeГрадоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески ја потенцираше одличната институционална соработка помеѓу општината и Министерството за одбрана и го презентираше планот со кој се дефинира намената на овој недвижен имот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top