Кабелски оператор од Охрид заработи кривична пријава

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Повреда на правото на дистрибутерот на технички посебно заштитен сателитски сигнал“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против едно правно лице и неговиот сопственик, 60- годишен охриѓанец.

 |  Голабовски Крсте  | 
kablovska
кабловска

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Повреда на правото на дистрибутерот на технички посебно заштитен сателитски сигнал“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против едно правно лице и неговиот сопственик, 60- годишен охриѓанец.

operatorНа 29-ти минатиот месец, кај правното лице-кабелска телевизија,  лоцирана во трговскиот центар “Охриѓанка“, пронајдени биле и одземени триесет и три дигитални ресивери со кои, пријавените со намера да прибават противправна имотна корист преку кабелска мрежа неовластено дистрибуирале и ставале на располагање на јавноста заштитени телевизиски канали, односно истите ги реемитувале без претходно да добијат одобрение од Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.

Тоа го направиле без одобрение од овластениот дистрибутер на технички посебно заштитен сателитски сигнал. Овластенитиот преставник на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги констатирал дека кабелскиот оператор од Охрид реемитува триесет и три канали на кои им е истечен договорот со Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.

Според законот за авторско право и сродни права, неовластено дистрибуираните телевизиските канали се лиценцирани како заштитни производи-“марки“ во Република Македонија. Според законот за радиодифуз- на дејност субјектите кои реемитуваат програмски сревиси преку јавна радиодифузна мрежа се должни програмските сервиси да ги регистрираат во Агенцијата  за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како целина во вид на пакети и притоа да доставуваат потврда за уредени авторски и сродни права издадена од Министерство за Култура на Република Македонија.

Ваквата активност СВР Охрид ја реализира во содејство со Координативното тело за Интелектуална сопственост при Влада на Република Македонија, Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи, преставници од Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги и Агенцијата за Електронски комуникации.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top