Post Views: 0
Министерството за економија подготвува нов построг Правилник за категоризација на угостителските објекти и хотелите. Следнава недела траба да се одржи јавна расправа со туристичките работници за новиот Правилник по што официјално ќе биде усвоен.Со измените на Правилникот, хотелите со една и две ѕвездички треба да имаат најмалку 10 соби, оние со три ѕвездички 15, а хотелите со четири или пет ѕвездички најмалку 20 соби. Во сите хотели треба да има можност да се плаќа со кредитни картички.
Хотелите со четири ѕвездички како дополнителна содржина треба да имаат базен, а со...
Post Views: 0
Српската заедница го слави Свети Сава, еден од најголемите празници во Српскиот православен календар. По тој повод денеска во ресторанот „Белведере“ се одржа свечен ручек на кој присуствуваа членови на српско – македонското друштво „Коштана“ и припадници на српската заедница во Охрид. По повод днешниот празник пред присутните беше презентирана пригодна програма, се читаа песни за Свети Сава, а обраќање имаа и членови на друштвото „Коштана“. На денешната свеченост беше запазена и традицијата, како што се палење на свеќите, но и сечење на традиционалниот светосавски...
Post Views: 1
Принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ, се воодушеви од вкусот на македонските вина и сирењето на нашиот штанд на Саемот за туризам во Белград, па одлучи да ја посети Македонија.
Таа на македонскиот штанд на саемот за туризам во Белград се запозна и со историските вредности и севкупните туристички потенцијали на Македонија.
-Со особено задоволство ја прифаќам поканата да бидам почесен гостин на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, во месец мај, оваа година и одблиску да ги доживеам убавините на Македонија, истакна принцезата.
Post Views: 7
Единицата за борба против недозволена трговија со дрога при Одделот за организиран криминал и Царинската служба на РМ во соработка со полициските служби на СР Германија, а во координација на СЕКИ центарот од Букурешт, вчера по спроведена заедничка операција на контролирана испорака на дрога на релација Санта Круз, Боливија, преку Франкфурт, Германија со крајна дестинација Охрид, Р. Македонија, пресече меѓународен канал на транспорт на кокаин при што се запленети 1,465 килограми. висококвалитетен кокаин, чија малопродажна вредност на пазарот на наркотици би можела да...
Post Views: 0
Остварена интерактивна средба на охриѓани со проектот на социјалдемократите „Визија за Македонија“. Александар Кузески портпаролот на ОО СДСМ е задоволен од средбите со охриѓани на првиот ден од спроведување на нивниот проект.
„ Одзивот е добар на граѓаните. Пријатно сме изненадени сите процеси придонесуваат луѓето да дојдат да се охрабрат и да ги запишат своите идеи. Ги повикуваме да се приклучат и да ги дадат своите предлози“, вели Кузески.
Бројни се предлозите кои ги даваат охриѓани во насока на подобар живот на граѓаните. Проектот за прибирање на позитивни идеи...
Post Views: 10
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски не се сложува со последната изјава на неговиот коалиционен партнер од НСДП, Тито Петковски, кој за унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека го поттикнува национализмот и дека е автократ. Ваквите изјави, според Црвенковски, можат само да ù наштетат на Република Македонија.“Ние не стоиме зад неа. Со оглед на тоа какви се состојбите на демократски план во одделени земји членки на Европската Унија, пред сè тоа е задача на јавноста и политичарите во тие земји”-Бранко Црвенковски – претседател на СДСМ.Коментирајќи ги најавите...
Post Views: 13
Ширум Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина пластениците се оштетени заради големи количества снег и ниски температури. Оние што ќе имаат најголема корист од ваквата состојба најверојатно ќе бидат одгледувачите од Македонија, смета Б92.
Единствена соседна земја, која не е погодена од ниските температури, се вели во веста, е Македонија, така што тамошните производители на ран зеленчук веројатно ќе имаат корист од ваквата состојба, јавува Б92.
Кога станува збор, пак, за македонските потрошувачи, ова значи дека раниот зеленчук во земјава ќе биде многу скап...
Post Views: 2
Македонскиот Мистер Стефан Лошковски се закити со наградата Mister Sea World.
Од интернационалниот избор „MISTER SEA WORLD 2012“ кој годинава се одржа во Перу, Стефан се врати дома со две титули. Покрај наградата Мистер на светот, во конкуренција од десетина финалисти од целиот свет тој е избран и за „најубаво лице“.
-Имав силна конкуренција затоа што на изборот имаше фини момчиња. Горд сум на оваа титула која и ја посветувам на мојата земја. Сега сигурно знам дека и Перу слушна за Македонија, вели Лошковски.
Инаку 20-годишниот Стефан Лошковски од Скопје е ватерполист...
Post Views: 8
Торбешите во Македонија бараат институциноално да бидат регулирани нивните права. Денес во организација на Торбешкиот Културно-Научен центар, Румелија какои и Партијата за европски интеграции, ПЕИ, промовирани торбешката декларација и повелба. Генералниот секретар на ПЕИ како и основачот на Румелија, Мехмед Џемајлоски вели дека од оваа партија стојат зад сите активности од Културно-Научниот центар, Румелија. Целта е една, торбешите во Македонија да ги уживаат истите права како останатите етнички заедници во земјава.
Претседателот на „Румелија“ Шериф Ајрединоски, вели...
Post Views: 10
Избрани лауреатите за наградата “Најдобар промотор на Македонија” за 2011 година. Според резултатите од гласањето на Фејсбук и гласовите на членовите на жирито, четирите награди за “Најдобар промотор на Македонија” за 2011 година појдоа во рацете на: Симон Трпчески во категоријата уметност и наука, охриѓанецот Љупчо Јузмески во категоријата туризам, извоз и претприемништво, Македонска кошаркарска репрезентација во категоријата дипломатија од добра волја и Александар Богатинов, кој освои најголем број на гласови од јавното гласање. Оваа година жирито додели и три еднакви...
Post Views: 3
Денеска се одбележува Светскиот ден на лицата со аутизам. Кај нас се одржува по вторпат, а централната манифестација ќе се одржи на плоштадот Македонија.
Аутизмот практично е серија најразлични пореметувања што влијаат на способноста на одредена личност за социјална интеракција или формирање пријателства.
Многу почесто е дијагностициран кај момчињата, отколку кај девојчињата.Научниците не знаат што е причината за појавата, но и покрај генетските предиспозиции, најново е што акцентот е ставен на еколошките фактори или на комбинација од двете.
Д-р Исак Песах од Универзитетот...
Post Views: 6
Националните комисии за Унеско на Македонија и Албанија одржаа работен состанок во Охрид. На работната средба учествуваа Министерките за култура на двете земји, Ирена Стефоска и Елва Маргарити, воедно и претседателки на Националните Комисии на Унеско. Присутни беа и министрите за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и Бленди Клоси, неговиот Албански колега министер за туризам и животна средина. Министерката Стефоска, е оптимист дека сеуште има надеж за спас на Охридскиот регион за да не се стави на листата на загрозени подрачја под Унеско. Стефоска не...