Црвенковски во Вевчани ги прокоментира актуелните политички случувања

Изјавата на Тито Петковски дека унгарскиот премиер го поттикнува национализмот и дека е автократ може само да и наштети на Македонија, смета Лидерот на СДСМ. Црвенковски тврди дека нема кодоши во редовите на оваа партија и смета дека измените во законот за Лустрација  биле само за замајување на јавноста.

 |  Татјана Маленкова  | 
Branko Crvenkovski
Бранко Црвенковски во Вевчани

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски не се сложува со последната изјава на неговиот коалиционен партнер од НСДП, Тито Петковски, кој за унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека го поттикнува национализмот и дека е автократ. Ваквите изјави, според Црвенковски, можат само да ù наштетат на Република Македонија.
“Ние не стоиме зад неа. Со оглед на тоа какви се состојбите на демократски план во одделени земји членки на Европската Унија, пред сè тоа е задача на јавноста и политичарите во тие земји”-Бранко Црвенковски – претседател на СДСМ.
Коментирајќи ги најавите за измени во Законот за лустрација, Црвенковски рече дека нема кодоши во редовите на СДСМ, а измените биле само за замајување на јавноста.
“Што се однесува до мене и до целокупното раководство на СДСМ, власта може да предлага каков сака широк опфат и по структури на личности и по период. Едноставно нема ништо да најдат и повторно ќе се заплеткаат со некакви свои поранешни или сегашни членови и симпатизери и тоа не е проблем”- изјави Црвенковски.
Црвенковски даде и свој коментар на вчерашната изјава на премиерот Никола Груевски во која тој вели дека 2011 ќе биде година на реформа во јавната администрација. Црвенковски со став :Груевски е тој кој ја партизирал администрацијата.
Инаку лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски вчера во Вевчани присуствуваше на традиционалниот вевчански карневал.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top