Ознака: Македонија

tusk

Доналд Туск денес во посета на Македонија

Post Views: 9 Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, во рамките на неговата турнеја по балканските земји погодени од мигрантската, денеска ќе престојува во Македонија. За попладне е најавено тој да се сретне со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Во Македонија денеска, како што најави МИА, ќе престојуваат и премиерот на Словачка Роберт Фицо и словачкиот министер за внатрешни работи Роберт Калинак. Тие заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посетат Прифатниот центар за мигранти „Винојуг“.

Continue reading

Во Македонија постудено отколку на Северниот пол

Post Views: 1 Просечната температура на Северниот пол во овој дел на годината е минус 30 степени целзиусови, но вчера е забележана температура од нула степени. Бран на топол воздух над Арктикот предизвика температурите на Северниот пол да се 30 степени целзиусови над вообичаените за овој дел од годината. На Северниот пол температурите во средата беа околу нулата, објавија метеоролошките служби во светот. Бурите над северниот дел на Атлантикот кои предизвикаа поплави во Британија и САД го истуркаа топлиот воздух кон Северниот пол. Иако оваа информација како куриозитет ја забележаа...

Continue reading

ucenici nova

Македонските средношколци како Европски парламентарци

Post Views: 3 Во периодот од 3 до 5 октомври во организација на Меѓународното училиште „НОВА”,се одржа петтата национална симулација на Европскиот парламент. На овој настан учествуваа 80 ученици и 20 професори од дваесет средни  училишта во земјава. Овие ученици се дел од МЕП-клубовите во матичните училишта каде што учат за функционирањето на Европската Унија и нејзините институции. Тие се дел од дополнителната настава во секое од овие  училишта. Учениците кои  учествуваа на оваа симулација доаѓаат од средни училишта од: Скопје, Гевгелија, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово,...

Continue reading

borenje

Ќе остане ли борењето олимписки спорт?

Post Views: 31 Извршната комисија на Интернационалниот олимписки комитет предложи исклучување на борењето од спортовите што ќе бидат присутни на Летните олимписки игри 2020 година.Борењето ќе биде исклучено ако Собранието на ИОK во септември го прифати предлогот на Извршната комисија. Борењето теориски може пак да аплицира да биде примено во олимписката фамилија, но тоа тешко ќе се оствари. Присутно во олимписката фамилија од почетокот на модерните ЛОИ 1896 (иако не се појави на ЛОИ 1900), борењето ќе ја напушти олимписката сцена по појавувањето на ЛОИ 2016 година во Рио де Жанеиро....

Continue reading

Македонија претставена на интернационалниот саем за туризам во Утрехт „Vakantiebeurs”

Post Views: 3 Холандскиот пазар којшто е еден од првите и најлојални туристички пазари на Македонија продолжува да расте. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија заедно со приватниот сектор традиционално учествува на интернационалниот саем за туризам во Утрехт. Лојалноста во туризмот којашто најтешко се постигнува, Македонија на овој пазар и официјално ја постигна со тоа што успеа да врати по втор или трет пат холандски туристи кои имаат желба да посетат и други делови од Македонија, освен најголемите туристички центри.Делегација на Агенцијата за туризам...

Continue reading

memo

Потпишан Меморандум за поддршка на соживотот во Струга

Post Views: 2 Во Струга денес беше потпишан меморандум за соработка помеѓу општина Струга и Мисијата на ОБСЕ за проектот „Медијација за промена“. Потпис стави струшкиот градоначалник Зијадин Села и амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Р. Макеоднија Ралф Брет. Во Струга пронајдовме партнери со кои може да се зборува за соживот и да се работи за општо добро на луѓето од оваа мултиетничка средина, нагласи амбасадорот Брет. „Дел од нашиот мандат е од една страна да го имаме овој мониторинг, разговараме со многу луѓе во општинитие, во однос на пшревенцијата, што значи тренирање и обучување...

Continue reading

Благодарници за ТАВ Македонија и АД „Галеб“ – Охрид од ЈОУДГ„Јасна Ристеска“

Post Views: 12 Денес во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид им беа врачени благодарници на претставниците од АД „Галеб“ – Охрид и ТАВ Македонија аеродром Св.Апостол Павле – Охрид за успешната соработка и со желби истата да биде што побогата и поуспешна наредната година. 260 деца згрижени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“,минатата недела го пречекаа Дедо Мраз кој слета   на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.Најсаканиот дедо на Светот ги дарува дечињата со пригодни подароци и им посака среќа и весело детство во новата година.Пакетчињата за најмладите ги обезбеди  општина Охрид,...

Continue reading

fudbal

Македонија Данска 3:0

Post Views: 2 Ширум светот, синоќа се одиграа голем број пријателски натпревари, кои за фудбалските селекции се последен тест пред продолжување на квалификациите за пласман на Светското првенство. Македонската репрезентација, со фуриозна игра во првото полувреме, ја прегази Данска со 3:0. Покрај Македонија, победи во контролните натпревари забележаа и останатите пет селекции кои се натпреваруваат во А-групата. Хрватска, во Лондон, ја победи Јужна Кореја со 4:0, Србија на Кипар се радуваше со 3:1, Шкотска минимално ја победи Естонија со 1:0, додека победи од 2:1 забележаа Велс над...

Continue reading

zdravstvena kniska

Здравствените книшки ќе заминат во историјата за околу една година

Post Views: 1 Дотогаш граѓаните ќе мора на секој преглед да ги носат со себе здравствените книшки оти без нив нема да можат да ги користат здравствените услуги, пишува „Нова Македонија“. Иако веќе беше најавено дека електронските здравствени картички ќе бидат замена за книшките, тоа сепак ќе се случи дури по околу една година, бидејќи целиот процес, според надлежните, е сложен. Скопјанецот А.Б., кога бил на лекар, мислел дека за преглед ќе му биде доволна само електронската здравствена картичка. – Бев во амбуланта со децата, бидејќи се настинати. Ги носев со себе картичките,...

Continue reading

petta privatna gimnazija

Стручното образование голем предизвик за идните средношколци

Post Views: 7 Македонија за развој на стручното образование ќе користи искуства од Словенија. Денес во петтата приватна гимназија во Струга, директорите на Центарот за стручно образование од Македонија и Словенија, пред учениците, родителите и наставниот кадар на образовните институции од охридско струшкиот регион држеа предавање за тоа кои се бенефитите од гимназиското и стручното образовнаие. Директорот на Петтата приватна гимназија Ает Кариманоски, вели дека тоа во многу ќе помогне во определбата на родителите за тоа какво образование сакаат за своите деца. „Родителите и децата...

Continue reading

flaer

Секоја четврта жена во Македонија е жртва на семејно насилство

Post Views: 28 Според последните истражувања, една од четири жени во Македонија е жртва на насилство. Министерството за внатрешни работи на земјата регистрираше 147 случаи на домашно насилство врз жени во 2013 година, што е за 33,6 отсто повеќе од претходната година. Зачестеноста на случаите на домашно насилство ги загрижува бранителите на правата на жените, кои им помагаат на жртвите на насилство да се вратат на нормалниот живот. Македонското здружение за развој и интеграција нуди бесплатни психолошки консултации за жени. Претседателот на здружението, Наде Качакова, рече дека организацијата...

Continue reading

vahabisti

Колку пари им носи стајлингот на вахабистите

Post Views: 13 Секој ново регрутиран припадник на вахабистичкото движење во Македонија може добро да профитира од својот изглед. За носењето на карактеристичната брада „тарифата“ е сто евра, додека поткастрените ногавици на панталоните чинат 200 евра, објаснуваат познавачите на верските услови, пренесува Телеграф.мк. Финансиери на ваквиот изглед на вахабистите најчесто се странски центри на име на донации на локални верски невладини организации. Според експертите, цената неколкукратно може да се зголеми доколку и жените во една фамилија се придржуваат на строгите вахабистички норми....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top