Ознака: кои

Predrag Samardziski

Голема парична казна за Самарџиски?

Post Views: 0 Нашиот репрезентативец, Предраг Самарџиски се соочува со големи проблеми, кои ги направи поради нелегален трансфер во неговиот поранешен клуб Литвор Ритас, пишува Спортски вести. Имено неговата поранешна менаџерска агенција „Интерперформанс“ поднела тужба до спортскиот суд во Женева, а таа е направена поради тоа што тој побарал да биде застапуван од друга агенција.Судот веднаш ги прифатил аргументите на „Интерперформанс“, што значи дека нашиот репрезетативец погрешил кога при трансфер во Литвос ги користел услугите на друга менаџерска агенција.Одлуката е дека Самарџиски...

Continue reading

И Охрид меѓу градовите кои добија мерни станици за следење на загадувањето на воздухот

Post Views: 1 Охрид доби 3 мерни станици за следење на загадувањето на воздухот лоцирани на неколку локации низ градот. ВАМ уредите уште ги објавуваат информациите на апликацијата „Мој воздух“, а кои во Охрид се поставени на следниве локации: „Охрид – Први мај“, „Охрид – Богомилска“ и „Охрид – Мирче Ацев“. Станува збор за таканаречени ВАМ инструментикои ги филтрираат и пропуштаат сите PM честички помали од 10 микрометри. Потоа филтрираните честички се таложат на хартија во рок од 1 час, за да се пушти бета зрачење врз наталожените PM честички и се мери ослабувањето. На тој начин се...

Continue reading

deponii

Дивите депонии реален проблем во струшкиот регион

Post Views: 7 Дивите депони реален проблем во струшкиот регион. Градежен шут, стара покуќнина, санитарии, остатоци од храна, и што уште не може да се забележи покрај патот за влез и излез од Струга. Сликата од терен говори дека стружани речиси и да не ја ценат работата на ЈП, бидејќи на очиглед на сите, тие по старите лоши навики одлагаат секаков вид на смет посебно градежен шут, на кого каде ќе му текне само да е надвор од неговиот двор. „Претежно ние како ЈП ги имаме тие проблеми, значи несовесни граѓани фрлаат претежно градежен шут и на некој начин дивите депонии ни се се поприсутни...

Continue reading

crtezi

Триесет години успешна приказна

Post Views: 2 Игор, Јасе, Деа, Нури, се само некои од штитениците на Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, „Порака Нова“ од Струга кои поголемиот дел од денот го минуваат токму тука. Оваа организација е формирана во 1984-та година, од страна на група родители кои имаат деца со посебни потреби, конкретно со интелектуална попреченост и оттогаш непрекинато функционира. На почетокот Порака  функционира како социјален клуб, во кој се одвивале одредени активности, дружења, екскурзии, за да во 2005-та година, со помош на...

Continue reading

avtopat izgradba

Метар по метар се раѓа автопатот Охрид – Кичево

Post Views: 9 Метар по метар вредните работници трпеливо ја создаваат траекторијата по која ќе минува новиот автопат. Теренот со исклучително непријатна конфигурација претставува вистинска опасност за работниците, кои со своите машини го пробиваат теренот, пишува „Нова Македонија“. Долгогодишниот сон на граѓаните на Кичево и на Охрид за автопатско поврзување помеѓу овие два града почнува да се реализира. Моќните машини и вредните раце на градежниците на кинеската компанија „Синохидро“ и домашните компании „Гранит“, „Трансмет“ и „Илинден“ секојдневно, од утро до вечер, некогашната...

Continue reading

crkva vranista

Се подготвува голема музејска поставка во Враништа

Post Views: 0 НУ Музејот д-р Никола Незлобински подготвува интересна музејска поставка во Враништа, струшко. Целокупната археолошка материја од локалитетите во Враништа што се откриени изминативе 50 години ќе бидат презентирани пред научната и стручна јавност, како и пред сите љубителите на културното наследство. Директорот проф. Д-р Сашо Цветкоски, вели дека овој битен проект е дел од теренската програма која музејот треба да ја реализира до средината на оваа година. „Значи тоа ќе го изложиме и ќе го презентираме во една интересна збирка која ќе опфати период од праисторија до среден...

Continue reading

zatvor

Страшните тајни на малолетничкиот затвор во Велес

Post Views: 0 Надвор од контрола е она што се случува во малолетничкиот затвор во Велес алармира народниот правобранител. После двете силувања на малолетници во затворот, во велешката полиција е пријавен нов инциден, објавува „Телма“. Од таму детали не откриваат ниту за напаѓачот ниту за жртвата но велат дека е настанот е сличен на претходнитево кои деца силуваа деца. Според правобранителот ова ги преминува сите граници. Иџет Мемети вели, во двата претходни случаи се јавува ист силувач, а најстрашно е што стражарите воопшто не пријавиле. Повика владата да преземе нешто оти до сега...

Continue reading

trska

Изгоре трската во Подмолје

Post Views: 2 Изгоре голема површина на трска кај Подмолје. Пред два дена, сите оние кои поминаа по стариот пат Охрид – Струга имаа можност да забележат како пламените јазици проголтаа добар дел од трската, која претставува природен филтер. Екологистите потсетија кое е значението на заедниците на трска. „Со уништување на трската, не се уништива само како растение, туку се уништуваат и живеалиштата на птиците, нивните гнезда, потоа живеалиштата на ципровидните риби исто така се уништува и трската која што значи природен прочистувач на водите од Охридското Езеро  и комплекс кој што...

Continue reading

oliver dvojakoski

Македонскиот млад кошаркар Довјакоски, наскоро во кампот на Џордан

Post Views: 6 Македонскиот кошаркарски талент, Оливер Двојаковски, добил покана да учествува во еден кампот на Мајкл Џордан, кој е еден од најпрестижните кампови за млади кошаркари во светот. Младинскиот репрезентативец на Македонија веќе две години настапува за Кахасол од Севиља. Европското издание на кампот на Џордан ќе се одржи во Барселона од 1. до 3. март. Покана за учество во кампот, според прецизна селекција добија 40 најталентирани европски кошаркари родени 1997 година. На „Џордан Бренд“ Европскиот Камп, во текот на трите дена, Оливер Двојаковски ќе има можност да работи...

Continue reading

smetki

Кои сметки застаруваат за една година?

Post Views: 1 Според Законот за облигационите односи со застареноста престанува правото да се бара присилно исполнување на обврската. Обврската може да потекнува oд договорен однос, од еднострана изјава на волја, од причинување на штета, од стекнување без основ или од работоводство без налог, а може според својата содржина да се однесува на одредено давање, сторување, несторување или трпење. Застареноста настапува кога ќе истече определеното време со закон во кое доверителот можел да бара исполнување на обврската. Значи со застареноста по истекот на определеното време се губи правото...

Continue reading

kontener

Струга ја подобрува хигиената

Post Views: 1 Струга ја подобрува хигиената. Сега речиси и не може да се забележи неподигнат смет од контејнерите или расфрлан смет по улиците. Повеќето од граѓаните кои ги анкетиравме беа задоволни од грижата на ЈП Комунално Струга, за хигиената во градот. Првиот човек на ЈП, Гарип Каба, вели дека со домаќинско работење и соработка со граѓаните, веќе резултатите биле видливи. Но според него тоа не е доволно и треба уште повеќе да се залагаат за градот да светне во пресрет на туристичката сезона. Каба не крие дека на почетокот од преземањето на неговата обврска како директор, јуни...

Continue reading

Општина Охрид распиша јавен повик за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици

Post Views: 5 Општина Охрид ќе врши обезбедување на остварување на социјална заштита на граѓаните од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици. Субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за 2019 година. Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 670, 00 денари месечно за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненети: Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој корисник на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top