Ознака: кои

kalkulacii

Ги брка ли Охрид инвеститорите со високите комуналии?

Post Views: 11 Деновиве ТВМ во континуитет ја обработува темата комуналии за изградба на хотелски објекти, иницирани од неколкуте  донесени одлуки и правилници, што од локалната а што од централната власт за начинот на определување на оваа давачка.Го побаравме ставот од локалната за висината на комуналиите при изградба на хотелски објекти во Охрид. Раководителот на Одделението за уредување на градежно земјиште, Емин Селман беше работно отсутен од градот па не упати за сите нејаснотии што ги имаме во врска со темата да се обратиме кај раководителот на Секторот за урбанизам, Бранко...

Continue reading

gim

Најпривлечно за упис гимназиското образование

Post Views: 5 Во трите охридски државни средни училишта заврши првиот уписен рок. Во СОУ „Св Климент Охридски“ и понатака е најпривлечно за упис гимназиското образование каде што е најголем бројот на запишани средношколци.Од планираните 442 ученици во трите насоки, во гимназиското образование се запишале 211 ученици. Потфрлање има во еконоското училиште каде  од 78 слободни места се примени 58 ученици. Во здравствената струка  од 34 се запишале 16 ученици,а  има уште 18 слободни места. Во првиот уписен рок во оваа образовна институција  биле одбиени  66 основци од сите струки кои...

Continue reading

welcome

И од Министерство за транспорт и врски велат „многу е“

Post Views: 0 Што презема општината за да обезбеди поволни услови за инвестирање во туризмот и во таа насока, привлекување на познати хотелски брендови на охридската ривиера? Дали политиките за развој на туризмот на локално и централно ниво одат во иста насока? 1500 евра комуналии за м2 кои треба да ги искешира инвеститор доколку сака да гради хотел во Охрид. Ова е темата која ТВМ  ја начна испровоцирани од оваа фантастична цифра утврдена со одлука на Совет минатата година. И од Министерството за транспорт и врски се согласуваат дека сумата е превисока. Портпаролот Драган Симоноски...

Continue reading

konferencija mak. jazik

Академиците со осврт кон делото на Гане Тодоровски

Post Views: 1 Лесно е да се сеќаваш на оние кои оставиле голема оставнина зад себе. Посебно ако оставнината се сите дела и размисли, запишани од единствениот поет и академик, Гане Тодоровски. Неговото име и неговото творештво добија посебен осврт на 39та меѓународна конференција за македонски јазик. Голем број поети, професори и академици, но и негови блиски пријатели ги споделија сопствените сеќавања на поетот, но и начините на кои неговата поезија допрела до секој еден од нив. Огромно влијание поезијата на Гане Тодоровски има и врз неговиот син, Бојан кој вели: „Тој беше голем визионер...

Continue reading

mobing

Мобери внимавајте

Post Views: 6 Пет до седум илјади евра казна за моберите. Ова го предвидува предлог-законот за заштита од мобинг кој го подготви Сојузот на синдикати на Македонија.Овој предлог закон во наредниот период ќе биде предаден на економско-социјалниот совет и до Владата на Македонија за да биде ставен во процедура. Потребата од едена ваков закон се јави затоа што се поголем е бројот на работниците врз кои се врши мобинг. Според податоците добиени од последната анкета спроведена од Сојузот на синдикати на Македонија 40 отсто од испитаните работници во Македонија, се незадоволни од она што...

Continue reading

lokalna

Локална :Советникот Паноски од Владата нека побара намалување на цените кои секојдневно растат

Post Views: 1 Во реакцијата од Кабинетот на градоначалникот на иницијативата на советникот Дејан Паноски за намалување на висината на цените  на јавните услуги, стои: Советникот на ВМРО- ДПМНЕ  Дејан Паноски , доколку вистински се грижи за стандардот на граѓаните , кои поради лошото владеење на неговата партија се на работ на сиромаштијата, нека побара Владата да ги намали цените кои секојдневно се покачуваат. Нека побара од Владата  на ВМРО- ДПМНЕ , надлежните министерства и државните јавни претпријатија намалување на цените на нивните услуги, на  електричната енергија, телефонот...

Continue reading

most

Зошто им се стемнува на светилките во градов

Post Views: 1 Мостот на желбите повторно потона во мрак. Дел од канделабрите на овој мост беа искршени од несовесни граѓани. Локалната откако во неколку наврати реагираше на ваквите недолични појави што со апели што со предупредувања, овојпат изнајде соломонско решение. Сашо Велјаноски,самостоен помлад соработник во јавно осветлување во Локалната вели; За да не биде мостот на желбите обвиен во мрак дел од канделабрите ги поставивме на карпите. Велјаноски објаснува дека интервенциите од овој вид не се единствени. Тие континуирано работат на сервисирање на светилките низ градов. Затоа...

Continue reading

turisti

Ни престои ли успешна туристичка сезона?

Post Views: 1 „Ако денот се познава по утрото“, тогаш на Охрид му престои успешна туристичка сезона.  Радува фактот што изминативе месеци но и на стартот на главната туристичка сезона охридските хотели се исполнети со странски гости. Туристичките работници се едногласни дека најголема заслуга за ова се балканските тури, од кои дел е и Охрид. Туристичката агенција „Летс травел груп“ е една една од ретките агнеции во земјава која работи со incoming  туризам, поточно агенција преку која гостите доаѓаат во Охрид. „ До сега имеме реализирано доста групи кои почнаа од крајот на март, април,...

Continue reading

voda

Водите на охридските капалишта чисти

Post Views: 7 Температурата на водата во Охридското езеро изнесува 20 степени целзјусови. Се поголем е бројот на капачи кои спасот од високите температури го бараат во езерските води. И годинава капачите  ќе се безбедни и ќе можат спокојно да спортуваат  и да се рекреираат. Во прилог на љубителите на пливањето и водените спортови одат резултатите од  последната анализа направена во  Центарот за јавно здравство. Екипите од Центарот зеле мостри од 30 мерни места, в долж охридското и струшкото крајбрежје, за да го испитаат хемискиот и микробилошкиот квалитет на водата, информира бромологот...

Continue reading

gali

Започнува летниот сообраќаен режим

Post Views: 3 Од денес, на повеќе охридски улици започнува примената на летниот сообраќаен режим. На последната седница, посебен режим на еднонасочен сообраќај, советниците донесоа и за неколку улици во населбата Билјанини извори. На 4 -те улици: „Галичица“, „Ванчо Питошески“, „Мирче Ацев“ и  „Карпош Војвода“, еднонасочниот сообраќај ќе се одвива кон и од улицата „Јане Сандански“, која се сече со овие улици, информира Зоран Шикалоски од Фондот за комунален развој. Сообраќајниот тек е испланиран за граѓаните да не вртат големи кругови, а со цел да се спречат сообраќајните незгоди на...

Continue reading

trpejca protesti

Трпејчани откриваат нови детали за „ИВИРЕ“

Post Views: 0   Трпејчката мрежа полека се одплеткува. Од месната заедница на Трпејца денеска ги обелоденија: датумот на  донесувањето на решението и заклучокот за рушење на спорните објекти на „ИВИРЕ“ и датумот на поднесувањето на барањето за легализација на истите. „Решението и заклучокот за рушење на дивите градби кои се градени на државен имот општинскиот градежен инспекторат ги има издадено на 14 и 15 јули 2011 год. Потсетуваме на уште еден клучен момент, а тоа е дека дивите градби се доградувани по донесувањето на  законот за легализација март 2011 год. И она што е најважно...

Continue reading

defibrilator

Апарат кој живот спасува

Post Views: 0 Организацијата на Црвениот Крст на Македонија, ниво на држава, ке ја врши обуката за ракување со полуавтоматските надворешни дефибрилатори.Истои така и општинската организација од Охрид, наскоро ќе ја спорведува оваа обука за граѓаните и институциите кои според закон треба да ги поседуваат истите. Во обуката се вклучени тренери по прва помош и други медицински лица. Со дефибрилаторите може да работи секој граѓанин, после поминатата соодветна обука.Младен Божиновски, од О.О. на „Црвениот Крст“ информира дека одредени правни субјекти веќе пројавуваат интерес за обуката...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top