Апарат кој живот спасува

Општинската организација на Црвениот Крст од Охрид, наскоро започнува со спроведување на обуката за ракување со полуавтоматски надворешни дефибрилатори.

 |  Голабовски Крсте  | 
defibrilator
дефибрилатор

Организацијата на Црвениот Крст на Македонија, ниво на држава, ке ја врши обуката за ракување со полуавтоматските надворешни дефибрилатори.Истои така и општинската организација од Охрид, наскоро ќе ја спорведува оваа обука за граѓаните и институциите кои според закон треба да ги поседуваат истите. Во обуката се вклучени тренери по прва помош и други медицински лица. Со дефибрилаторите може да работи секој граѓанин, после поминатата соодветна обука.Младен Божиновски, од О.О. на „Црвениот Крст“ информира дека одредени правни субјекти веќе пројавуваат интерес за обуката за ракување со овие медицински апарати.A обуката за нивната употреба е веќе дел од сите курсеви за прва помош.

ekipa„Ние имаме тековни обуки и специјализирани курсеви по прва помош, дефибрилаторите ги имаме на располагање, имаме и ресурси и потенцијал, но има и доста заинтересирани, на самиоте курсеви спомнуваме дека ги имаме, а тука е интересот на населението за работа со самите дефибрилатори“, вели Божиновски.

Инаку овие апарати не се наменети за службите од итната медицинска помош. Ова се апарати направени за лаици. Го користат спасителите на плажа, се лепат само лепенки и не треба ништо повеќе, објаснува Даниел Наумовски, од Црвениот Крст од Охрид. Едниствено нешто кое треба да се знае е правилно укажување на срцево-белодробно оживување, или порано познато како вештачко дишење, обука која трае, 2-3 часа и доволни се некаде 20 минути едно  лице да научи да ракува со овој надворешен автоматски дефибрилатор, додава Наумовски.Шансите да му се помогне на живото загрозеното лице со овој апарат се до 90%, а место за паника и сомнеж кај оние кои треба со овој апарат да ракуваат нема.

defibrilator„Прво не би требало да се плашат, зошто ако знаат да ги употребуваат,нема од што да се плашат. Второ, ако не успеете да го вратите, барем сте се обиделе да го вратите во живот, тоа е подобро, пробав, не успеав, отколку избегав“, дециден е Наумовски.

О.О. На црвениот Крст од Охрид располага со 20 меѓународно обучени луѓе за работа со овие апарати, кои стојат на услуга на сите заинтересирани субјекти, како за нивна внатрешна употреба, така и при организација на големи настани и манифестации, каде присуството на екипите на Црвениот Крст е задолжително.Според новиот Закон за здравствена заштита, здравствен пункт со дефибрилатор мора да имаат државните органи, правосудните органи, единиците на локалната самоуправа,трговски друштва со над 100 вработени, како и хотели со капацитет над 100 легла.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top