И од Министерство за транспорт и врски велат „многу е“

Што презема општината за да обезбеди поволни услови за инвестирање во туризмот и во таа насока, привлекување на познати хотелски брендови на охридската ривиера? Дали политиките за развој на туризмот на локално и централно ниво одат во иста насока?

 |   | 
welcome
welcome

ConciergeШто презема општината за да обезбеди поволни услови за инвестирање во туризмот и во таа насока, привлекување на познати хотелски брендови на охридската ривиера? Дали политиките за развој на туризмот на локално и централно ниво одат во иста насока?

1500 евра комуналии за м2 кои треба да ги искешира инвеститор доколку сака да гради хотел во Охрид. Ова е темата која ТВМ  ја начна испровоцирани од оваа фантастична цифра утврдена со одлука на Совет минатата година. И од Министерството за транспорт и врски се согласуваат дека сумата е превисока.

Портпаролот Драган Симоноски со став дека политиката на Локалната треба да биде во согласност со политиките на Владата на Р. Македонија за развивање на туризмот и привлекување на нови инвестиции, а одредувањето на високи износи на трошоци за комуналии не се од помош.

OhridДоколку од страна на општината се носат поголеми цени кои треба да ги плаќаат идните инвеститори, компаниите ќе размислат дали да инвестираат во нови хотелски објекти, вели Симоноски.

Портпаролот не информира дека владата прави напори да подготви добар терен од аспект на законските рамки за привлекување на познати ланци на хотели да го донесат својот бренд  кај нас. Согласно одлука на Владата,  уште минатата година се направени измени во правилникот за утврдување на висината на комуналиите и во истите е предвидено за објекти наменети за угостителство, за хотелски објекти и за одморалишта, коефициентот кој се пресметува за надоместок за комуналии да изнесува 0,05.

Што значи ова за Охрид? Доколку се гради хотелски објект во градов, инвеститорот, според последната одлука на Советот на општината, која се однесува на уредување на висината на комуналиите, би требало да плати 90.000 ден по м2. Државата пак, според своите надлежности, донесува правилник според кој комуналиите се 5% од оваа сума, но тоа важи за градење на државно земјиште. Државното земјиште се продава по пат на јавен оглас и во него се доуредуваат условите.

МТЦ„Коефициентот за овие објекти е 0,05, што значи дека се даваат поволности за идните инвеститори, сите оние големи компании кои сакаат да влезат, токму затоа во самите огласи кои се објавуваат се даваат и услови компаниите да бидат компании кои поседуваат ланци на хотели и да бидат способни да изградат виски туристички капацитети односно хотели со високи категории“ – Драган Симоноски, портпарол на Министерство за транспорт и врски.

Тоа можеби до некаде го амортизира проблемот наречен 1.500 евра комуналии, но не го решава.  Целта на оваа измена на правилникот е да се подобрат условите односно да се овозможат нови инвестиции во делот на туризмот, велат од Министерството за транспорт и врски, и додаваат дека тие очекуваат соработка и од единиците на локална самоуправа. Затоа што и 5% од 90 000 денари, односно 4 500 денари, претставуваат  висока сума на име комуналии.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top