Ознака: кои

ohridska sofra

Охридска софра во Скребатно

Post Views: 7   Охридска софра во Скребатно. Утре со почеток во 9 часот во ова познато излетничко место ќе се подготвуваат познатите охридски специјалитети кои ќе може и да се дегустираат. Манифестацијата е организирана од Локалната самоуправа, а преставува симбиоза на повеќе манифестации. Во неa влегува и познатата охридска Ѓомлезијада. Целта на оваа манифестација е да се види начинот на подготвување на нашите охридски специјалитети кои може да се пробаат по рестораните и хотелите, рече Ѓоко Апостоловски-раководителот на ТЛЕР. Оваа манифестација е дел и од програмата на Министерството...

Continue reading

Научниците загрижени со уште еден проблем

Post Views: 0 Последните години забележано е ширум светот во морињата и океаните дека  е се поголем бројот на медузите, феномен кој научниците го припишуваат на прекумерниот риболов и на климатските промени. Медузите денес се присутни во сите океани и мориња без разлика на температурта на водата. На истражувачите им е тешко да го предвидат развојот на оваа глобална инвазија бидејќи не располагаат со информации за развојот во минатото. Најпогодени се рибарите, особено оние кои ловат околу Јапонија. Медузите кои се размножуваат во тие води се изузетно големи и тешки. Мрежите каде тие...

Continue reading

trotoari

Проблемот со паркирани автомобили по тротоарите, локалната ќе го решава со катни гаражи

Post Views: 2 Автомобилите на тротоар, пешаците на улица. Ваква е сликата на голем број од охридските улици особено во летниот период кога и фреквенцијата на возила е далеку поголема. Колони на возила паркирани на места кои што не се предвидени за тоа, а уште полошо, места кои се наменети за движење само на пешаците. Тие пак се приморани да се снаоѓаат како знаат и умеат. Револтирани се од ваквата состојба, но најголемиот дел од граѓаните кои ги сретнавме, сметаат дека причината за блокираните тротоари пренатрупани со автомобили, лежи во немањето доволно паркинзи. „Пречат, секако...

Continue reading

Исчезнувањето на малезискиот авион било добро испланирно

Post Views: 6 Пилот и новинар, авторите на книгата “Добра ноќ Малезија 370”, повеќе месеци ги анализирале сите докази за исчезнувањето на авионот и дошле до шокантни откритија. Исчезнувањето на малезискиот авион MH370 бил добро испланиран и ни малку случен настан. Ова го тврдат во својата книга новозеландските автори Ewan Wilson, пилот на комерцијални авионски летови и Geof Tylor, новинар во Waikito Times. Wilson рекол, а пренесува Daily Mail, дека нивниот заклучок во книгата “Добра ноќ малезија 370” ќе ги шокира сите оние кои патуваат со авиони. “По прв пат ја претставуваме деталната...

Continue reading

Ohridsko leto

Завршува 40 дневната дружба со фестивалот Охридско лето

Post Views: 5 52 реализирани термини, 10 театарски претстави од кои 6 премиери, 30 музички настани. Нови инструменти, промоција на недвиќно културно наследство, изложби на современ накит, графики и минијатури. Богата и професионална соработка со медиумите, нови сцени…Според директорката на Охридско лето, Елизабета Јанкуловска, ова се само дел од успесите кои ги постигнале на годинешното издание на Охридско лето. „На сцените во црквата Света Софија, Антички театар, предворје, дворот на училиштето Свети Климент, Куќата на Уранија, предворјето на хотел Палас, настапија 770 уметници...

Continue reading

локална

Локалната самоуправа ќе им помага на опожарените охридски семејства

Post Views: 7 Локалната самоуправа ќе им помага на опожарените охридски семејства. Само во текот на оваа година се случија четири пожари на семејни куќи во градов. Последниот случај беше пред пет дена кога изгоре домот на шестчленото семејство Рустем. Преставници од локалната го посетиле ова семејство, а денес со нив се видел и портпаролот на Локалната, Томе Џамтоски кој им ја објаснил постапката која треба да ја запазат за да можат да добијат помош од локалната. Уште претходниот совет на Општина Охрид донесе одлука да им се помага на семејствата кои се затекнати од некои елементарни...

Continue reading

деца

Јагма за место во охридските градинки

Post Views: 4 Над 145 деца се на листа на чекање за место во 5-те градинки на ЈДУ „Јасна Ристеска“. Во моментов реално според капацитетите, нема место ниту за едно од овие деца. Од 15- ти август дневно пристигаат и по 20 барања за место во градинката што ги надмина нашите очекувања, информира директорката на детската установа  Роза Костеска . Тоа е бројка која и кога би се изградиле два нови објекти  не би ги задоволиле сегашните потреби. Со децата кои треба да посетуваат продолжен престој оваа бројка би достигнала и до 750 деца за кој нашите градинки  немаат  капацитет, вели Костеска....

Continue reading

lideri

Отворена четвртата школа за млади лидери во Охрид

Post Views: 11 Школата за млади лидери, по четврти пат отворена во Охрид. И оваа година, нови 40 студенти ќе ги развиваат своите лидерски вештини во најразлични области. Денес, претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, на чија иницијатива е создадена оваа школа ја пречека четвртата генерација на студенти која започнува со работа, но и учесници од претходните генерации на Школата за млади лидери. Ова се нивните очекувања и импресии. „Очекувам најпрво да ги проширам своите познавања, теоретски, со искуства од некои експерти во практичен дел. Очекувам да ги прошириме нашите...

Continue reading

galicica akcija

„Македонија без отпад 2013“

Post Views: 3 Македонија дел од глобалната акција „Ден без отпад“. Со кампањата „Македонија без отпад 2013“ нашата земја им се приклучува  на 100 те земји ширум светот кои ја поддржуваат оваа акција. Еден ден доброволци претставници на граѓанските асоцијации го посветуваат на чистење на државата, односно Националните паркови, улиците и.т.н. Како што изјави раководителот на Секторот за управување со отпад при МЖСПП Ана Каранфиловска Мазневска акцијата денес истовремено се спорведува на трите НП. Галичица, Пелистер и Маврово. „Денес во Охрид ќе ги чистиме Корите и Јадера како и целиот...

Continue reading

socijalna pomos

Акцијата „Се грижиме за топол дом“ на дело во Охрид

Post Views: 5 Покуќнина за семејството Шемо од улица Бистрица, чиј дом изгоре минатата година. Тие се меѓу првите во Охрид, кои добија гарнитура за дневна соба , машина за перење, шпорет, телевизор, поточно  комплетна покуќнина благодарение на акцијата „Се грижиме за топол дом“, од министерството за труд и социјлна политика. Покуќнината на семејството им ја предаде лично министерот за труд и социјална политика, Симе Спасов кој попладнево ги посети придружуван од секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, претседателката на совет Гордана Коњаноска  и советници.  Министерот Диме...

Continue reading

ezero

Комисијата од Унеско доаѓа во Охрид

Post Views: 3 Министерството за култура упатило покана до Комисијата од Унеско да го посети Охрид и езерото, информира портпаролот Анита Јованоска.  Според портпаролот на ресорното министерство станува збор за  формална  покана. „ Согласно Правилникот на Унеско сите градови и држави кои се на листата на заштита под Унеско, имаат обврска да ја информираат Комисијата на Унеско за сите аспекти од реализацијата на проектот.  Министерството за култура преку Националнат комисија за Унеско постојано има соработка и координација со Унеско и ги информираат за сите аспекти од реализацијата...

Continue reading

upisi fakulteti

Започна трката по студентски индекс

Post Views: 4 Државните универзитети ги отворија вратите за академската 2013/2014 година. На Факултетот за туризам и угостителство очекувана навала и голема заинтереситаност, за студирање на овој факултет. Кандидатите со точно дефинирани ставови,  на која насока сакаат да го продолжат своето образование.   Од ФТУ потврдуваат дека и годинава имаат голем интерс за запишување на понудените студиски програми. Проф.д-р. Ирина Петровска,  претседател на уписната комисија,  вели  дека годинава на ФТУ можат да се запишуваат студенти и на новата студиска програма „Менаџмент на услужен сектор...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top