Исчезнувањето на малезискиот авион било добро испланирно

Шокантно откритие на пилот и новинар

 |  инфодеск  | 

Пилот и новинар, авторите на книгата “Добра ноќ Малезија 370”, повеќе месеци ги анализирале сите докази за исчезнувањето на авионот и дошле до шокантни откритија.

Исчезнувањето на малезискиот авион MH370 бил добро испланиран и ни малку случен настан. Ова го тврдат во својата книга новозеландските автори Ewan Wilson, пилот на комерцијални авионски летови и Geof Tylor, новинар во Waikito Times.

Wilson рекол, а пренесува Daily Mail, дека нивниот заклучок во книгата “Добра ноќ малезија 370” ќе ги шокира сите оние кои патуваат со авиони.

“По прв пат ја претставуваме деталната анализа на комплетниот лет, неверојатната рута по која летал, а која е причина поради која се верува дека се срушил во Индискиот океан”, рекол Wilson.

Ewan, кој бил претседател на управата на две авионски компании и експерт за безбедност во сообраќајот, рекол дека детално го анализирале секој доказ како и различните сценарија и дека по систем на елиминација дошле до шокантни и неверојатни заклучоци кои се наоѓаат во книгата.

Авторите на книгата разговарале и со надлежните институции во Малезија и со членовите на фамилијата на пилотот на MH370, Zaharie Ahmad Shah. Tylor тврди дека повеќе од очигледно е дека властите во Малезија не сакаат да ја кажат вистината за исчезнувањето на авионот по кој се трага повеќе од три месеци.

“Исчезнувањето било добро испланирано и не било случајно и не смеело да се случи”, порачуваат авторите, кои предлагаат воведување на систем на следење во авионите, како би можеле да се следат во секој момент.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top