Ознака: кои

седница

Основците 3 ден без струја, локалната бара „чаре“

Post Views: 3 Опозицијата во градскиот совет, на почетокот на денешната седница, предложи итна расправа за состојбите во ОУ „Григор Прличев“. Побараа   информација од службите на градоначалникот за настанатиот проблем.  Со 8 гласови „За“ и 13 „Воздржан“, советот не го прифати предлогот. Димитар Спасеки , секретарот на локалната самоуправа, за медиумите изјави  дека работат на 2 акциони планови за одблокирање на сметаката на училиштето. Уште вчера се воделе преговори со адвокатските тимови на сопствениците кои ја блокирале сметката  и можноста за времено одблокирање на сметката. Потенцира...

Continue reading

Microsoft добил 200.000 повратни информации од корисниците за Windows 10

Post Views: 1 Дали на крајот Windows 10 ќе биде точно она што корисниците, но и самиот Microsoft, го сакаат и го очекуваат, тешко е да се каже, но ако се суди според иницијалната верзија за тестирање, работите се интригантни и интересни. На официјалниот блог, еден од корисниците на Microsoft, Јое Belfore, објавил податок дека само минатиот викенд на Windows Insider, кој овозможува превземање и тестирање на Windows 10, се регистрирале преку милион корисници. Дали веднаш го инсталирале не е познато, но истакнато е дека 200.000 корисници му вратиле на Microsoft за тоа како го перцепирале...

Continue reading

teatar ucenici

Охридските гимназијалци се покажаа на сцена

Post Views: 5 Сценски импровизираниот охридски чинар ја раскажа „разгледницата за Охрид“. Сите приказни кои се плетат под неговите гранки, од љубовни, озборувачки и што уште не, ги пренесоа охридските средношколци од ОСУ „Св Климент Охридски“ во истоимената театарска претстава „Разгледница за Охрид“. Од тука произлезе и пораката дека креативноста, соработката и прифаќањето на разликите се двигател за меѓусебно разбирање и соживот. Раководителот на проектот на УСАИД за меѓутничка интеграција во образованието, Небојша Мојсоски, истакна дека нивните очекувања биле исполнети, а целта...

Continue reading

ovoshje

Зошто овошниот сок не смее да се вбројува во здрави намирници?

Post Views: 7 „Една чаша овошен сок“ – вака започнуваат повеќето диети или советодавни мислења за живеење на здрав живот. Но, експертите порачуваат дека таа чашка здравје би можела повеќе да ви штети отколку што можете да замислите. Експертите тврдар дека овошните сокови содржат доволно шеќер за да се зголеми ризикот од одредени типови на рак, наместо да делуваат кон негово спречување. Додека сокот се обработи и спакува, повеќето состојки од овошјето кои го штитат организмот од тумот се губат, пишува Daily Mail. Истражувачи од Австралија се обиделе да утврдат колку се делотворни...

Continue reading

Nikola Tesla

Тесла пред ЦЕРН, патувањето низ времето не е невозможно

Post Views: 4 Она што сега ЦЕРН сакаат да го докажат околу неутрините, Никола Тесла го открил уште пред 80 години, само баш и не можел да го докаже. Тесла во 1932-та напишал дека постојат мали честички, со мал набој – неутрини, кои патуваат побрзо од светлината. Сега истото го велат и од ЦЕРН, по експеримент со сноп неутрини кои поминале 732 километри за 60 наносекунди побрзо од светлината.Ако неутрините навистина патувале побрзо од светлината, без да е тоа резултат на пропусти и лоши пресметки, тогаш тоа го можат и други честички и други тела. Тоа пак може да значи дека патувањето...

Continue reading

grcka kujna

Студентите од ФТУ учеа грчки специјалитети

Post Views: 12 Традиционалната грчка кујна и музика денес беа дел од амбиентот на ФТУ Охрид. Студентите имаа една несекојдневна можност од врвните мајстори на грчката кујна да научат како се подготвуваат дел од грчките јадења, суфлаки, гиро, брускети, реванија. Нашата интенција е да направиме високо профилирани кадри кои ќе излезат на пазарот и ќе бидат конкурентни, вели професорката Ангела Василеска. Додава дека вратите на факултетот се широко отворени за сите угостители кои сакаат да соработуваат со нив. „Јас постојано велам дека имаме една стандардизирана монотона понуда во нашите...

Continue reading

pazar

Органското производство на храна сеуште „ баук“ за охридските земјоделци

Post Views: 2 Во охридскиот реон засега пчелар од Трпејца е  единствен сертифициран производител на органска храна. Интерес за ваков начин на производство покажуваат и други  земјоделци, овоштари и сточари, но тешко се одлучуваат на таков чекор. Заинтересираните  денес имаа можност да го дознаат  процесот како да  станат производители на органскa храна. Тоа им го овозможија од  секторот за локален економски развој и канцаларијата за поддршка во земјоделството, при Локалната самоуправа.   „ Интересот е голем. Секојдневно се јавуваат луѓе во  канцеларијата за тоа како да дојдат до сертифицирани...

Continue reading

ohrid

Охрид заедно со Пловдив ќе развива образовен туризам

Post Views: 7 Охрид заедно со Пловдив ќе развива образовен туризам. Овие два града веќе работат на создавање пакет аранжмани за учениците, студентите и професорите кои ќе можат да патуваат во Македонија и Бугарија и да се запознаат каков е образовниот систем во овие две земји. Идејата ни е сите училишта кои го носат името на Св. Климент Охридски заедно со универзитетот во Софија да можат да испратат ученици и професори во Охрид во посета на училиштата кои тука се викаат Св. Климент Охридски. На овај начин нашите ученици ќе ги видат убавините на Охрид , а вашите ученици на Пловдив...

Continue reading

emo

Седумдесеттина вработени во АД ЕМО решение за своите судбини денес побараа во локалната самоуправа

Post Views: 1 Маката денес натера седумдесеттина вработени во АД ЕМО од Охрид решение за своите судбини да побараат во локалната самоуправа од Охрид. Неисплатени плати, придонеси, извршни решенија и нерешен статус околу рестартирањето на фабриката. Ова е дел од проблемите за кои тие побараа помош од локалната. Претседателот на синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на Република Македонија, Пеце Ристевски, вели дека кога ја побарале средбата со секретарот на општината, Димитар Спасески биле свесни дека локалната нема директна надлежност да им помогне, но потенцира дека како...

Continue reading

zagaduvanje

Охриѓани дишат чист воздух без прашина

Post Views: 0 Охриѓани дишат чист воздух без прашина. Ова го потврдуваат анализите од  охридскиот Центар за јавно здравје  измерени во месец октомври. Аерозагадувањето се мери на четири мерни пунктови низ градот во близина кај Општа болница, кај детската градинка „Јасна Ристеска“, кај автобуската станица и на северниот влез во градот. На последното мерно место каде што во близина има раскрница, надвозник и подвозник е забележано и  највисокото  загадување на воздухот. Тука биле евидентирани аероседименти во износ од 121, 85 mg/lit  воздух. Оваа вредност е  многу ниска во споредба...

Continue reading

osloboduvanje

70 години слободен Охрид

Post Views: 0 Охрид го празнува Денот на ослободувањето, 7- ми ноември. Седум децении градот живее во мир со стремеж кон просперитет и благосостојба, секогаш сеќавајќи се со должна почит кон оние кои ги положија своите животи за слободата. Свежо цвеќе беше положено пред спомен бистите на борците Мите Богоески, Петре Пирузе-Мајски, Андон Дуков, Спас Банџов, Јасна Ристеска  и Споменикот на паднатите борци на градските гробишта Охрид.  За минатото на вечно револуционерниот Охрид, во Спомен паркот на револуцијата  историски час одржа професорот Григор Ангеличин. Тој ги потсети присутните...

Continue reading

музеј

Златото на Лихнитида ќе биде изложено на денот на Св. Климент

Post Views: 2 Охриѓани за еден месец ќе го видат Златото на Лихнитида.  Златната соба ќе биде отворена на 8 декември на Св. Климент, патронатот на градот. Припремите за отварање на поставката која ќе содржи 400 златни артефакти се во завршна фаза. Во моментов во печат е даден каталогот кој го работат археолозите Паско Кузман и Нада Почич Кузман, информира Тања Паскали Бунташеска.  Во меѓувреме во Завод и Музеј ќе се вратат експонатите кои се отстапени на изложби дома и во странство. Од јули златната маска, ракавицата и прстенот пронајдени во близина на Горна Порта се изложени во германскиот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top