Тесла пред ЦЕРН, патувањето низ времето не е невозможно

Она што сега ЦЕРН сакаат да го докажат околу неутрините, Никола Тесла го открил уште пред 80 години, само баш и не можел да го докаже.

 |   | 
Nikola Tesla
Nikola Tesla

Она што сега ЦЕРН сакаат да го докажат околу неутрините, Никола Тесла го открил уште пред 80 години, само баш и не можел да го докаже.

Тесла во 1932-та напишал дека постојат мали честички, со мал набој – неутрини, кои патуваат побрзо од светлината. Сега истото го велат и од ЦЕРН, по експеримент со сноп неутрини кои поминале 732 километри за 60 наносекунди побрзо од светлината.
Ако неутрините навистина патувале побрзо од светлината, без да е тоа резултат на пропусти и лоши пресметки, тогаш тоа го можат и други честички и други тела. Тоа пак може да значи дека патувањето низ времето не е невозможно.
cern-eksperimentВо серија експерименти спроведени во соработка помеѓу ЦЕРН и лабораторија во Италија, била регистрирана брзина на субатомските честици од 300.006 километри во секунда.  Потврдувањето на ова откритие значи дека Ајнштајновата теорија на релативитет не е точна.
Тоа би било најголемото откритие во физиката во последните 50 години, бидејќи модерната физика се базира на теоријата дека во вселената не постои поголема брзина од онаа на светлината (299.792 километри во секунда).

За да се потврди или отфрли ова тврдење, експериментот сега треба да го направат две независни лаборатории. Потврда на резултатите би значело дека патувањето низ времето не е невозможно, но дека актуелната технологија не овозможува такво патување.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top