Охридските гимназијалци се покажаа на сцена

Гимназијалците од „Св Климент Охридски“ денес во Центарот за култура ја изведоа театарската претстава „Разгледница за Охрид“. Ова сценско дело  претставува финален производ на креативните работилници од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

 |  Николоска Биљана  | 
teatar ucenici
театар ученици

teatar uceniciСценски импровизираниот охридски чинар ја раскажа „разгледницата за Охрид“. Сите приказни кои се плетат под неговите гранки, од љубовни, озборувачки и што уште не, ги пренесоа охридските средношколци од ОСУ „Св Климент Охридски“ во истоимената театарска претстава „Разгледница за Охрид“. Од тука произлезе и пораката дека креативноста, соработката и прифаќањето на разликите се двигател за меѓусебно разбирање и соживот. Раководителот на проектот на УСАИД за меѓутничка интеграција во образованието, Небојша Мојсоски, истакна дека нивните очекувања биле исполнети, а целта на реализација на проектот била не само се подигне свесноста од потребата за меѓуетничка интеграција туку и да се издвојат сите позитивни пракси и примери кои можат да се применат во образовниот систем.

teatar ucenici„Апсолутно со ова денеска што го видов сметам дека целта е постигната и сум исклучително задоволен како децата сериозно пристапија каква иновативност извадија од нив, креативност и посветеност на тоа што го работеа како продукт. Тоа се карактеристики кои сигурен сум дека ќе ги следат целиот свој живот“.

Професорите од гимназијата кој цели 7 месеци неуморно работеа со групата велат дека успеале да ги зближат и здружат учениците од македонска и турска припадност да работат во една пријатна атмосфера и на крај да постигнат успех.

„Супер беше се дружеа процесот беше долготраен малку макотрпен,  се испадна најдобро благодарение на нас поддршката од директорката и глумците кои не упатуваа и насочуваа затоа што и нас ни е прв пат ние немаме никаккво искуство со подготвување на драмски претстави или импровизации така да јас сум многу задоволен и мислам дека сите кои дојдоа се задоволни.  Децата вредно работеа тие се талентирани имаат свој ентузијазам , вредни се и одговорни, работевме околу 7 месеци, поминавме еден поголем процес на работа претходеа работилници и на крај се сведе на финалниот продукт и произлезе оваа театарска претстава“ – велат професорите.

teatar uceniciУчениците  пак сматаат дека ваквите  активности треба да продолжат затоа што претставуваат место каде што тие можат да ги истакнат своите способности.

„Се усовршивме во повеќе работи, така што тие што не знаеа да пеат почнаа да пеат, почнавме да свириме има многу нешта кои ги научивме преку овој проект.  Се надевам дека ќе успееме и успеавме се надевам стгекнавме појаки знаења, се дружевме, откривме некој таленти кои можеби не ни знаевме дека постојат во нас. Прв пат глумев, незнам, можеби животото ако ме однеси во тие води ќе глумам зошто да не пара се вади од тоа“ – изјавија учениците.

Претставата ја следеа голем број ученици, наставници и родители. Настанот го поздрави заменик градоначалникот на општина Охрид Ангел Јанев и директорката на гимназијата Вера Јовческа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top