Ознака: кои

arhiv

Законската обврска кон архивите, без финансиски трошоци за фирмите и со дополнителни советувања

Post Views: 6 Сите фирми кои во своето работење создаваат документација, според Законот за архивски материјали, мораа до крајот на минатиот месец до одделението на Државниот архив во Охрид, да достават План на архивски знаци и листи на архивски и документарни материјали. Законската обврска на фирмите до крајот на месец ноември до подрачните одделенија на државниот архив да достават План на архивски знаци и листи на архивски и документарни материјали, крена многу врева во јавноста. Се поставија многу прашања, од тоа зошто се чекале последните денови,  дали треба документацијата која...

Continue reading

социајлно

Годишнио расте бројот на охридски двојки кои раѓаат трето дете

Post Views: 2 Секоја година бројот на поднесени барања за родителски додаток расте за околу 50 нови пријави. Годинава  до центарот за социјални работи во Охрид пристигнале 310 барања, а за споредба лани бројката изнесувала 260 додека во 2012 година 200 семејства добиле трето дете и побарале додаток.  Динамиката е задоволувачка  и очекуваме овој број да се задржи и во наредниот период, нагласува директорот на Центарот за социјални работи, Екрем Каљоши. Родителскиот додаток за трето дете изнесува   8.360,00 денари а се прима  во текот на 10 години. Службите се доведувани во ситуација...

Continue reading

dnevnik za gluvi

Прозорец кон надворешниот свет

Post Views: 3 Лора Лазаревска веќе пет години е врската помеѓу информациите и лицата со оштетен слух. Таа секој ден го толкува Дневникот на ТВМ прилагодувајќи ги вестите за лицата со ваков вид на инвалидитет. Нејзин главен мотив за да се занимава со оваа многу одговорна и тешка професија била подршката и желбата на самите лица кои имаат проблеми со слухот. Чуството е прекрасно бидејќи сваќаш дека на овие лица им е потребен ваков дневник затоа што за нив претходно беше невозможно да ги разберат вестите без толкувач. Кога решија јас да го толкувам Дневникот на ТВМ имав голема трема...

Continue reading

bolnica

Нова програма во болничките установи

Post Views: 8 Директорот на Општа болница Охрид, еден ден во неделата после работно време, три часа ќе биде резервиран за пациентите и персоналот. Тоа го налагаат новините од Министерството за здравство вели Љубен Арнаудов, првиот човек на Општа болница Охрид. „Конкретно за нас определивме во четврток од 17 до 20 часот во мојата канцеларија можат да доаѓаат сите лекари кои имаат забелешки пофалби или поплаки исто и пациентите за било кој проблеми, кои сметаат дека ги имаат и дека можат да се решат тука можат да доаѓаат. Ние сме должни тоа јавно да го објавиме на огласни табли“ –...

Continue reading

собрание

Започна постапката за одземање на мандатите на пратениците од СДСМ

Post Views: 1 Започна постапката за одземање на мандатите на пратениците од СДСМ. Собраниската комисија за деловнички и имунитетни прашања на денешната седница, на предлог на нејзиниот претседател Александар Николоски, ја утврди  Предлог-одлуката за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата. Врз основа на Извештајот доставен до оваа Комисија е утврдено дека во периодот од 10 мај до 10 ноември 31 пратеници од опозициската СДСМ не присуствувале, не учествувале, ниту, пак, го известиле претседателот на Собранието дека оправдано ќе отсуствуваат од 40 седници. Но во врска со...

Continue reading

ковач

Охридските занаетчии не поднесле до архивот планови и листи на архивски знаци

Post Views: 8 Охридските занаетчиите до изминувањето на рокот   не доставиле до архивот планови и листи на архивски знаци. Тоа било став на занаетчиската комора на Македонија. Можно е поединци  самоиницијативно и спротивно на  ставот на  Комората да поднесле документи, појаснува Сашо Богоески, претседателот  на Регионалната занаетчиска комора на Охрид. Комората бара изземање од законските прописи за архивски материјал затоа што се ослободени од водење книговоство , завршни пресметки и фискализација. „ Таму пишува да ги чуваме сите документи кои влегуваат и излегуваат во фирмата, а...

Continue reading

Venecija

Македонски павилјон во Венеција

Post Views: 14 Во палатата „Пезаро Папафава“ во Венеција ќе бидат изложени двата уметнички проекта со кои Македонија ќе се претстави на престижното Биенале за уметност, што ќе почне во јуни и ќе трае до ноември. Галерискиот простор се наоѓа во регионот Канареџо, близу до главниот плоштад Сан Марко, а во него досега излагале светски познатите уметници Јоко Оно и Марина Абрамовиќ. Организаторите на нашето учество на големата манифестација велат дека тоа е одлична стартна позиција, бидејќи многумина љубители на уметноста кои редовно го посетуваат Биеналето многу добро го познаваат изложбениот...

Continue reading

apple

Јаболкото е поштетно за забите отколку газираните пијалаци

Post Views: 6 Јадењето јаболко ги оштетува забите четири пати повеќе во однос на газираните пијалаци, велат резултатите од новото истражување. Виното и светлото пиво исто така го зголемуваат ризикот од оштетување на забите, а грејпфрутот кој го консумираме многу поретко, не ги оштетува. Професорот Дејвид Барлет, кој е раководител на стоматолошкиот институт на колеџот „Кинг“ во Лондон и предводник на ова истражување, смета дека не станува збор само за тоа што јадеме, туку како го јадеме. Пијалаците кои имаат ерозивно дејство, особено Кока-колата, не покажале дека се ризични за вашите...

Continue reading

sida

Во Охрид во 2014та не е регистриран ниту еден случај на ХИВ СИДА

Post Views: 0 Во Охрид во 2014та не е регистриран ниту еден случај  на ХИВ СИДА. Последното хив позитивно лице е откриено во април 2013та година. Од почетокот на појавата на епидемијата на СИДА во 1987год, во Охрид се регистрирани 9 случаи од кои осум биле мажи, а една жена и тоа на возраст од 20 до 49 години, а само едно лице е над 55год. Осум од нив починале . Пренесувањето на болеста е хетеросексуално. Во Струга од овај заразен вирус заболеле три лица и сите се починати, а во Дебар едно лице. Лекувањето на заболените е на инфективната клиника во Скопје и таа редовно ги снабдува...

Continue reading

cvekja

Основците од „Св.Климент“ ќе организираат продажна изложба

Post Views: 1 ОУ „Св. Климент Охридски” – Охрид во пресрет на Патрониот празик на училиштето, Новогодишните и Божиќните празници на 01. 12. 2014 во просториите на училиштето организираше работилници со родителите, наставниот персонал и учениците на кои се изработуваа различни украсни предмети наменети за продажба. Одзивот на родителите ги надмина очекувањата на организаторите, со што тие потврдија дека се вистински партнери во многубројните активности што ги организира училиштето. Благодарение на креативноста и вештината на учесниците на работилниците, изработени се голем...

Continue reading

mrtv

Куќните совети и НВО не треба да плаќаат радиодифузна такса

Post Views: 4 Куќните совети, невладините организации, синдикалните организации и други слични здруженија на граѓани не се обврзани да плаќаат радиодифузна такса. Вака официјално се изјасни собраниската Законодавно-правна комисија, која по барање на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димеска, го толкуваше членот од Законот за радиодифузната дејност кој пропишува дека правните лица се должни да ја плаќаат оваа јавна давачка.Барањето на Димоска следуваше откако решенија за наплата на радиодифузна такса добија и новоформираните заедници на станари, како и многу невладини организации...

Continue reading

opstina

Истражување : Граѓаните бараат поголема транспарентност на локалната

Post Views: 2 Транспарентноста на локалната самоуправа треба да биде многу поголема. Вака сметаат испитаниците кои биле опфатени со истражувањето спроведено од Локалната агенција за развој од Струга, насловено „Каква е мојата општина“. Во ова истражување опфатени биле групи од по пет случајно избрани граѓани како и една анонимна фокус група составена од 5 новинари. Во делот на транспарентноста пред новинарите кои секојдневно работат со информации кои потекнуваат од локалната самоуправа, заклучокот во ова истражување е следниот: „Локалната самоуправа, она што е исто така важно е да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top