Прозорец кон надворешниот свет

Специјалното издание на Дневникот на ТВМ, прозорец кон надворешниот свет за лицата со оштетен слух. Телевизија ТВМ, заедно со Локалната и Лајанс клубот „Охрид„ на оваа категорија граѓани им овозможуваат навремен пристап до секојдневните информации кои се од пресудно значење за нивно нормално функционирање и инклузија во општествениот живот.

 |  Јаковлева Лионела  | 
dnevnik za gluvi
дневник за глуви

Лора Лазаревска веќе пет години е врската помеѓу информациите и лицата со оштетен слух. Таа секој ден го толкува Дневникот на ТВМ прилагодувајќи ги вестите за лицата со ваков вид на инвалидитет. Нејзин главен мотив за да се занимава со оваа многу одговорна и тешка професија била подршката и желбата на самите лица кои имаат проблеми со слухот.дневник за глуви

Чуството е прекрасно бидејќи сваќаш дека на овие лица им е потребен ваков дневник затоа што за нив претходно беше невозможно да ги разберат вестите без толкувач. Кога решија јас да го толкувам Дневникот на ТВМ имав голема трема и чуствував огромна одговорност бидејќи не е воопшто лесно информациите да ги преведиш со толковниот јазик, но желбата да им се помогне на глувите лица ја потисна тремата, вели Лазаревска.

slavica stefanoskaТаа објаснува дека толковниот јазик има многу помалку знаци од обичниот говор па треба една информација да се протолкува на многу едноставен начин за да можат глувите лица да ја разберат. Во градов има само тројца толкувачи кои моментално се доедуцираат и треба да полагаат за да добијат лиценца за толкување. Лазаревска вели дека толкувачи се потребни не само во медиумите туку пред се во сите институции како глувите лица би можеле нормално да функционираат во заедницата.  Специјалното издание на Дневникот на ТВМ е прозорец кон надворешниот свет за лицата со оштетен слух, вели претседателката на Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид, Славица Стефаноска. Таа додава дека Дневникот на ТВМ прилагоден токму за оваа категорија на граѓани било најдоброто нешто што им се случило во последните пет години кога станува збор за нивното вклучување во општествениот живот во градов. Стефаноска објаснува дека тоа е единствениот начин преку кој се информираат што се случува на локално ниво па и пошироко. Многу често, додава таа Дневникот се следи групно и заеднички се коментира. Тоа е невидено дружење и размена на ставови и мислења помеѓу овие лица, раскажува претседателката.

Дневникот на ТВМ наменет и прилагоден за лицата со оштетен слух е многу разбирлив бидејќи толкувачот на така едноставен и јасен начин им ја преведува информацијата што до нив стигнува со целата нејзина содржина. Овој дневник е прв во Македонија од ваков тип, ако не се земе во предвид дневникот на националниот сервис и можам да кажам дека скоро сите градови во државава и сите здруженија за глуви и наглуви лица се борат во својот град да добијат ваков дневник, вели Стефаноска.

Инаку, Дневникот на ТВМ за глуви и наглуви лица е дел од проектот„Информација за секого без предрасуди“ кој во 2009год. се реализира во рамките на програмата на ТелевизијА ТВМ, на иницијатива на  Лајонс клуб Интернешенел и  Локалната самоуправа, со логистика на Лајонс клуб „Охрид“. По завршувањето на проектот кој траеше 6 месеци, веќе 5 и пол години дневникот е дел од редовната програмска шема на ТелевизијА ТВМ со помош на Локалната самоуправа и  Лајонс клубот „Охрид“.  Целта е решавање на еден од најгорливите проблеми на глувите и наглуви лица од Охрид – навремен пристап до секојдневните информации кои се од пресудно значење за нивно нормално функционирање и инклузија во општествениот живот. Дневникот се емитува секој ден освен во недела со почеток од 19 часот и 30 минути.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top