Започна постапката за одземање на мандатите на пратениците од СДСМ

Собраниската комисија за деловнички и имунитетни прашања на денешната седница ја утврди  Предлог-одлуката за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата. Претседателот на Комисијата, Александар Николоски рече дека има две причини поради кои се одлучиле на ваков чекор. ЗА опозицијата пак оваа постапка нема логика.

 |  Јаковлева Лионела  | 
собрание
sobranie

Започна постапката за одземање на мандатите на пратениците од СДСМ. Собраниската комисија за деловнички и имунитетни прашања на денешната седница, на предлог на нејзиниот претседател Александар Николоски, ја утврди  Предлог-одлуката за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата. Врз основа на Извештајот доставен до оваа Комисија е утврдено дека во периодот од 10 мај до 10 ноември 31 trajko veljanoskiпратеници од опозициската СДСМ не присуствувале, не учествувале, ниту, пак, го известиле претседателот на Собранието дека оправдано ќе отсуствуваат од 40 седници. Но во врска со моментот дека претходно пратениците си поднесоа оставки за кои претседателот на Собранието Трајко Велјаноски не се произнесе, претседателот на Комисијата вели.

Што се однесува до оставките согласно членот 57 став 2 од Деловникот многу јасно е наведено дека пратеникот има право да  поднесе оставка. Но тоа треба да го стори лично на седница на Собранието каде ќе поднесе и образложение, а не како што направбија пратениците од СДСМ кои доставија нотарски заверени искази што го нема никаде во деловникот и тоа беше еден неискрен блеф од нивна страна, рече Николоски.собрание

Единствениот пратеник од Охрид од редовите на СДСМ, Томислав Тунтев за ТВМ изјави дека ќе ја почитуваат секоја одлука на Комисијата и на 2/3ско мнозинство во Парламентот, но сеуште остануваат на ставот дека додека не започнат преговорите за петте барања на СДСМ, не се враќаат во Парламентот.

Повеќе од шест месеци нашите оставки чекаа да бидат прифатени од страна на советничкото мнозинство меѓутоа власта одлучи  да превземе една формална постапка преку Комисијата за деловнички и имунитетни прашања  и јас навистина не гледам логика зошто оставките досега не беа прифатени, вели  Томислав Тунтев- претседателот на ОО НА СДСМ Охрид.

Предлог-одлуката на Комисијата за деловнички и имунитетни прашања ќе биде доставена до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, кој  треба да ја стави на дневен ред пред народните избраници на првата наредна седница. Засега нема информација кога Вељановски би ја закажал седницата на која би можело да им бидат одземени мандатите на овие пратеници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top