Во палатата „Пезаро Папафава“ во Венеција ќе бидат изложени двата уметнички проекта со кои Македонија ќе се претстави на престижното Биенале за уметност, што ќе почне во јуни и ќе трае до ноември. Галерискиот простор се наоѓа во регионот Канареџо, близу до главниот плоштад Сан Марко, а во него досега излагале светски познатите уметници Јоко Оно и Марина Абрамовиќ. Организаторите на нашето учество на големата манифестација велат дека тоа е одлична стартна позиција, бидејќи многумина љубители на уметноста кои редовно го посетуваат Биеналето многу добро го познаваат изложбениот простор. Има најави дека во истата палата ќе биде изложен и уметничкиот проект на Хаваи, па се очекува на нивното отворање да присуствува и американскиот претседател Барак Обама.
Закупот на галеријата за шест месеци ќе чини 30.000 евра. Договорот во петокот го потпишале претставници од Конзулатот на Република Македонија во Венеција и од палата „Пезаро Папафава“. Сумата ќе ја поделат организиторите на двете изложби – Националната галерија на Македонија и Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп. Организаторите на нашето претставување сметаат дека сумата воопшто не е голема, со оглед на тоа што локацијата ја пронашле три месеци пред почетокот на големата манифестација. Тие имале голема помош од нашиот генерален конзул Амон Бајрамовски.
Венециското биенале ќе трае од 4 јуни до 27 ноември. Тема на Биеналето е „ИЛУМИнации“, а директор на престижната манифестација е Швајцарката Бис Куригер.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град