Ознака: кои

zgrada

Започнатата доградба на општинската зграда ќе се довршува

Post Views: 6 Наскоро ќе почнат зафати за завршување на доградбата на општинската зграда.  Ова го  најавуваат од локалната самоуправа околу градежните планови  со довршување на зградата во кој ќе биде сместена општинската администрација. Темелите на доградбата  беа поставени пред две години, а градежните работи беа стопирани пред локалните избори во 2013. Од втората половина на овој месец се очекуваат градежни зафати за нејзино довршување.  „ Надминати се оние наследени проблеми кои беа врзани со изградбата на општинската зграда. По распишаниот јавен повик одобрени се 4 компании кои...

Continue reading

logo

Во новата година обавезно ќе …

Post Views: 1 Доаѓањето на Новата година, кај нас често предизвикува ентузијазам, возбуда и можност за нови одлуки, резолуции и промени. Календарската промена е најпогодна почва за симболични и идни јубилејсни победи и успешни потфати кои ќе си ги зацртаме во овие празнични денови.  Д-р Јулијана Василевска- Специјалист по психијатрија – Општата болница во Охрид вели дека овие денови знаат да бидат вистински засилувачи на вољата особено во овие стресни времиња. „Добро е за луѓето што постојат овие празници и традиции кои не враќаат во минатото во детството што е една безбедна...

Continue reading

zanaetcii

Се повеќе занаетчии се регистрираат во охридската комора

Post Views: 3 Паркетари, водоинсталатери, тв механичари, изработувачи на сувенири и домашни ракотворби се дел од 34 -те ново регистрирани занаетчиски дејности во Регионалната комора во изминатата година.  Ова е рекорден број споредено со  изминатите 6-7 години, вели претседателот  на  Регинаолната комора Сашо Богоески. За зголемување на бројот на ново пријавени занаетчии  претседателот наведува бројните бенефиции кои занаетчите ги имаат почнувајќи од износите за сметководствени услуги или плаќање на ѓубре. Покрај  ова Богоески ги додава и неколку клучни проекти, како што е на UNDP ...

Continue reading

trpeza

Охриѓани, веста за христовото раѓање ќе ја дочекаат со скромна трпеза

Post Views: 8 Градскиот пазар полн со граѓани кои шетаат од тезга до тезга и ги споредуваат цените на костените, бонбоните, овошјето и зеленчукот, обидувајќи се да дојдат поевтино до намирници за прослава на Бадник и Божиќ. Како и секогаш, цените на производите пред секој голем празник одат нагоре, па така килограм костени кои се традиционален декор за овие празници ќе ве чини  стотина денари, а за да ги наполните  чиниите за овошје со килограм мандарини ќе ви требаат 50тина денари, портокалите се поефтини и ќе ги добиете 3 килограми за 100 денари. Еве што охриѓани ќе имаат на своите...

Continue reading

druzba

„Чорбарите“ по 11 години дружба станаа „ чорбаџии“

Post Views: 1 Осуммина пензионери, поранешни колеги од Застава, низ смеа за себе велат од чорбари станавме чорбаџии. Тихомир Арсовски, Зимониќ Љупчо, Китрозоски Славе, Христоски Бранко, Тодороски Стојан, Митроски Радован, Велоски Злате и Иван Белазелков, 11 години, секој понеделник, се состануваат на утринска чорба во ресторанот Европа. Поранешните колеги на тој начин се дружат и го продолжуваат пријателството. Оние кои не познаваат ни честитаат,  но немаат сила да не копираат, раскажува низ смеа Бранко Христоски еден од членовите.„Ние мислиме дека тоа копирање би било корисно за...

Continue reading

logo

OO СДСМ: Снегот во Охрид не успеа да го покрие срамот на охриѓани

Post Views: 5 Снегот во Охрид не успеа да го покрие срамот на охриѓани пред многубројните туристи кои престојуваа во градот за време на новогодишните празници. Само 25 сантиметри снег беа доволни да ја покажат и докажат целосната неподготвеност, неспособност и немоќ на надлежните општински служби да се справат со реалните проблеми на граѓаните. Врнежите од снег, на крајот од декември, за општинските власти во Охрид беа временска непогода од огромни размери, што ги изненади надлежните стручни служби. Туристите, кои едвај успеваа да пристигнат до хотелите, апартманите и вилите, беа...

Continue reading

hotel ambasador

Неколку семејства од струшките села ја искористиле понудата на х.Амбасадор за привремен спас од немањето струја

Post Views: 2 Неколку семејства од струшката околина кои разбрале за великодушната понуда на луѓето од хотел Амбасадор, ја искористиле можноста дел од своите тековни работи, од одржување хигиена, затоплување, па и престој во хотелот додека трае ситуацијата со немање струја и вода поради проблемите со снегот. Стефан Николоски од х.Амбасадор вели дека идејата да им помогнат на сите засегнати семејства дошла спонтано откако две семејства уште во првите денови од снежното невреме дошле во хотелот да се загреат, по што Николоски им дал налог на вработените оваа услуга да ја нудат на сите...

Continue reading

diet

За чија љубов слабеете?!

Post Views: 7 Не се радувајте многу доколку Вашиот партнер решил да ослабне – можно е тоа да не го прави за Вас. Ако партнерот стане опседнат со слабеење тоа е знак дека сака да ја прекине врската Луѓето кои одненадеж започнуваат борба со килограмите, а се во навидум стабилна врска, тајно се подготвуваат да ја „откачат“ својата друга половина – тврди едно ново истражување. Среќните двојки не се грижат за зголемувањето на килограмите бидејќи во таквата врска има помал протосок да изгледаат атрактивно – тврдат социолзите. Професорот Томас Клајн ја истражувал врската...

Continue reading

gradinka

Оваа недела сите дечиња ќе одат во централната градинка

Post Views: 3 Драстично намалениот број на деца кои ги користат услугите на детската градинка, ги примора надлежните во функција да го остават само централниот објект на „Јасна Ристеска“. Студеното време, зимскиот распуст, но и поврзувањето на слободните денови за празниците од страна на родителите, драстично го намали бројот на дечињата кои ги користат услугите на детската градинка „Јасна Ристеска“. Розе Костоска директорката  на градинката информира дека  централниот објект ќе работи на 5-ти 8-ми и 9-ти јануари, додека објектите „Лихнида“ и „Развигорче“ се очекува да почнат со...

Continue reading

Пет добри причини зошто да јадете маслинки

Post Views: 8 Ако сакате да бидете сигурни дека во организмот внесувате само тоа што е најдобро дознајте зошто би требало да јадете и по некоја маслинка во текот на денот. –Го штити крвотокот и го зајакнува имунитетот – Маслинките, а посебно црните, се антиоксидант кој делува како чистач на организмот од штетни супстанци. Тие му помагаат на телото да го исфрли холестеролот – лошите маснотии кои се таложат во крвотокот а со тоа ја намалуваат можноста од кардио-васкуларни болести. Исто така, маслиновото масло го зајакнува имунитетот и е совршен сојузник против алергии. –Помага...

Continue reading

hotel

Подобра организација и вмрежување на туристичките работници за подобри резултати во 2015та

Post Views: 4 Континуитет во работата, подобрување на резултатите постигнати во 2014та година, модернизирање на објектите, но и надеж за поголема промоција на туристичките понуди на охридските хотелски капацитети. Ова се дел од желбите и очекувањата на охридските хотелиери, кои велат дека 2014та година е веќе минато и дека во оваа новата треба да се надградуваат постигнатите резултати во неа. „Ако се посветиме, ако субвенциите продолжат да им се доделуваат на странски партнери кои што се сериозно заинтересирани за Охрид и таа пропагандна машинерија малку да се излезе надвор, да не...

Continue reading

plostad

Првото утро во новата 2015та угостителските објекти во Охрид осамнаа со бројни туристи од соседството

Post Views: 9 Првото утро во новата 2015та година Охридската чаршија, кејот, угостителските објекти осамнаа со бројни туристи, претежно од нашето соседство. По најлудата ноќ во годината, бројните групи со туристи, ги искористија сончевите зраци за да прошетаат низ градот. Иако на само ден-два пред дочекот на Новата Година хотелиерите и угостителите стравуваа од откажување на аранжманите и помала посетеност, сепак зимските услови, тешката проодност на патиштата, не ги поколебаа нашите соседи од Србија, Бугарија, Албанија, Грција, последните моменти од старата и првите моменти од новата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top