За чија љубов слабеете?!

Не се радувајте многу доколку Вашиот партнер решил да ослабне – можно е тоа да не го прави за Вас.

 |   | 
diet
diet

workoutНе се радувајте многу доколку Вашиот партнер решил да ослабне – можно е тоа да не го прави за Вас.

Ако партнерот стане опседнат со слабеење тоа е знак дека сака да ја прекине врската

Луѓето кои одненадеж започнуваат борба со килограмите, а се во навидум стабилна врска, тајно се подготвуваат да ја „откачат“ својата друга половина – тврди едно ново истражување.

Среќните двојки не се грижат за зголемувањето на килограмите бидејќи во таквата врска има помал протосок да изгледаат атрактивно – тврдат социолзите.

Професорот Томас Клајн ја истражувал врската меѓу среќата и телесната тежина и заклучил дека предупредувачки знаци за крај на врската се ненадејната опсесија со теретаната, спортувањето и започнувањето диета.

mirror„Кога бараат нов партнер, луѓето се обидуваат да бидат што послаби и што поатрактивни. Според тоа, доколку еден од партнерите започне да слабее, тоа може да се протолкува како подготовка за прекинување на врската. Луѓето во среќна врска чувствуваат помал притисок и често пати се здебелуваат, бидејќи не внимаваат на својата тежина“ – вели професорот Клајн од универзитетот Хајделберг.

Во истражувањето биле вклучени повеќе од 2000 луѓе на возраст од 16 до 55 години, а помеѓу резултатите било забележано дека луѓето во врска имаат поголема телесна тежина во просек отколку оние кои се сами и кои се надеваат дека ќе привлечат партнер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top