• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Првото утро во новата 2015та угостителските објекти во Охрид осамнаа со бројни туристи од соседството

Првото утро во новата 2015та угостителските објекти во Охрид осамнаа со бројни туристи од соседството

Ниту тешката проодност на патиштата, ниту ниските температури не ги поколебаа туристите. Во охридската чаршија, кејот, угостителските објекти, денес по прославата на најлудата ноќ, можеше да се видат поголем број на туристички групи кои уживаат во сончевото утро од новата 2015та година.

 |  Мишел Наумоски  | 
plostad
плоштад

Првото утро во новата 2015та година Охридската чаршија, кејот, угостителските објекти осамнаа со бројни туристи, претежно од нашето соседство. По најлудата ноќ во годината, бројните групи со туристи, ги искористија сончевите зраци за да прошетаат низ градот.

plostad snegИако на само ден-два пред дочекот на Новата Година хотелиерите и угостителите стравуваа од откажување на аранжманите и помала посетеност, сепак зимските услови, тешката проодност на патиштата, не ги поколебаа нашите соседи од Србија, Бугарија, Албанија, Грција, последните моменти од старата и првите моменти од новата година, да ги дочекаат во нашиот бисер. Воглавно задоволни од престојот, но и со мали забелешки.

„Бевме тука и минатата година и многу ни се допадна како си поминавме и за оваа година повторно дојдовме.“

„Минатата година бевме тука, многу ни се допадна, многу убаво си ја поминавме Новата Година, и затоа решивме оваа година, пак да дојдеме тука. Среќна Нова Година на сите.“

turisti plostad„Убаво си поминавме, беше убаво, добро не угостија, убаво си поминавме. Ни се допаѓа Охрид, прв пат сме овде и преубаво е. Подолго патувавме, но во принцип беше добро.“

„Охрид е многу убав, има многу убави амбиентални целини, но туристичката организација е нула, апсолутна нула. Затоа што се е недоволно организирано, нема доволно обележување со патокази, на една крстосница има, на другата нема. За чистењето нема да зборувам, можеби е постудено годинава од вообичаеното, но сеедно, знакот кажува булевар на туристите, а таму можеш да го скршиш вратот.“-рекоа дел од туристите.

Нашата камера регистрираше голем број на групи со туристи, па и нови автобуси претежно со регистарски таблички од соседството кои пристигнуваа денес или пак ги носеа своите патници на разгледување на градот. Па ако по утрото-денот се познава, веројатно можеме да очекуваме или барем да се надеваме дека Охрид ќе биде преполн и за Божиќ, но особено за прославата на големиот христијански празник Богојавление-Водици.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top