Post Views: 2
Ниту првата, ниту втората ниту третата доза од ковид вакцината – којашто во Велика Британија по избор ќе им биде достапна на граѓаните повозрасни од 50 години заедно со вакцината против грип, не значи дека со неа ќе се убива населението, туку дека ќе се спасува од тешки последици и смрт, како и од хоспитализации и од ковид и од грип. Во екот на панедемијата со коронавирусот, односно нејзиниот четврти бран, кој беснее во Британија, а особено во есенските месеци, поради сличноста на симптомите тешко ќе биде да се разграничи кои лица имаат грип, а кои ковид. Особено зашто...
Post Views: 10
Одземени се лиценците за одгледување на канабис за медицински цели на двете компании кои се споменуваа во аферата за шверц на марихуана во која МВР и Американската служба за борба против дрога – ДЕА запленија 200 килограми марихуана во вредност од над 800 000 евра.
Станува збор за Друштвото за производство, трговија и услуги „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“- увоз-извоз, ДООЕЛ Битола – Подружница „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“- Прилеп и Друштво за производство, трговија и услуги „Медикал 420“ увоз-извоз ДОО Битола.Одземањето на лиценците е на предлог на Министерството за здравство кое вчера доставило...
Post Views: 8
Од вчера наутро железничкиот товарен сообраќај во Македонија е во целосен прекин, а од полноќ и железничкиот патнички сообраќај. Вработените во МЖ Транспорт АД Скопје се во штрајк незадоволни од доцнењето на вториот дел од платата за октомври.
МЖ Транспорт АД Скопје вчера соопшти дека железничкиот товарен сообраќај е во целосен прекин од вчера во 7,30 часот, а железничкиот патнички сообраќај од станица Скопје Патничка се одвиваше до полноќ.
Претставници на машинскиот персонал велат дека прекинот на железничкиот сообраќај ќе трае до исполнување на поставеното барање –...
Post Views: 2
Градоначалникот Кирил Пецаков ги демантираше пишувањата дека е позитивен на Ковид-19. Оваа реакција следи откако неколку медиуми објавија дека Пецаков бил позитивен на коронавирусот.
По шо гледам дека се шири брзо, интересна тема како и да е… Се тестирав, не заради симптоми туку заради патување во странство и најбитно и до ден денес никакви симптоми. Немат полошо ко ќе се составуваат текстови по охридски кафани, без да се јавите и да прашате. Добра ноќ – напиша Пецаков на Фејсбук и притоа приложи и фотографија од тестот.
Демант пристигна и од секретарот на Општина...
Post Views: 6
Монтирaно и извадено од контекст е видеото во кое се споделува лажен наратив дека Бил Гејтс спроведува масовна вакцинација со цел да го намали бројот на живи луѓе во светот. Вакцините, напротив, ги спасуваат животите на луѓето и доколку нечија скриена агенда беше да се намали светската популација, тогаш воопшто немаше да има вакцини, туку коронавирусот ќе беше оставен слободно да циркулира и да одзема животи.
Рецензираме пост на Фејсбук, во којшто е споделено видео од Јутјуб, каде што на комплетно манипулативен начин е искомбиниран сет од гостувања и јавни изјави на Бил...
Post Views: 9
Се известуваат корисниците на ЈП ВОДОВОД Охрид дека поради ниските температури кои ни претстојат во наредниот период, постои можност за разни дефекти на водомерните броила предизвикани од мрзнење.
Поради тоа потребно е истите да се заштитат, како би се избегнале дополнителни трошоци за санација кои се наплаќаат од наша страна. Заштитата се врши со обвивање на водомерот со изолационен покров и покривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропор).
Post Views: 7
Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) упати апел до граѓаните на Македонија кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да ги искористат сè уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја.
Како што соопштувааат од МНР, апелот е поради одлуката на ЕУ и другите европски земји, вклучително и Македонија, за затворање на европскиот воздушен простор за руските авиопревозници.
Ваквото предупредување следува поради можноста да дојде до целосен прекин на авио линиите од и кон Русија – се вели во соопштението...
Post Views: 1
Само за еден ден нискобуџетната компанија Wizz Air потврди дека ги прекинува операциите на релација Охрид – Милано/ Малпенса, како и летовите од Скопје кон Барселона и Ларнака пишува специјализираниот портал „Exyuaviation“.
Двата неделни лета беа лансирани во март 2019 година, но беа прекинати во 2020 година поради пандемијата на коронавирус.
„Визер“ во моментов ги одржува летовите од Охрид до Базел, додека сите други линии се привремено суспендирани.
Во овој момент, операциите кон Меминген и Малме ќе продолжат кон крајот на февруари, додека летовите до Виена, Дортмунд,...
Post Views: 1
Министерството за здравство апелира до граѓаните да ги почитуваат во целост мерките и препораките за заштита од коронавирусот.
На вчерашната прес-конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче потенцираше сите граѓани да даваат вистинити и точни информации на надлежните институции, а Министерството за внатрешни работи поинтензивно да врши контроли на терен.
„Сите мора да се придржуваат, без исклучок до препораките и целосно и вистинито да ги даваат сите информации до надлежните. Со криење и со давање невистинити податоци не се постигнува ништо, ниту некој...
Post Views: 8
Швајцарската Влада денеска соопшти дека ги укинува речиси сите ковид мерки, а до крајот на март останува само правилото за носење маски во јавниот превоз и во здравствените установи, како и изолација на пациентите заразени со ковид.
Од утре повторно е овозможен влез во продавници, ресторани, културни манифестации, институции отворени за јавноста и собири без маска и ковид потврди, се вели во соопштението на Сојузниот совет (Владата). Се укинува и задолжителното носење маска – освен во јавниот превоз и во здравствените установи и препораките за работа од дома.
Се укинува...
Post Views: 7
Вакцинацијата за децата не е задолжителна, туку опциона, а вакцинираните наставници не можат да ги загрозат нивните ученици, односно да ги контаминираат, како што се тврди во постот, ниту на друг начин некому негативно да му повлијаат на здравјето. Спајк протеинот што се создава по вакцинацијата не е ист со тој на коронавирусот и е во 100 илјади пати помала количина од онаа што е потребна да предизвика штета.
Во време кога е и повеќе од јасно и повеќе пати повторувано и официјално наведено дека вакцинацијата во С. Македонија е на доброволна основа, односно дека доколку...
Post Views: 3
Да потсетиме дека минатата седмица во седиштето на ФИФА во Цирих изби нов скандал при кој беа уапсени седум високи функционери на Светската фудбалска федерација. Во прашање е мито, корупција, со еден збор криминал, а оваа приказна добива продолжение.Новинар на Press Association, Martyn Ziegler, објави фотографија на писмо на која јасно се гледа дека главниот секретар на ФИФА, Jerome Valcke бил тој кој одобрил уплата од 10 милиони долари од страна на фудбалскиот сојуз на Јужноафриканската Република, на сметка на тогашниот претседател на CONCACAF Jack Warner (за да го...