Ознака: ги

По два месеца Малезиските власти со официјално соопштение

Post Views: 0   Малезија скоро два месеци по исчезнувањето на Боингот 777 со 239 патници и членови на екипажот, конечно објавила преелиминарно соопштение за фактите кои се познати за тамошните истражни органи. Соопштението е напишано на 5 страници, и со него во јавноста се и мапите на кои е прикажано што и во кој момент се случувало на 8 март, пред, и по исчезнувањето на авионот. Она што е фрапантно од соопштението е фактот дека  поминале дури 4 часа од исчезнувањето од радарите а потрагата не била започната. Исто така и фактот дека 17 минути биле поминати додека сфатиле дека авионот...

Continue reading

Необични причинители за алергија

Post Views: 4 Познато е дека поради поленот, многу луѓе, со почетокот на пролетта, немаат мир од кивање, црвенило, алергии. Меѓутоа постојат многу повеќе причинители на алергијата, а за некои од нив никогаш не би претпоставиле дека би можеле да ви наштетат. Овошје Освен поленот, тревата, дрвата и коровот, алергија може да се појави и од овошјето. Кога нивото на полен во воздухот е големо, алергените од коровот или дрвата можат накрсно да реагираат со овошјето. Телото поради тоа може да го замени протеинот од овошјето со полен што е причина за алергиска реакција. Затоа се јавува чувство...

Continue reading

Славните Италијани сепак виновни

Post Views: 1 Судот во Италија ја отфрлил жалбата на славниот дизајнерски двоец Dolce&Gabbana. Доменко Долче и Стефано Габана се обвинети  за затајување на данок и осудени на една односно шест месеци затвор. Бидејќи казните се изречени под двегодишниот минимум сепак тие ќе мора некое време да бидат во вистински притвор, пишува Business of Fashion. Дизајнерите, кои компанијата Dolce&Gabbana ја основале пред 28 години, жестоко ги негирале обвиненијата и ги нарекле апсурди. 50 годишниот Доменико и 54 годишниот Стефано беа обвинети поради продажбата на своите брендови “D&G”...

Continue reading

Барселона се продаде на Мадриѓани

Post Views: 2 Барселона повторно е во центарот на вниманието во Шпанија со кревањето на голема прашина со продажбата на телевизиските права за следната сезона на шпанската мултинационална компанија Telrfonica. На тој начин каталонскиот клуб ја раскина соработката со долгогодишнио партнер Mediapro на чие чело е познатиот каталонски продуцент Jaume Roures, кој крена голема врева и смета дека Барселона го изиграла. “Подобра им е Telefonica отколку вистинските Каталонци како што сме ние. Барса се постави некоректно спрема Mediapro. Тоа е комбинација на валкана игра и предавство. Нашата...

Continue reading

Неморални холивудски понуди

Post Views: 4 Ако се суди спрема пишувањата на светските медиуми, ниту на славните патот до успехот, често не е нималку лесен. Горко искуство наводно имала актерката Хелен Мирен кога режисерот Мајкл Винер во 1964 година и рекол да се прошета и заврти пред него за да ја види подобро, како манекенка на писта. „Бев бесна како рис“, рекла Хелен. Режисерот ја демантирал нејзината приказна и додал дека е нејзин голем обожувател и дека и се восхитува, но тврди и дека не ја терал да парадира пред него. Шарлиз Терон имала 19 години и почнувала во светот на филмот кога еден режисер ја повикал...

Continue reading

Некој ја премолчува истрагата

Post Views: 5 Го пронајдов малезискиот боинг 777, сигурен е искусниот пилот Мајкл Хобел (60). Пилотот од Њујорк, во интервју за локалната телевизија WIVB открил дека интензивно трагал по авионот со TomNod, веб страна која по исчезнувањето на авионот отворила посебен сервис на кој обичните корисници на интернет можат да ги пребаруваат сателитските снимки и да забележуваат нешто што би било сомнително . TomNod ветил дека локациите кои се најмногу означени ќе ги прати на истражителите со цел да им ја олесни работата во потрагата на авионот. Пилотот Хобел, тврди, се шокирал кога го здогледал...

Continue reading

Апсолутно најлуда авиокомпанија

Post Views: 1   Ако некогаш сте патувале со Kulula Airlines, тогаш знаете за што се работи. Kulula Airlines е јужноафричка нискобуџетна компанија која постои десетина години, а во светот се прослави со лежерните и забавни пристапи кон летањето, со рекламните кампањи, со дизајнот и со брутално духовитиот пристап, на комуникацијата на персоналот, со патниците. Ова е начинот на кој комуницира екипажот со патниците: – Kulula Airlines може да се пофали со најдобриот персонал во индустријата. За жал ниту еден не е во овој авион! – Ако во текот на летот ве фатиме со цигара, ќе...

Continue reading

Како Босанците ги “зезнаа“ Панини и Фифа

Post Views: 1 Во време на интернет, покрај вистинскиот албум со самолепливи сликички, Фифа, Панини и главниот спонзор Кока-Кола, одлучиле да го активираат проектот за онлајн собирање на сликички. Секој ден на интернет, љубителите на Панини можат на интернет страницата од Фифа да лепат сликички на светските фудбалери. Идејата за овој проект со познатиот слоган Fair Play, Фифа направила и правила кои учесниците на оваа интересна игра мораат да ги почитуваат. Фифа и Панини, првиот ден појасниле дека, кога го покренале проектот со онлајн албумот, целта била со оваа игра да шират љубов...

Continue reading

Конечно потклекна и тој

Post Views: 4 По бракот со Талиа Балсам, кој траеше од 1989 до 1993 година, Џорџ Клуни(52) рекол дека тој не требаше да биде оженет во тој момент од животот. “Не мислам дека бев чесен спрема Талиа. Не и дадов чесна шанса”, рекол тогаш холивудскиот заводник. Во 2007 година рекол дека никогаш нема да се ожени, но се чини дека Џорџ конечно “созреал” за брак. Близок  извор на актерот, за часописот People, открил дека Клуни ја запросил својата девојка, британската адвокатка Амал Аламудин(36). “Џорџ и Амал не зборуваат дека се вериле, но не се ни трудат тоа да го скријат. Мислам дека сакат...

Continue reading

Крај на една ера?

Post Views: 4 Трговските центри се составен дел од начинот на живот на многу Американци од настанокот на потрошувачкиот живот од 50-тите година на минатиот век, оценил магазинот Slate. Европа ваквиот модел го прифатила 20 години подоцна. Младите кои се носители на ваквиот животен стил допринеле за популарноста на шопинг моловите. Но најверојатно времињата се менуваат, бидејќи купувањето по електронски пат зема се поголем замав и тоа кај претставниците на новите генерации, потиснувајќи  го шопингот по трговските центри, кои во се поголем број се затвораат. Спрема студијата на консултантската...

Continue reading

Путин ги прекинал сите дипломатски односи со САД

Post Views: 5 Владимир Путин, претседателот на Руската федерација, ги прекинал сите дипломатски односи со Белата куќа, пишува амерканскиот портал The Daily Beast, повикувајќи се на извори блиски до врвот на руската администрација. Ова во пракса значи дека Путин не разговара повеќе со Обама. Овој американски портал истакнува дека ова значи дека односите на Кремљ со Белата куќа на највисоко ниво се потполно прекинати и практично не постојат. Владимир Путин оваа одлука ја донел по засилениот притисок и засилувањето на санкциите на западот спрема Русија, а Игор Јургенс, политичкиот аналитичар...

Continue reading

Приказна која дава надеж за верба во луѓето

Post Views: 2 Кога келнерката Кристина С. служела еден брачен пар во ресторан во Њу Џерси, не ни сонувала дека само по неколку разменети реченици толку ќе и ја разубави вечерта на начин со која се враќа вербата во луѓето. Додека парот нарачувал вечера, на зглобот од келнерката забележале дека има истетовирано шепа од куче. Ја прашале дали има милениче. Одговорот кој им го дала, толку ги разнежил што решиле да и помогнат. Имено, кучето од Кристина во тој момент се наоѓало во болница каде го оперирале бидејќи проголтало пластично топче. Хируршкиот зафат бил единствен начин да му се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top