Ознака: ги

Австрија нема да ги убие луѓето со вакцини

Post Views: 0 Австрија не присилува никого да патува во оваа земја, а уште помалку „ќе ги боцкаат сите луѓе додека не ги успоубијат“, како што лажно се тврди во постот што го рецензираме. Но, секоја држава има дискреционо право да одлучува за исполнување на неопходни услови при влез на нејзина територија. Според важечките правила на земјата, бремените жени и оние кои не можат да ја примат вакцината од медицински причини може да влезат во Австрија ако покажат медицински сертификат и негативен ПЦР тест. Значи, постојат и исклучоци од правилото за оние кои од медицински причини...

Continue reading

Први 10 дена од кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2022“

Post Views: 0 На 1 февруари започна Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2022“, која веќе четврта година се емитува на медиумите во цела Македонија.По емитувањето на првите 10 епизоди од годинешната кампања, беше вистинска чест и задоволство да се слушнат и прочитаат позитивните критики за текстовите и видеата кои се изработени за секоја поединечна дијагноза на македонски и албански јазик. Особено ни значат критиките кои ги добиваме од докторите и професорите кои работеа на кампањата, но и многу од нив кои се понудија да бидат стручни соработници за идните...

Continue reading

Песков: Русија е подготвена да ги продолжи преговорите вечерва

Post Views: 0 Руската делегација ќе пристигне во попладневните часови на местото каде што треба да се одржи нова рунда преговори со претставниците на Украина и ќе биде подготвена да ги продолжи разговорите вечерва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков одби да прецизира на која локација ќе се одржи состанокот, пренесува ТАСС. Нашата делегација ќе биде таму доцна попладне. Ќе ги чекаат украинските преговарачи. Нашата делегација ќе биде подготвена да го продолжи разговорот вечерва – рече Песков.

Continue reading

BeeNet.mk ги поврзува локалните производители на мед со купувачи од целата земја

Post Views: 0 Најголем број од локалните одгледувачи на пчели, медот го продаваат од куќен праг. Со Правилникот за ваква продажба кој почна да се применува од септември 2019 година на производителите на мед и пчелни производи им се даде можност да вршат директна продажба на крајните потрошувачи на целата територија на државата со соодветни ознаки и информации за потеклото и составот на производот. Но потрагата по купувачи им одзема на пчеларите добар дел од времето кое место на пчелите треба да го посветат на маркетинг, рекламирање преку интернет и други начини на пласирање...

Continue reading

Скринингот во училиштата нема за цел да ги убие децата

Post Views: 0 Пандемијата од коронавирусот не е измислена, таа е реална а тоа го покажуваат бројките на новозаразени и починати од вирусот. Тестовите со кои се детектира присуство на коронавирусот не се ништо друго освен стапче на чиј врв има памук со кој се зема брис од грло и нос. Овие тестови се безбедни и во никој случај не можат да ви наштетат. Земањето брис не е ништо ново. Скринингот во училиштата има за цел да покаже колкава е трансмисијата на вирусот, а не да ги убива децата, како што се тврди во постот. Тестирање врз учениците се прави во повеќе европски држави. Пост на Фејсбук шири...

Continue reading

Јужнокорејскиот „Паразит“ ги собра оскарите

Post Views: 0 Јужнокорејскиот филм „Паразит“ (Parasite) е добитник на четири оскари – најдобар филм, најдобар меѓународен филм, најдобра режија и оригинално сценарио. Според извештаите, ова е првпат филм од неанглиско говорно подрачје да освои „Оскар“ за најдобар филм, а исто така и првпат еден азиски победник да ја добие престижната награда за најдоброто оригинално сценарио. Во својот говор откако му беше доделен „Оскар“ за оригинално сценарио, режисерот Бонг Џун-хо ја поздрави својата победа како посебна за неговата матична земја Јужна Кореја. Бонг и Хан-џин одржаа кратки...

Continue reading

Татко си ги задавил своите три деца во Хрватска

Post Views: 0 Три деца, близнаци (момче и девојче) на седумгодишна возраст и син на возраст од четири години синоќа ги задавил со голи раце нивниот татко во луксузниот стан во кој живееле во загребската населба Млиново, по што пукал во себе. Сепак, како што известуваат хрватските медиуми, тој преживеал и бил однесен во болница, а телата на трите деца, од кои најмалото четиригодишно дете кое било пронајдено во спалната соба, како и близнаците во дневната соба, ги шокирале сите полициските службеници кои биле на местото на ова невидено злосторство.Не е познато кој пријавил...

Continue reading

Граѓаните од денеска ќе можат да проверат дали ги има во Избирачкиот список

Post Views: 0 Јавниот увид на избирачкиот список за локалните изборите ќе започне денеска и ќе трае до 9-ти септември, кога Државната изборна комисија (ДИК) на увид ќе ја стави новата состојба на податоци што ќе се користи на денот на изборите.Граѓаните во овој рок треба да го достават писмено барањето за запишување, бришење или дополнување во избирачкиот список, до подрачните единици или канцеларии на ДИК, или пак, електронски да се обратат до Комисијата и притоа да достават соодветни докази. Граѓаните своите податоци во избирачкиот список можат да ги проверат преку веб-страницата...

Continue reading

Франција ги отповика своите амбасадори од САД и Австралија

Post Views: 0 Франција објави дека итно ги отповикува своите амбасадори од Соединетите Американски Држави и Австралија откако официјална Канбера склучи договор за набавка на нуклеарни подморници со САД и Британија со што заврши договорот со Франција за набавка на конвенционални подморници. Францускиот министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дријан вчера рече дека нивниот потег е оправдан земајќи ја предвид „сериозноста на соопштението“ испратено од САД и Австралија на 16 септември.Во своето соопштение Ле Дријан наведува дека откажување на Австралија од големиот договор...

Continue reading

Талат Џафери денеска ќе ги распише локалните избори

Post Views: 0 Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска треба да ги распише локалните избори, кои ќе се одржат на 17-ти октомври годинава. Иако кампањата почнува три недели пред денот на изборите, партиите веќе се активни на терен и најавуваат изборни коалиции и комбинаторики. Во Охрид и овој изборен циклус докторска трка за градоначалник. СДСМ излегува со актуелниот градоначалник д-р Константин Георгиески како кандидат, додека од ВМРО-ДПМНЕ го кандидираа д-р Кирил Пецаков. Дел од партите веќе најавија соработки за претстојните локални избори. СДСМ...

Continue reading

20 години од нападот што ги промени Америка и светот

Post Views: 0 И денеска, како на секој 11 септември во изминатите 19 години, Америка повторно за момент ќе запре за да им изрази почит на речиси трите илјади луѓе што загинаа во ужасните терористички напади врз кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, врз Пентагон во Вашингтон, како и при уривањето на патничкиот авион во Пенсилванија.Веќе ден потоа, Американците ќе ѝ се вратат на реалноста, која во многу аспекти беше дефинирана токму на 11 септември 2001 година, од засилениот надзор врз граѓаните, па до „вечните војни“. Токму повлекувањето од Авганистан,...

Continue reading

Кочанчани во очајна битка со огнот за да ги спасат домовите

Post Views: 0 Во кочанската болница десетина лица побарале лекарска помош поради отежнато дишење од чадот, но нема тешко повредени, јави дописникот на МИА од Кочани. Дописникот јавува и дека пожарот поради ветерот се шири во правец на селото Тркање, а луѓето кои интервенираат таму се сконцентрирани да го спречат ширењето на огнот кон складот на „Макпетрол” и една приватна бензиска пумпа. На тоа место има и објекти од лесната индустрија. Екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани максимално се ангажирани во неговото локализирање, а помош е побарана и од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top