Јужнокорејскиот „Паразит“ ги собра оскарите

Јужнокорејскиот филм „Паразит“ (Parasite) е добитник на четири оскари – најдобар филм, најдобар меѓународен филм, најдобра режија  и оригинално сценарио.

 |   | 

Јужнокорејскиот филм „Паразит“ (Parasite) е добитник на четири оскари – најдобар филм, најдобар меѓународен филм, најдобра режија и оригинално сценарио.

Според извештаите, ова е првпат филм од неанглиско говорно подрачје да освои „Оскар“ за најдобар филм, а исто така и првпат еден азиски победник да ја добие престижната награда за најдоброто оригинално сценарио.

Во својот говор откако му беше доделен „Оскар“ за оригинално сценарио, режисерот Бонг Џун-хо ја поздрави својата победа како посебна за неговата матична земја Јужна Кореја.

Бонг и Хан-џин одржаа кратки говори, во кои зборуваа и англиски и на нивниот мајчин јазик со преведувач.

Бонг рече: „Благодарам, голема е честа. Пишувањето сценариото е секогаш осамен процес, ние никогаш не пишуваме да ја претставуваме нашата земја… Но, ова е многу лично за Јужна Кореја, благодарам.“

Хоакин Феникс доби „Оскар“ за најдобра машка улога за филмот „Џокер“, а Рене Зелвегер ја освои наградата за најдобра женска улога во филмот „Џуди“.

Бред Пит го освои „Оскарот“ за најдобар актер во споредна улога за „Беше еднаш во Холивуд“, а „Оскар“ за најдобра споредна женска улога освои Лора Дерн за „Брачна приказна“.
јдобро оригинално сценарио.

„Паразит“ воедно беше и најголем конкурент на македонскиот документарен филм „Медена земја“ во борбата за „Оскар“ во оваа категорија.

За најдобар странски филм, покрај „Медена земја“ и „Паразит“, номинирани беа и „Корпус кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција и „Болка и слава“ од Шпанија.

92. доделување на престижните Оскари се одржува во театарот Долби во Холивуд. Втора година по ред церемонијата нема водител, а телевизиски се пренесува во повеќе од 225 земји низ светот.

Претходно, „Медена земја“ не доби „Оскар“ ниту во категоријата за најдобар документарен филм. Наградата ја доби американскиот документарец „Американска фабрика“ на Стивен Богнар и Џулија Рајнхард, во продукција на продукциската куќа на Мишел и Барак Обама.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top