Крај на една ера?

Изумираат трговските центри

 |  инфодеск  | 

Трговските центри се составен дел од начинот на живот на многу Американци од настанокот на потрошувачкиот живот од 50-тите година на минатиот век, оценил магазинот Slate. Европа ваквиот модел го прифатила 20 години подоцна. Младите кои се носители на ваквиот животен стил допринеле за популарноста на шопинг моловите.

Но најверојатно времињата се менуваат, бидејќи купувањето по електронски пат зема се поголем замав и тоа кај претставниците на новите генерации, потиснувајќи  го шопингот по трговските центри, кои во се поголем број се затвораат.

Спрема студијата на консултантската куќа Piper Jaffray, посетите на младите Американци на трговските центри во последните 10 години опаднале за 30%. Во студијата се наведува дека рестораните ги заменуваат трговските центри за собирање на американските адолесценти.

Причината за помалку посети на трговските центри е и опсесијата за безбедност, особено по нападите во 2001 година, како и се почестото агресивно однесување на тие простори.

Во студијата се нагласува дека американските млади луѓе се повеќе троши на храна и живот, отколку на облека. Иако е уште рано да се зборува за нова тенденција, во студијата се наведува претпоставка дека младите поради кризата и намалената куповна моќ, можеби, станале помалку зависни од брендирана облека.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top