Ознака: бидат

Pancev

Панчев и Најдоски ја напуштија Црвена ѕвезда

Post Views: 4 На ден пред најголемото фудбалско дерби на српскиот фудбал, дуелот помеѓу Црвена ѕвезда и Партизан, легендите на „црвено-белите“, Дарко Панчев и Илија Најдоски, одлучиле да го напуштат Собранието на клубот, пренесува весникот „Вечерње новости“.Истиот извор наведува дека, Панчев и Најдоски поради деловните обврски во Македонија, не биле повеќе во можност редовно да присуствуваат на состаноците на ова тело, и поради тоа се решиле да поднесат оставки. Во советот на клубот на вечерашната седница ќе бидат инволвирани претставници на генералниот спонзор „Газпром“, а ќе бидат...

Continue reading

1 инкубатор за интензивна нега ќе му бидат донирани на Општата болница во Охрид

Post Views: 6 Општата болница во Охрид ќе добие 1 инкубатор за интензивна нега. Ова е одлука на Владата која на 34-та седница реши на 12 здравствени установи да им бидат доделени 40 инкубатори за интензивна нега. Инкубаторите ќе бидат наменети за гинеколошкото одделение кое се повеќе прераснува во регионално.Состојбата во која што се наоѓа болницата гледано од финансиски аспект е таква што секоја донација е добредојдена. Ние располагаме со инкубатори, но секој понов модел нормално дека ќе има подобра примена и ќе си го најди своето место за подобрување на состојбата во нашето одделение,...

Continue reading

kafule

Најпосетуваната земја во светот

Post Views: 3 Дали знаете кои се најпосетуваните земји во светот? Овој приказ ќе Ви помогне да го откриете тоа. Можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете дека најпосетуваната земја во светот е Франција. Таа угостува 81.400.000 посетители секоја година. Французите решија да се однесуваат пољубезно со странците, за да бидат не само најпосетувана, туку и земја со најголема заработувачка од туристи. Во земјата почната е кампања Rendez-vous en France (Да се сретнеме во Франција) и отворен е сајт на кој се истакнуваат убавините на земјата, како сочните лозја и старомодната архитектура а...

Continue reading

Шeесетина стечајци од Емо ќе бидат материјално обезбедени со новиот Закон за стечајци

Post Views: 2 Во Собранието изгласан Законот за стечајците погодени од приватизацијата на претпријатија во државна сопственост. Со законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата ќе им се овозможи на околу 3.000 лица да добиваат месечен надомест од по 7.596 денари. Меѓу нив се опфатени и шеесеттина стечајци од еден од доелите на охридски Емо кои отидоа во стечај во април 2017 година. Стечајците бараа од охридските пратеници да издејствуваат измена на предлог законот и да бидат опфатени и тие....

Continue reading

divogradbi

Рокот за легализација на дивоградби се пролонгира до 2015-та година

Post Views: 38 Со измените во Законот за легализација на бесправни градби рокот за поднесување на документите повторно се пролонгира, овој пат до декември 2015 година. Образложението на Министерството за транспорт и врски за ваквите измени е да им се излезе вo пресрет на граѓаните. До пред повеќе од една година Министерството тврдеше дека нема да дозволи пролонгирање на роковите и дека граѓаните кои нема да ги легализирааат дивоградбите ќе бидат казнети. „Измените се прават имајќи предвид дека добар број граѓани кои имаат поднесено барање за легализирање дивоградби не можеле да поднесат...

Continue reading

svp

Се враќа сјајот на СВП

Post Views: 1 Фестивалот СВП да се оддржи на достојно ниво. На тоа во иднина ќе работи новоназначениот директор на овој фестивал Мите Стефоски, мотивиран од потребата на книжевниците и љубителите на пишаниот збор, на кои всушност и им служи овој фестивал. Останаа два месеци до почетокот на СВП, и годинава нема да има некои позначајни измени, вели Стефоски. Но за два дена од неговото назначување тој веќе крои планови за реосмислување на фестивалот до година. „ Идејата ми беше да направам еден концепт на фестивалот за 21 век. Знаете има некои фестивалски содржини, кои се белези на тој...

Continue reading

Стечајци од поранешно Емо бараат да бидат опфатени со новиот Закон

Post Views: 5 50- тина стечајци од два ДОЕЛИ од поранешно „АД ЕМО “, фирма со државен капитал, бараат да бидат опфатени со новиот закон за обештеување на стечајците. Тие со отвoрање на стечајнатa постапка во април ова година имаат поднесено побарувања за неисплатени плати и придонеси и нивната постапка е во тек. Но апелираат да бидат опфатени и во новиот закон за обештетување на стечајци, вели Миле Крстаноски поранешниот претседател на синдикатот на капитално поврзаните друштва во АД Емо. „ Планирано е со дополнителна фаза да ги опфати и другите и апелираме до владеачкото мнозинство...

Continue reading

doktor

На 1-ви март официјално започнува проектот „Рурален доктор“

Post Views: 3 На 1 март и официјално ќе почне да се спроведува проектот „Рурален доктор“. Проектот е всушност отворање на пунктови со лекар и медицинска сестра кои ќе вршат обиколка и ќе вршат основни прегледи на населението, а еден ден е резервиран за патронажни посети на пациентите во нивниот дом. Пет пунктови се веќе поставени во Крушево, со што во 12 населени места со околу 2.000 жители секоја недела се вршат здравствени прегледи. Вчера министерот за здравство, Никола Тодоров го посети Здравствениот дом во Крушево, каде што се информираше за состојбите и потребите на таа здравствена...

Continue reading

cigari

Поскапуваат цигарите

Post Views: 6 Кутија цигари во јули годинава ќе поскапи за 4 денари, како резултат на зголемените акцизи. Акцизната давачка за цигарите ќе се зголемува секоја година, па до 2023 се очекува цигарите да бидат речиси двојно поскапи отколку сега, пишува „Дневник“. „Ако се земе предвид дека во едно пакување има 19 или 20 цигари тоа значи дека секоја година во просек по 4 денари ќе се зголемува цената на кутија цигари или до 2023 година ќе има поскапување од 40 денари за кутија. Математиката покажува дека цигарите што денес се продаваат за 50 денари, последната година од поскапувањето ќе...

Continue reading

rozi

Македонија, земја на розите

Post Views: 0 Македонија ќе стане земја на розите. Минатогодишната кампања “Скопје градот на белата роза” се проширува на целата територија на државата. Под мотото “Македонија земја на цвеќето, земја на розите” на 21 март во сите региони треба да бидат засадени над 100 000 рози. Освен за визуелниот ефект кој ќе се постине, изборот на розата се темели и врз основа на студија која го потврдува нејзиното значење во заштитата на животна средина. “Ова е една кампања со која ги повикуваме сите граѓани поединечно да се вклучат во своите дворови, на терасите,...

Continue reading

vojnici

Македонските војници на нова мисија во Авганистан

Post Views: 9 Во мисијата во Авганистан што почнува во јули треба да заминат 150 војници, а во Босна АРМ учествува со 11 припадници и медицинска екипа како и двајца офицери кои ќе бидат распоредени во Бутмир. Комисијата за одбрана и безбедност ги усвои предлог одлуките за испраќање припадници на АРМ во мировната операција на ЕУ во Босна и Херцеговина ЕУФОР-АЛТЕА и за учество во мировната операција во Авганистан, во состав на меѓународните сили за безбедносна поддршка на Авганистан-ИСАФ. Преку комуникацијата што ја имаме и со амбасадата во Сараево и со соодветните институции на Босна...

Continue reading

Izgubeni germanci

„Изгубени германци“ во Њујорк

Post Views: 9 Драмските дела „Изгубени Германци“ и „ММЕ кој прв почна“ на македонскиот писател Дејан Дуковски првпат ќе бидат изведени во Њујорк, во престижниот Продусерс клуб (Producers’ Club), на Бродвеј. „Изгубени Германци“ и „ММЕ кој прв почна“ на македонскиот писател Дејан Дуковски првпат ќе бидат изведени во Њујорк, во престижниот Продусерс клуб (Producers’ Club), на Бродвеј. Изведбите на „Изгубени Германци“, во режија на Петар Варбанов, почнуваат од 21 март, а на „ММЕ кој прв почна”, во режија на Теодор Петелов, од 28 март. Претставите ќе се одржуваат секој ден....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top