Стечајци од поранешно Емо бараат да бидат опфатени со новиот Закон

Стечајци од поранешно  Емо бараат да бидат опфатени со новиот Закон за обештетување на стечајците. Спорно е тоа што тие  заминале во стечај во април оваа година, а со новиот закон се опфатени стечајците до декември 2016. Се надеваат дека пратениците ќе имаат слух за  барањето на стечајците од АД ЕМО.

 |  Валентина Неловска  | 

50- тина стечајци од два ДОЕЛИ од поранешно „АД ЕМО “, фирма со државен капитал, бараат да бидат опфатени со новиот закон за обештеување на стечајците. Тие со отвoрање на стечајнатa постапка во април ова година имаат поднесено побарувања за неисплатени плати и придонеси и нивната постапка е во тек. Но апелираат да бидат опфатени и во новиот закон за обештетување на стечајци, вели Миле Крстаноски поранешниот претседател на синдикатот на капитално поврзаните друштва во АД Емо.

„ Планирано е со дополнителна фаза да ги опфати и другите и апелираме до владеачкото мнозинство во парламентот да најде можност овој закон со дополненијата да ги опфати и овие 50 -тина души во овие два ДОЕЛИ. Со еден удар да го решат целиот проблем со овие стечајци“, вели Крстаноски од името на стечајците од двата доели.

Новата Влада изготви закон за обештетување на стечајците кој го опфаќа пеиодот од 1 јануари 1995 година до декември 2016 година. Крстаноски верува дека ако се покаже добра волја покрај 3000 стечајци од овој период нема да има проблем да се интервенира со измени за дополнително да бидат згрижени уште 30 до 50 стечајци од доелите на АД ЕМО.

„ Законот важи до 31 декември 2016 година па нешто да сторат пратенциите да направат надополнувње на тој закон и да се помести датумот да биде до мај 2017 за стечајците да добијат надоместок од владата од 7.596 денари“, вели Крстаноски.

Стопанскиот гигант ЕМО замина во историјата на 31 декмври 2016 година со стечајната постапка ,а работниците се згрижени во центарот за вработување со одреден надоместок во зависност од основите за пензионирање. Проблематични останаа три ДОЕЛИ од кои два заминаа во стечај во април 2017 ,а за третиот се отвори и затвори стечајната постапка, вели Миле Крстаноски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top