Ознака: Struga

Drim

Од лошо има и полошо

Post Views: 3 Стружани релаксирани за состојбите со водостојот на Охридското Езеро. Дел од повозрасните  кои се сеќаваат на времето на поплавите во Струга во 1963год. велат дека нема место за паника. Охридско – стушкиот регион скениран од локалните и државните тимови за заштита и спасување. Вчера попладне детално се разгледувала состојбата со водостојот на Охридското Езеро. Присуството на терен, на дел од министрите на Владата на Р. Македонија, допринело да се превземат најнеопходните мерки за намалување на водата во Охридското езеро. Таа деновиве според последните податоци...

Continue reading

Poraka-Struga

Први на Балканот

Post Views: 1 Искуствата и праксата од Шпанија пренесени во Струга. „Дозволете да развиваме нови вештини“ е новиот проект на „Порака нова“ , струшкиот центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост. Анита Гаговска, координаторот на овој проект вели дека посебно е задоволна што едно високо светско искуство за прв пат се применува во Македонија. Станува збор за примена на електронска база на податоци за лица со интелектуална попреченост. Во проектот предвиден е рекреативен центар кој во целост е преточен од шпанските искуства додава Гаговска.„Во...

Continue reading

poplava

На доктор со гумени чизми или чамец

Post Views: 8 Локални езера среде Струга. Поради неможноста пацинтите да доаѓаат во ординацијата приморани сме да ги посетуваме дома, велат од Приватната здравствена установа Хаџер, Струга. Два месеци езеро пред ординацијата на д-р. Хаџер Алиет. Пациентите кај својот матичен лекар можат да дојдат само со чизми. „Проблемов се пролонгира од пред Нова година. Реагиравме до сите надлежни институции но нашите забелешки не ги сватија сериозно“, вели д-р Хаџер Алиет од ПЗУ „Хаџер“ Струга. „За моите пацинти јас се направив услужен ценатар или одам дома за да ги прегледам или им носам рецепти....

Continue reading

ucilishte NIko Nestor

Мерко не дава локација

Post Views: 8 Ветената нова училишна зграда во Струга ќе почека. Тоа беше еден од условите за да се смират тензиите во струшките средношколски центри „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“. Без ново училиште немирите во Струга тропаат на голема врата. Префрлување на вината од еден на друг, стана добра пракса на одговорните да се оправдаат пред оние кои им ја дале довербата, граѓаните. Министерот за образование Никола Тодоров вчера од Охрид изјави дека направиле неколку обиди да добијат одобрение за градба, но од општина Струга сеуште немале добиено решение. Тодоровски и покрај бројните укажувања...

Continue reading

parking

Работа на црно

Post Views: 1 Кој заработува од паркинзите во Струга и кој стопанисува со нив? Обичен парагон блок на кој е напишана сума од 50 денари ќе добиете на еден од паркинзите во Струга, кој се наоѓа наспроти општината. Во чиј џеб се слеваат средствата останува енигма. Овде очигледно затајува спроведувањето на законот за регистрација и фискализација на субјект кој врши дејност. Раководителот на пазарниот инспекторат од Струга, Надица Николовска рече дека излегле на терен, и направиле увид на состојбата. Од таму кажаа кои се законските права на корисникот на услугата доколку од него се побара...

Continue reading

liniski prevoz

Минибуси – спас за линискиот превоз

Post Views: 0 Дефиниран линискиот превоз во Струга. Минибус 16+1 конечна варијанта. Не е лесен патот за добивање на лиценци. Согласно новите измени на законот за превоз во патниот сообраќај, за да се добие потребната лиценца за вршење превоз на патници, потенцијалните превозници мора да имаат минибус, вели секретарот на општина Струга, Зоран Гулицоски. Тој потенцираше дека Советот на општината, во рамките на истиот закон, има право да донесува одлука за ридско планинските подрачја, каде покрај возило 16+1 седиште, превоз ќе може да се врши и со комбе со 8+1 седиште.„Дозвола за вршење...

Continue reading

plaza

Женската плажа машки се избори

Post Views: 5 На неодамна извршената лицитација во Министерството за транспорт и врски, познатата женската плажа во Струга постигна досега највисока цена на Охридското крајбрежје.130 евра по метар квадратен  понуди  еден од 6-мината учесници на отворената тендрска постапка. Кој чека ќе дочека. Почна процедурата за давање под концесија на плажите. Женска плажа го скрши мразот во Струга и успеа да го собори рекордот во цена од 130 евра по метар квадратен површина. Оваа сума за концесионирање на плажи досега е највисоко понудена на охридската ривиера. Првично беа опфатени дел од плажите...

Continue reading

Crn Drim

Струга живее во страв од поплава

Post Views: 20 Иако овој проблем сериозно се надвиснува не само во Струга туку и пошироко, надлежните седат со скрстени раце и досега не мрднале ниту со малиот прст, сметаат еколозите од Струга. Покачениот водостој на Охридското езеро освен што е критичен и за 11 см ја надмина законски пропишаната кота со Р. Албанија, дополнително ја влоши состојбата и со реките и речните сливови во Охридско –струшкиот регион. Мате Гогоски, екологист од Струга, вели дека не памети ваква рамнодушност на надлежните пред една сериозна состојба, која во најмала рака може да нанесе катастрофални и несогледливи...

Continue reading

spisanie

„Шо напрајфме“

Post Views: 2 После само една година од отварањето на пратеничката канцeларија на Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ, промовиран  нов магазин, „Шо напрајфме“. Станува збор за издание во кое  критиките нама да се дел од практиката на пишување на тимот кој стои зад него, вели уредникот на „Шо напрајфме“ Кристина Тодороска Петреска. Таа додава дека сакале отворено да проговорат за актуелните состојби во Струга, најпрво преку идеја за ѕиден весник која прераснала во нешто поголемо, магазинот „Шо напрајфме“.Првиот тираж на весникот е 500 примероци. Тој е бесплатен и планирено е да излегува...

Continue reading

Стружани ќе добијат капела

Post Views: 1 Гробиштата и на православните и на муслиманите планирено е да бидат на едно место. Обраснати во трева, неуредени парцели, расфрлан смет, кучиња скитници е само дел од лошата слика со која се сретнуваат секојдневните посетители на гробните места. Досега на струшките гробишта не беа решени имотно правните односи. Тоа се смета како основна причина на незавидната состојба во која години наназад се наоѓаат гробиштата во Струга. Сосем свесен за состојбите, првиот човек на комуналното претпријатие Петко Кутаноски, вели дека работите полека но сигурно се средуваат, надминати...

Continue reading

metadon

Покрив над глава за 25 наркозависници

Post Views: 5 Сите клучни институции, Центарот за социјални грижи, Општа болница Струга и градоначалникот се истомисленици дека што поскоро треба да се делува до ресорното министерство, за да се реализира една ваква општокорисна цел. Дневен центар за зависници е повеќе од потребен во Струга. Проблемот со наркозависниците со години наназад се провлекува, но во последно  време е со поголем интензитет. Имено во Струга на оваа категорија луѓе оневозможена им е секундарната заштита. Тоа значи дека нема прифатилиште или центар во градот за нивен третман со метадонска терапија.Директорот...

Continue reading

masa

„Вешта жена“ по деветнаесети пат во Струга

Post Views: 7 Традиционално во овој период од годината во Струга се одржува манифестацијата „Вешта жена“. Оваа сабота по деветнаесети пат, 4 жени ќе ја покажат својата вештина во кулинарство и слаткарство пред присутните гости на натпрварот. Претседателката на организацијата на жени, Наде Циркоска како тригодишен носител на првото место „Вешта жена“ за Струга, годинава според правилата ќе седи во жири комисијата.Таа изјави дека оваа манифестација пред се е сватена како вечер за дружба која ретко се доживува секојдневно, а натпреварот е дел од целокупното дружење.„Вкупните поени од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top