Покрив над глава за 25 наркозависници

Струга има потреба од сопствен центар за нарко зависници. Иницијатива за отварање веќе е покрената.

 |  Билјана Николовска  | 
metadon
метадон

metadon terapijaСите клучни институции, Центарот за социјални грижи, Општа болница Струга и градоначалникот се истомисленици дека што поскоро треба да се делува до ресорното министерство, за да се реализира една ваква општокорисна цел.
Дневен центар за зависници е повеќе од потребен во Струга. Проблемот со наркозависниците со години наназад се провлекува, но во последно  време е со поголем интензитет. Имено во Струга на оваа категорија луѓе оневозможена им е секундарната заштита. Тоа значи дека нема прифатилиште или центар во градот за нивен третман со метадонска терапија.
Директорот на Социјални грижи од Струга, Мугни Далипи, вели дека се соочуваат со сериозен проблем кој станува комплексен поради немање таква установа во градот.
И првиот човек на Општа болница во Струга, Ментор Ибраими, сериозно е загрижен за состојбата со наркозависниците.
Тој вели „Mора да се најде кров над глава за оваа категорија на луѓе со цел третманот да биде поедноставен и за пациентите и за стручниот тим кој треба да работи со нив“.
Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко рече дека е запознаен со оваа состојба и се бара место или постоечки објект да се пренамени во дневен центар. Таа иницијатива позитивно е прифатена од министерството за здравство и само е прашање на  време кога ќе се реши и овој проблем, додаде тој.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top